ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 27
  • Повикувањето на Матеј

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Повикувањето на Матеј
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Матеј станал ученик на Исус
    Исус — патот, вистината и животот
  • Важна поука за понизноста
    Исус — патот, вистината и животот
  • „Учете од мене“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Даноци — цена што се плаќа за едно „цивилизирано општество“?
    Разбудете се! 2004
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 27

Поглавје 27

Повикувањето на Матеј

КРАТКО откако го излекувал парализираниот, Исус тргнува од Капернаум кон Галилејско Море. Повторно кај него доаѓа мноштво луѓе и тој почнува да ги поучува. Додека продолжува понатаму, го здогледува Матеј, наречен уште Леви, како седи кај даночната канцеларија. „Биди мој следбеник“, го повикува Исус.

Веројатно Матеј е веќе запознаен со Исусовите учења, исто како што беа запознаени и Петар, Андреј, Јаков и Јован кога беа повикани. И исто како и тие, Матеј веднаш одговара на повикот. Станува, ги напушта своите одговорности на даночник и го следи Исус.

Подоцна, можеби за да го прослави прифаќањето на овој повик, Матеј приредува голема свечена гозба во својата куќа. Покрај Исус и неговите ученици, присутни се и поранешните пријатели на Матеј. Другите Евреи обично ги презираат овие луѓе, затоа што собираат данок за омразената римска власт. Освен тоа, тие честопати нечесно изнудуваат повеќе пари од луѓето отколку само редовниот данок.

Набљудувајќи го Исус на гозбата со такви лица, фарисеите ги прашуваат неговите ученици: „Зошто вашиот учител јаде со даночници и со грешници?“ Наслушнувајќи го прашањето, Исус им одговара на фарисеите: „На здравите не им треба лекар, туку на болните. Затоа, одете и научете што значи ова: ‚Милосрдност сакам, а не жртва‘. Зашто не дојдов да ги повикам праведниците, туку грешниците“.

Изгледа дека Матеј ги повикал овие даночници во неговата куќа за да можат да го слушаат Исус и да бидат духовно излекувани. Исус се дружи со нив за да им помогне да постигнат добар однос со Бог. Исус не ги презира таквите, како што тоа го прават фарисеите кои себеси се сметаат за праведни. Напротив, трогнат од сожалување, тој всушност им е како духовен лекар.

Значи, Исусовото покажување милост кон грешниците не е преминување преку нивните гревови, туку е израз на истите нежни чувства што ги покажал кон телесно болните. Присети се, на пример, кога тој сочувствително ја испружил раката и го допрел лепрозниот, велејќи: „Сакам. Исчисти се“. Нека и ние на сличен начин покажуваме милост така што ќе им помагаме на оние на коишто им е потребна помош, особено во духовен поглед. Матеј 8:3; 9:9—13; Марко 2:13—17; Лука 5:27—32.

▪ Каде се наоѓа Матеј кога Исус го здогледува?

▪ Што работи Матеј и зошто другите Евреи ги презираат таквите лица?

▪ Каков приговор добива Исус и како тој одговара?

▪ Зошто Исус се дружи со грешници?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели