ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 54
  • ,Вистински леб од небото‘

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • ,Вистински леб од небото‘
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Исус — „лебот на животот“
    Исус — патот, вистината и животот
  • Си го вкусил ли лебот на животот?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Што учиме од чудото што Исус го направил со лебот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
  • Што треба да правиш за да живееш вечно?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2024
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 54

Поглавје 54

,Вистински леб од небото‘

ПРЕТХОДНИОТ ден навистина бил исполнет со настани. Исус со чудо нахранил илјадници луѓе, а потоа побегнал од народот кој се обидел да го направи цар. Таа ноќ одел по разбрануваното Галилејско Море; го спасил Петар кој почнал да тоне додека одел по разбрануваната вода и ги смирил брановите за да ги спаси своите ученици од бродолом.

Луѓето, пак, кои Исус со чудо ги нахранил североисточно од Галилејското Море, го пронаоѓаат во близината на Капернаум и го прашуваат: „Кога дојде овде?“ Исус ги укорува и им вели дека дошле да го бараат само затоа што очекуваат да добијат уште едно бесплатно јадење. Тој ги поттикнува да работат не за храна што пропаѓа туку за храна што останува за вечен живот. Затоа луѓето прашуваат: „Што да правиме за да ги вршиме Божјите дела?“

Исус наведува само едно дело кое има најголема вредност. „Ова е Божјето дело“, објаснува тој „да практикувате вера во оној кого Тој го испрати.“

Меѓутоа, луѓето не практикуваат вера во Исус, и покрај сите чуда што тој ги прави. Неверојатно е тоа што дури и по сите чудесни работи што ги направил, тие прашуваат: „Тогаш каков знак правиш за да го видиме и да ти поверуваме? Какво дело вршиш? Нашите прататковци јадеа мана во пустелијата, како што е напишано: ‚Им даде леб од небото да јадат‘“.

Одговарајќи им на нивното барање на знак, Исус го разјаснува Изворот на чудесните подготовки, велејќи: „Мојсеј не ви го даде лебот од небото, туку мојот Татко ви го дава вистинскиот леб од небото. Зашто Божјиот леб е оној кој слегува од небото и му дава живот на светот“.

„Господи“, велат луѓето, „давај ни го секогаш тој леб.“

„Јас сум лебот на животот“, објаснува Исус. „Оној кој доаѓа кај мене воопшто нема да огладни, и оној кој практикува вера во мене воопшто нема да ожедни никогаш. Но јас ви реков: Ме видовте, а сепак не верувате. Сѐ што ми дава Таткото ќе дојде кај мене, и оној кој доаѓа кај мене никако нема да го истерам; зашто јас не слегов од небото да ја вршам својата волја, туку волјата на оној кој ме испрати. А ова е волјата на оној кој ме испрати, да не изгубам ништо од сѐ што ми даде тој, туку да го воскреснам тоа во последниот ден. Зашто ова е волјата на мојот Татко, секој кој го гледа Синот и практикува вера во него да има вечен живот.“

На тоа Евреите почнуваат да мрморат против Исус, бидејќи рекол: „Јас сум лебот што слезе од небото“. Тие во него не гледаат ништо друго освен син на човечки родители, па затоа приговараат на ист начин како и Назареќаните: „Зарем овој не е Исус, синот на Јосиф, чиј татко и мајка ги знаеме? Како тоа тој сега вели: ‚Слегов од небото?‘“

„Престанете да мрморите меѓу себе“, одговара Исус. „Никој не може да дојде кај мене, ако не го привлече Таткото кој ме испрати; и јас ќе го воскреснам во последниот ден. Во Пророците е напишано: ‚И сите ќе бидат научени од Јехова‘. Секој кој чул од Таткото и научил, доаѓа кај мене. Не дека некој го видел Таткото, освен оној кој е од Бог; тој го има видено Таткото. Вистина, вистина ви велам: Оној кој верува има вечен живот.“

Продолжувајќи, Исус повторува: „Јас сум лебот на животот. Вашите прататковци јадеа мана во пустелијата, а сепак умреа. Ова е лебот што слегува од небото за секој да јаде од него и да не умре. Јас сум живиот леб што слезе од небото; ако некој јаде од овој леб, ќе живее вечно“. Да, со тоа што практикуваат вера во Исус, оној којшто е испратен од Бог, луѓето можат да имаат вечен живот. Никаква мана ниту било каков леб не може да го овозможи ова!

Изгледа дека разговорот за лебот од небото започнал откако луѓето го пронашле Исус во близината на Капернаум. Но, продолжува и достигнува кулминација подоцна додека Исус поучува во една синагога во Капернаум. Јован 6:25—51, 59; Псалм 78:24; Исаија 54:13; Матеј 13:55—57.

▪ Кои настани претходеле на Исусовиот разговор за лебот од небото?

▪ Зошто барањето на знак е толку несоодветно со оглед на она што Исус штотуку го направил?

▪ Зошто Евреите мрморат против Исусовото тврдење дека е вистински леб од небото?

▪ Каде се водел разговорот за лебот од небото?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели