Песна 199
„Се менува сцената на овој свет“
1. На сето творештво сега
му прават луѓето штета,
но секој праведник чека
за Бог да излечи сѐ.
(Рефрен)
2. Противникот нас нѐ демне
и сака сѐ да ни земе.
Но радоста нас нѐ грее
— победата наша е.
(Рефрен)
3. А злите луѓе се стремат
да можат нас да нѐ спречат;
ја следиме цврсто Речта
со чисти срца да сме.
(Рефрен)
4. Го чека овој свет пропаст;
крај има на сета напаст,
а веста добра е в пораст,
Бог помошник нам ни е.
(РЕФРЕН)
Знај, се менува светската сцена,
сепак, Бог нас ќе нѐ чува,
во тоа сигурни сме.