ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 25
  • Сочувство кон еден лепрозен

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Сочувство кон еден лепрозен
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Сочувствително излекувал лепрозен човек
    Исус — патот, вистината и животот
  • „Да ја спознаете Христовата љубов“
    Приближи му се на Јехова
  • Дали не забораваш да кажеш „благодарам“?
    Учи од Големиот Учител
  • Тој ги сакал луѓето
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 25

Поглавје 25

Сочувство кон еден лепрозен

ДОДЕКА Исус и неговите четворица ученици ги посетуваат градовите низ Галилеја, веста за чудесните работи што тој ги прави се проширува по целата област. Глас за неговите дела стигнува и до еден град во кој што се наоѓа човек болен од лепра. Лекарот Лука го опишува како „полн со лепра“. Во својот напреден стадиум, оваа ужасна болест полека изобличува различни делови од телото. Поради тоа, овој лепрозен човек е во многу жалосна состојба.

Кога Исус пристигнува во градот, лепрозниот му пристапува. Според Божјиот закон, еден лепрозен мора да извикува како предупредување „Нечист! Нечист!“ за да ги заштити другите да не дојдат премногу блиску и со тоа да ризикуваат да бидат заразени. Лепрозниот сега паѓа со лицето кон земјата и го преколнува Исус: „Господи, ако само сакаш, можеш да ме исчистиш“.

Колкава вера има човекот во Исус! Сепак, колку оваа болест прави да изгледа бедно тој човек! Што ќе стори Исус? Што би сторил ти? Трогнат од сочувство, Исус ја испружува раката и го допира човекот, велејќи: „Сакам. Биди чист“. И лепрата веднаш исчезнува од него.

Дали ти би сакал некој толку сочувствителен да биде твој цар? Начинот на кој Исус се однесува кон овој лепрозен ни влева доверба дека за време на неговата влада на Царството ќе се исполни библиското пророштво: „Ќе им се смилува на немоќниот и бедниот, и ќе му го спаси животот на страдалецот“. Да, Исус тогаш ќе ја исполни желбата на своето срце да им помогне на сите што се измачуваат.

Дури и пред да го излекува лепрозниот, Исусовата служба предизвикува голема возбуденост меѓу луѓето. Во исполнување на пророштвото на Исаија, Исус сега му заповеда на излекуваниот: „Гледај никому ништо да не зборуваш“. Потоа му дава упатство: „Оди покажи му се на свештеникот и принеси го за своето исчистување она што го пропиша Мојсеј, ним за сведоштво“.

Но, човекот е толку среќен што не може да го задржи чудото за себе. Оди и ја шири веста насекаде, очигледно предизвикувајќи толкав интерес и љубопитност меѓу луѓето што Исус не може јавно да влезе во некој град. Поради тоа, Исус останува во осамени места каде што никој не живее, а луѓе од секаде доаѓаат да го слушаат и да бидат излекувани од нивните болести. Лука 5:12—16; Марко 1:40—45; Матеј 8:2—4; Левит 13:45; 14:10—13; Псалм 72:13; Исаија 42:1, 2.

▪ Какви последици има лепрата и какво предупредување морал да дава лепрозниот?

▪ Како лепрозниот му се обраќа на Исус и што можеме да научиме од Исусовиот одговор?

▪ Како излекуваниот човек пропуштил да го послуша Исус, и со какви последици?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели