ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 22
  • Повикани се четворица ученици

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Повикани се четворица ученици
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Првите четворица ученици
    Исус — патот, вистината и животот
  • Да се служи како рибари на луѓе
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
  • Тој се борел со страв и со сомнежи
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Се борел со стравови и сомнежи
    Угледајте се на нивната вера
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 22

Поглавје 22

Повикани се четворица ученици

ПО ОБИДОТ за убиство врз Исус во неговиот град Назарет, тој се сели во градот Капернаум, близу Галилејското Море. Со ова се исполнува едно друго пророштво од Исаија. Тоа е она кое вели дека луѓето од Галилеја кои живеат покрај морето ќе видат голема светлина.

Овде, додека Исус ја извршува својата светлоносна задача на проповедање на Царството, тој наоѓа четири од своите ученици. Тие патувале со него порано, но се вратиле на својот рибарски занает кога си дошле со Исус од Јудеја. Веројатно, Исус сега ги бара бидејќи е време да има сигурни, постојани помошници кои ќе може да ги обучи да ја извршуваат службата откако тој ќе замине.

Затоа, кога одејќи по должината на брегот здогледува како Симон Петар и неговите другари ги перат своите мрежи, тој оди кај нив. Се качува во Петровиот чамец и го замолува да се оддалечи од брегот. Кога малку се оддалечуваат, Исус седнува во чамецот и почнува да го поучува мноштвото на брегот.

Подоцна, Исус му вели на Петар: „Отплови таму каде што е длабоко, па спуштете ги своите мрежи за лов“.

„Учителе“, му одговара Петар, „цела ноќ се мачевме и ништо не уловивме, но на твое барање ќе ги спуштам мрежите.“

Кога ги спуштаат мрежите, се фаќаат толку многу риби што мрежите почнуваат да се кинат. Мажите брзо им даваат знак на своите другари, кои се во еден чамец во близината, да дојдат и да помогнат. Наскоро обата чамца се полни со толку многу риби што почнуваат да тонат. Гледајќи го ова, Петар паѓа пред Исус и вели: „Господи, оди си од мене, бидејќи сум грешен човек“.

„Немој да се плашиш“, одговара Исус. „Отсега ќе ловиш живи луѓе.“

Исус го повикува и Петровиот брат Андреј. „Елате по мене“, тој ги поттикнува, „и јас ќе ве направам рибари на луѓе.“ И на нивните партнери во рибарењето, Јаков и Јован, синовите на Зеведеј, им е упатен истиот повик и тие исто така без двоумење се одѕвиваат. Така, овие четворица го напуштаат својот рибарски занает и стануваат првите четворица од Исусовите сигурни, постојани следбеници. Лука 5:1—11; Матеј 4:13—22; Марко 1:16—20; Исаија 9:1, 2.

▪ Зошто Исус ги повикува своите ученици да го следат, и кои се тие?

▪ Кое чудо го преплашува Петар?

▪ На каков лов ги повикува Исус своите ученици?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели