ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 105
  • Почеток на еден пресуден ден

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Почеток на еден пресуден ден
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • Поука за верата од дрвото што се исушило
    Исус — патот, вистината и животот
  • Секој ќе седи под својата смоква
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2003
  • Повторно доживување на Исусовите последни денови на Земјата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Исус повторно го исчистил храмот
    Исус — патот, вистината и животот
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 105

Поглавје 105

Почеток на еден пресуден ден

КОГА Исус го напушта Ерусалим во понеделник навечер, се враќа во Витанија, на источната падина на Маслинската Гора. Завршиле два дена од неговата последна служба во Ерусалим. Исус несомнено повторно ја поминува ноќта кај својот пријател Лазар. Со оглед на тоа што од Ерихон пристигнал в петок, ова му е четврта ноќ во Витанија.

Сега, рано наутро во вторник, 11 нисан, тој и неговите ученици се повторно на пат. Овој ден се покажува како пресуден во Исусовата служба, најисполнет досега. Тоа е последен ден кога се појавува во храмот. А тоа е и последен ден од неговата јавна служба пред неговото судење и погубување.

Исус и неговите ученици одат по истиот пат преку Маслинската Гора кон Ерусалим. По патот од Витанија, Петар го забележува дрвото што Исус го проколнал претходното утро. „Раби, погледни!“ извикува тој. „Смоквата што ја проколна, се исушила.“

Но, зошто Исус го уништи дрвото? Тој покажува зошто го сторил тоа кога вели: „Вистина ви велам: Ако само имате вера и не се сомневате, не само што ќе го правите тоа што јас ѝ го направив на смоквата туку и ако на оваа гора [Маслинската Гора на која се наоѓаат] ѝ речете: ‚Дигни се и фрли се во морето‘, ќе биде така. И сѐ што ќе побарате во молитва, имајќи вера, ќе добиете“.

Предизвикувајќи да се исуши дрвото, Исус на своите ученици им дава практичен пример за потребата да имаат вера во Бог. Затоа наведува: „Сето она за што се молите и што го барате, имајте вера дека, така да се рече, сте го добиле, и ќе го имате“. Каква важна лекција за нив, особено со оглед на огромните испити кои наскоро ќе дојдат! Сепак, постои уште една врска помеѓу сушењето на смоквата и квалитетот на верата.

Нацијата Израел, слично на оваа смоква, има лажлив изглед. Иако е во сојузен однос со Бог и можеби однадвор изгледа како да ги држи неговите одредби, нацијата се покажала безверна, неплодна за добри плодови. Поради недостаток на вера, таа веќе се наоѓа во процес на отфрлање на Божјиот сопствен Син! Значи, предизвикувајќи неплодната смоква да се исуши, Исус сликовито прикажува каков ќе биде крајот за таа бесплодна, неверна нација.

Набрзо Исус и неговите ученици влегуваат во Ерусалим, и според својот обичај одат во храмот, каде што Исус почнува да поучува. Несомнено имајќи ја во мислите Исусовата постапка со менувачите на пари претходниот ден, главните свештеници и постарите мажи од народот го предизвикуваат: „Со каква власт ги правиш овие работи? И кој ти ја даде оваа власт?“

Како одговор, Исус вели: „И јас ќе ве прашам една работа. Ако ми кажете, и јас ќе ви кажам со каква власт ги правам овие работи: Од каде потекнуваше Јовановото крштавање? Од небото или од луѓето?“

Свештениците и постарите мажи почнуваат да се советуваат меѓу себе како да одговорат. „Ако речеме: ‚Од небото‘, ќе ни рече: ‚Тогаш зошто не му верувавте?‘ А ако речеме: ‚Од луѓе‘, треба да се плашиме од мноштвото, зашто сите тие го сметаат Јован за пророк.“

Водачите не знаат што да одговорат. Затоа на Исус му велат: „Не знаеме“.

На тоа, Исус им вели: „Ниту јас не ви кажувам вам со каква власт ги правам овие работи“. Матеј 21:19—27; Марко 11:19—33; Лука 20:1—8.

▪ По што е значаен вторник, 11 нисан?

▪ Какви поуки дава Исус кога предизвикува да се исуши смоквата?

▪ Како им одговара Исус на оние кои го прашуваат со каква власт ги прави тие работи?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели