ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 31
  • Кинење класје на Сабат

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кинење класје на Сабат
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Учениците кинеле класје во сабота
    Исус — патот, вистината и животот
  • Што било дозволено да се прави во сабота
    Исус — патот, вистината и животот
  • Дали треба христијаните да го држат денот на одмор?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1993
  • Треба ли да ја држиш саботата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 31

Поглавје 31

Кинење класје на Сабат

НАСКОРО Исус и неговите ученици го напуштаат Ерусалим и се враќаат во Галилеја. Пролет е, и по полињата житото е искласано. Учениците се гладни. Затоа кинат од класјето и јадат. Но, со оглед на тоа што е Сабат, нивните постапки не остануваат незабележани.

Верските водачи во Ерусалим штотуку бараа да го убијат Исус заради наводното кршење на Сабатот. Сега фарисеите изнесуваат обвинение. „Гледај! Твоите ученици го прават она што не е дозволено да се прави на сабат“, обвинуваат тие.

Фарисеите тврдат дека тоа што кинат класје и го тријат во рацете за да јадат е жнеење и вршење. Но, нивното строго толкување на тоа што е работа го направило Сабатот тежок, иако всушност тоа требало да биде време на радост и духовно изградување. За да покаже дека намерата на Јехова Бог никогаш не била да има една таква претерано строга примена на Неговиот закон за Сабатот, Исус им возвраќа со примери од Писмото.

Тој вели дека кога Давид и неговите луѓе биле гладни, запреле пред шаторот и јаделе од лебовите на претставување. Тие лебови веќе биле отстранети од пред Јехова и биле заменети со свежи, и обично биле резервирани за свештениците. Меѓутоа, под тие околности, Давид и неговите луѓе не биле осудени затоа што ги изеле.

Давајќи друг пример, Исус вели: „Или, зарем не сте читале во Законот дека на сабатите свештениците во храмот не го третираат сабатот како свет и остануваат без вина?“ Да, дури и на Сабат свештениците ги колат животните и се грижат за другата работа во храмот при подготвувањето на животинските жртви! „Но јас ви велам“, кажува Исус, „дека овде е нешто поголемо од храмот.“

Опоменувајќи ги фарисеите, Исус продолжува: „Да сте разбрале што значи ова: ‚Милосрдност сакам, а не жртва‘, немаше да ги осудите оние кои се без вина“. Потоа заклучува: „Зашто Синот човечки е Господар на сабатот“. Што мислел Исус со ова? Тој укажувал на својата мирољубива илјадагодишна царска влада.

Веќе 6.000 години човештвото страда под тешкото ропство на Сатана Ѓаволот, при што насилствата и војните се постојано на дневен ред. Од друга страна, пак, Христовата влада на големиот Сабат ќе биде време на одмор од сите такви страдања и угнетувања. Матеј 12:1—8; Левит 24:5—9; 1. Самоил 21:1—6; Броеви 28:9; Осија 6:6.

▪ Какво обвинение е изнесено против Исусовите ученици и како Исус одговара на него?

▪ Кои пропусти на фарисеите ги наведува Исус?

▪ Во која смисла Исус е „Господар на сабатот“?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели