ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 8
  • Бегство од тиранинот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бегство од тиранинот
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Избегале од еден суров владетел
    Исус — патот, вистината и животот
  • Јехова го заштитил Исус
    Поуки од Библијата
  • Тој бил закрила, поткрепа и духовен столб
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • Добар татко и верен Божји слуга
    Угледајте се на нивната вера
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 8

Поглавје 8

Бегство од тиранинот

ЈОСИФ ја буди Марија да ѝ соопшти итна вест. Штотуку му се појавил Јеховиниот ангел, и му рекол: „Стани, земи го детенцето и мајка му и бегај во Египет, и остани таму додека не ти се јавам; зашто Ирод се готви да го бара детенцето за да го уништи“.

Набрзина, тројцата побегнуваат. И токму во вистинско време, зашто Ирод дознава дека астролозите го измамиле и дека ја напуштиле земјата. Присети се, тие требаше да го известат откако ќе го најдеа Исус. Ирод е бесен. Во обидот да го убие Исус, наредува да се убијат сите машки деца од две години надолу во Витлеем и неговата околина. Тој ја пресметува возраста врз основа на информациите што претходно ги добил од астролозите кои дошле од Исток.

Убивањето на сите машки деца е страшна глетка! Иродовите војници влегуваат во секоја куќа и кога ќе најдат машко дете го грабнуваат од мајчината прегратка. Не ни е познато колку деца биле убиени, но плачењето и лелекот на мајките исполнуваат едно пророштво дадено во Библијата преку Божјиот пророк Еремија.

Во меѓувреме, Јосиф и неговото семејство безбедно пристигнуваат во Египет и сега живеат таму. Но, една ноќ, на Јосиф повторно на сон му се јавува Јеховиниот ангел: „Стани, земи го малото дете и мајка му“, вели ангелот, „и појди во земјата Израел, зашто мртви се оние кои ја бараа душата на малото дете“. Така семејството повторно се враќа во својата татковина, со што се исполнува едно друго библиско пророштво кое вели дека Божјиот Син ќе биде повикан од Египет.

Очигледно Јосиф има намера да се насели во Јудеја, во градот Витлеем, каде што живееле пред да побегнат во Египет. Но, дознава дека во Јудеја царува Архелај, лошиот Иродов син, и во еден друг сон Јехова го предупредува на опасноста. Затоа Јосиф тргнува со своето семејство на север и се населува во градот Назарет во Галилеја. Исус расте во оваа средина, далеку од средиштето на религиозниот живот на Евреите. Матеј 2:13—23; Еремија 31:15; Осија 11:1.

▪ Каква страшна работа прави царот Ирод кога астролозите не се враќаат назад и како Исус е заштитен?

▪ Зошто при враќањето од Египет Јосиф не останува во Витлеем?

▪ Кои библиски пророштва се исполнуваат во тој временски период?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели