Поглавје 13
Да се учи од Исусовите искушенија
ВЕДНАШ по крштавањето, Божјиот дух го води Исус во Јудејската пустина. Тој има да размислува за многу нешта бидејќи при неговото крштавање ‚се отвориле небесата‘ за да може да ги сфати небесните работи. Навистина, има многу работи за кои треба да медитира!
Исус е во пустината 40 дена и 40 ноќи, и за тоа време не јаде ништо. На крајот, кога чувствува голема глад, Ѓаволот го искушува со зборовите: „Ако си син Божји, кажи им на овие камења да станат лебови“. Но Исус знае дека е неисправно својата чудотворна сила да ја користи за задоволување на личните желби. Затоа, одбива да биде искушан.
Сепак, Ѓаволот не се откажува. Се обидува со друг пристап. Сега го предизвикува Исус да се фрли од ѕидот на храмот за да го спасат Божјите ангели. Но, Исус не паѓа на искушението да биде наведен на таква спектакуларна претстава. Тој цитира од Писмото покажувајќи дека е погрешно на таков начин да се искушува Бог.
При третото искушение, Ѓаволот на некаков чудесен начин му ги покажува на Исус сите царства на светот и му вели: „Сето ова ќе ти го дадам ако паднеш и ми извршиш чин на обожавање“. Исус повторно одбива да биде искушан да постапи неисправно, решен да му остане верен на Бог.
Ние можеме да научиме нешто од Исусовите искушенија. На пример, тие покажуваат дека Ѓаволот не е само особина на злото, како што некои тврдат, туку дека е вистинска невидлива личност. Искушението на Исус исто така покажува дека сите влади на светот му припаѓаат на Ѓаволот. Инаку, ако не би биле негови, како можела неговата понуда да биде вистинско искушение за Христос?
Размисли за следново: Ѓаволот рекол дека е спремен да го награди Исус за еден чин на обожавање, дури да му ги даде и сите царства на светот. Ѓаволот може на сличен начин и нас да нѐ искушува, можеби давајќи ни примамливи понуди за стекнување световно богатство, моќ или извесна положба. Колку е мудро тогаш да го следиме Исусовиот пример и да му останеме верни на Бог без разлика на искушението! Матеј 3:16; 4:1—11; Марко 1:12, 13; Лука 4:1—13.
▪ За што очигледно медитира Исус во текот на 40-те дена во пустината?
▪ Како Ѓаволот се обидува да го искуша Исус?
▪ Што можеме да научиме од Исусовите искушенија?