ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 42
  • Исус ги укорува фарисеите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Исус ги укорува фарисеите
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Исус ги прекорил фарисеите
    Исус — патот, вистината и животот
  • Јона учи за Јеховиното милосрдие
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Тој учел од своите грешки
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Учел од своите грешки
    Угледајте се на нивната вера
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 42

Поглавје 42

Исус ги укорува фарисеите

АКО ги истерува демоните со моќта на Сатана, образложува Исус, тогаш Сатана е поделен самиот против себе. „Или направете го дрвото добро и неговите плодови добри“, продолжува тој, „или направете го дрвото гнило и неговите плодови гнили; зашто дрвото се познава по плодот.“

Безумно е обвинението дека добриот плод на истерување на демони е резултат на тоа што Исус му служи на Сатана. Доколку плодот е добар, дрвото не може да биде гнило. Од друга страна, гнилите плодови на фарисеите, кои се состојат од апсурдни обвиненија и неосновано противење на Исус, се доказ дека тие самите се гнили. „Потомство на отровници“, извикува Исус, „како можете да зборувате добро, кога сте зли? Зашто устата зборува од изобилието на срцето“.

Поради тоа што нашите зборови ја одразуваат состојбата на нашите срца, она што го кажуваме дава основа за суд. „Ви велам“, вели Исус, „дека за секој бескорисен збор што луѓето ќе го изговорат, ќе положат сметка во Судниот ден; зашто по своите зборови ќе бидеш прогласен за праведен, и по своите зборови ќе бидеш осуден.“

И покрај сите Исусови моќни дела, книжниците и фарисеите бараат: „Учителе, сакаме да видиме знак од тебе“. Иако токму овие мажи од Ерусалим можеби лично не ги виделе неговите чуда, за нив постојат непобитни докази од очевидци. Затоа Исус им вели на еврејските водачи: „Зла и прељубничка генерација постојано бара знак, но нема да ѝ се даде никаков знак освен знакот на пророкот Јона“.

Објаснувајќи што мисли со тоа, Исус продолжува: „Како што Јона беше во утробата на огромната риба три дни и три ноќи, така ќе биде и Синот човечки во срцето на земјата три дни и три ноќи“. Откако бил проголтан од рибата, Јона излегол како воскреснат, па така Исус прорекува дека тој ќе умре и на третиот ден ќе биде подигнат во живот. Сепак, еврејските водачи го отфрлаат ‚знакот на Јона‘ дури и кога Исус подоцна воскреснува.

Така Исус вели дека луѓето од Ниневија, кои се покајале кога Јона проповедал, ќе се подигнат на судот за да ги осудат Евреите кои го отфрлаат Исус. Слично на тоа, тој прави паралела со царицата од Саба, која дошла од крајот на Земјата за да ја слушне Соломоновата мудрост и се восхитувала на она што го видела и чула. „Но еве“, забележува Исус, „овде е нешто повеќе од Соломон.“

Тогаш Исус ја дава споредбата за човек од кого излегол нечист дух. Но, човекот не ја исполнил празнината со добри работи, и затоа го опседнуваат седум полоши духови. „Така ќе биде и со оваа зла генерација“, вели Исус. Израелската нација била прочистена и доживеала промени — слично на привременото заминување на еден нечист дух. Но тоа што нацијата ги отфрлила Божјите пророци, на што кулминација било противење на самиот Христос, открива дека нејзината злобна состојба е многу полоша отколку што била на почетокот.

Додека Исус зборува, доаѓаат неговата мајка и браќа и застануваат покрај мноштвото. Тогаш некој вели: „Види! Мајка ти и твоите браќа стојат надвор и бараат да зборуваат со тебе“.

„Која е моја мајка и кои се мои браќа?“ прашува Исус. Ја протегнува раката кон своите ученици и вели: „Еве! Мојата мајка и моите браќа! Зашто секој кој ја врши волјата на мојот Татко кој е на небото, тој ми е брат и сестра и мајка“. На тој начин Исус покажува дека без оглед на тоа колку му се драги врските што го врзуваат со неговите роднини, уште подраг му е односот со неговите ученици. Матеј 12:33—50; Марко 3:31—35; Лука 8:19—21.

▪ Како фарисеите пропуштаат да ги направат добри и „дрвото“ и „плодот“?

▪ Што е ‚знакот на Јона‘, и како подоцна е отфрлен?

▪ Како израелската нација од првиот век е слична на човек од кого излегол нечист дух?

▪ Како Исус го нагласува блискиот однос со своите ученици?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели