ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 24
  • Зошто Исус дошол на Земјата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто Исус дошол на Земјата
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Исус проповедал низ Галилеја
    Исус — патот, вистината и животот
  • Ревност за обожавањето на Јехова
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Месијата исполнил пророштво
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2016)
  • Исус проповедал за Божјето Царство
    Поуки од Библијата
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 24

Поглавје 24

Зошто Исус дошол на Земјата

ДЕНОТ што Исус го поминал во Капернаум со своите четворица ученици бил исполнет ден, а завршил со тоа што луѓето од Капернаум ги носат своите болни кај него за да бидат излекувани во текот на вечерта. Воопшто немало време за приватност.

Сега е рано утро следниот ден. Додека е уште темница, Исус станува и излегува надвор сам. Оди на осамено место каде што може насамо да му се моли на својот Татко. Но, Исус е сам многу кратко време, бидејќи кога Петар и другите гледаат дека го нема, тргнуваат да го бараат.

Кога го наоѓаат, Петар му вели: „Сите те бараат“. Луѓето од Капернаум сакаат Исус да остане со нив. Тие навистина го ценат она што тој го сторил за нив! Но, дали Исус дошол на Земјата првенствено за да врши такви чудотворни оздравувања? Што вели тој за тоа?

Според еден библиски извештај, Исус им одговара на своите ученици: „Да појдеме на друго место, во блиските селски места за да проповедам и таму, оти за таа цел излегов“. Иако народот го поттикнува Исус да остане, тој им вели: „И на другите градови морам да им ја објавувам добрата вест за Божјето Царство, бидејќи за тоа сум испратен“.

Да, Исус дојде на Земјата токму за да проповеда за Божјето Царство, кое ќе го посвети името на неговиот Татко и трајно ќе ги реши сите човекови неволји. Меѓутоа, Исус извршува чудотворни лекувања за да даде доказ дека е испратен од Бог. На ист начин Мојсеј, со векови пред тоа, извршил чуда за да ја утврди својата веродостојност како Божји слуга.

Кога Исус го напушта Капернаум за да проповеда во другите градови, неговите четворица ученици одат со него. Тие четворица се Петар со неговиот брат Андреј, и Јован со неговиот брат Јаков. Се сеќаваш дека неделата пред тоа, Исус ги поканил да бидат негови први патувачки соработници.

Исусовото проповедничко патување по Галилеја со неговите четворица ученици доживува извонреден успех! Всушност, извештајот за неговата активност се шири дури и низ цела Сирија. Големо мноштво од Галилеја, Јудеја и од другата страна на реката Јордан ги следи Исус и неговите ученици. Марко 1:35—39; Лука 4:42, 43; Матеј 4:23—25; Излез 4:1—9, 30, 31.

▪ Што се случило утрото после Исусовиот исполнет ден во Капернаум?

▪ Зошто Исус е испратен на Земјата, и за каква цел служат неговите чуда?

▪ Кој го придружува Исус на неговото проповедничко патување низ Галилеја, и каков е одѕивот на Исусовата активност?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели