ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 14
  • Првите ученици на Исус

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Првите ученици на Исус
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Исус почнал да собира ученици
    Исус — патот, вистината и животот
  • Оние што станале ученици на Исус
    Учи од Големиот Учител
  • Јован го крштава Исус
    Мојата книга со библиски приказни
  • Исус избрал дванаесет апостоли
    Исус — патот, вистината и животот
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 14

Поглавје 14

Првите ученици на Исус

ОТКАКО минува 40 дена во пустината, Исус се враќа кај Јован кој го крстил. Додека наближува, Јован изгледа дека покажува на него и им извикува на присутните: „Еве го Божјето Јагне, кое го отстранува гревот на светот! Ова е тој за кого реков: По мене доаѓа човек кој стигна пред мене, бидејќи постоеше пред мене“. Иако Јован е постар од својот братучед Исус, тој знае дека Исус постоел пред него на небото како духовна личност.

Сепак, кога Исус неколку недели пред тоа дошол кај Јован за да биде крстен, Јован изгледа не знаел со сигурност дека Исус треба да биде Месијата. „Ни јас не го знаев“, признава Јован, „но дојдов да крштавам во вода за да му се покаже тој на Израел.“

Јован продолжува понатаму да им објаснува на своите слушатели што се случило кога го крстил Исус: „Го видов духот како слегува од небото како гулаб, и остана на него. И јас не го знаев, но Оној кој ме испрати да крштавам во вода, ми рече: ‚На кого ќе видиш дека слегува духот и останува на него, тој е кој крштава во свет дух‘. И го видов тоа, и посведочив дека тој е Божјиот Син“.

Утредента, Јован стои со двајца свои ученици. Повторно, додека Исус се приближува, тој вели: „Еве го Божјето Јагне!“ Тогаш овие двајца ученици на Јован Крстител тргнуваат да го следат Исус. Едниот е Андреј, а другиот Јован, истиот оној кој ги запишал овие работи. Овој Јован, според некои укажувања, исто така е братучед на Исус, изгледа син на Салома, сестрата на Марија.

Свртувајќи се и гледајќи дека Андреј и Јован го следат, Исус ги прашува: „Што барате?“

„Раби“, го прашуваат, „каде престојуваш?“

„Дојдете и ќе видите“, одговара Исус.

Сега е околу четири часот попладне и во остатокот од денот Андреј и Јован остануваат со Исус. Андреј е толку возбуден после тоа што веднаш го бара својот брат, кој се вика Петар. „Го најдовме Месијата“, му вели, и го води Петар кај Исус. Можеби во исто време и Јован го наоѓа својот брат Јаков, и го води кај Исус. Меѓутоа, како што е карактеристично за него, Јован ја изостава оваа лична информација од своето евангелие.

Следниот ден Исус го наоѓа Филип кој е од Витсаида, од истиот град од каде што потекнуваат Андреј и Петар. Тој го повикува: „Биди мој следбеник“.

Филип потоа го наоѓа Натанаил, наречен и Вартоломеј, и му вели: „Го најдовме оној за кого пишуваше Мојсеј во Законот, а и Пророците, Исус, синот на Јосиф, од Назарет“. Натанаил се сомнева. „Може ли нешто добро да излезе од Назарет?“ прашува тој.

„Дојди и види“, го поттикнува Филип. Кога доаѓаат кон Исус, Исус за Натанаил вели: „Еве, вистински Израелец, во кого нема измама“.

„Од каде ме познаваш?“ прашува Натанаил.

„Те видов пред да те повика Филип, додека беше под смоквата “, одговара Исус.

Натанаил се чуди. „Раби! [што значи Учител] ти си Синот Божји, ти си Цар на Израел“, вели тој.

„Зарем веруваш затоа што ти реков дека те видов под смоквата?“ прашува Исус. „Ќе видиш и поголеми нешта од овие.“ Тогаш ветува: „Вистина, вистина ви велам: Ќе го видите небото отворено и Божјите ангели како се качуваат и слегуваат кај Синот човечки“.

Кратко потоа, со своите нови ученици, Исус ја напушта Јорданската долина и патува кон Галилеја. Јован 1:29—51.

▪ Кои се првите ученици на Исус?

▪ Како Петар, а можеби и Јаков, му се претставени на Исус?

▪ Што го уверува Натанаил дека Исус е Божји Син?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели