ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gt погл. 130
  • На Галилејското Море

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • На Галилејското Море
  • Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Сличен материјал
  • На Галилејското Море
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • На брегот на Галилејското Море
    Исус — патот, вистината и животот
  • Исус им се појавил на рибарите
    Поуки од Библијата
  • Се борел со стравови и сомнежи
    Угледајте се на нивната вера
Повеќе
Најголемиот човек кој некогаш живеел
gt погл. 130

Поглавје 130

На Галилејското Море

СЕГА апостолите се враќаат во Галилеја, како што Исус претходно ги поучил. Но, не се сигурни што да прават таму. По кратко време, на Тома, Натанаел, Јаков и на неговиот брат Јован и на други двајца апостоли Петар им вели: „Одам да ловам риба“.

„Одиме и ние со тебе“, одговараат шестемина.

Цела ноќ не успеваат да фатат ништо. Меѓутоа, токму кога се разденува, на брегот се појавува Исус, но апостолите не препознаваат дека е тој. Исус им довикнува: „Дечиња, немате ништо за јадење, нели?“

„Не!“, му одговараат тие откај водата.

„Фрлете ја мрежата од десната страна на чамецот и ќе најдете“, им вели тој. Откако прават така, не можат да ја извлечат мрежата бидејќи е полна со риби.

„Тоа е Господ!“, извикува Јован.

Кога го слуша ова, Петар ја опашува својата горна наметка, зашто ја имал соблечено облеката, и се фрла во морето. Потоа плива околу 90 метри до брегот. Останатите апостоли го следат со малиот чамец, влечејќи ја мрежата полна со риби.

Кога тие пристигнуваат на копното, таму има оган запален од јаглен, и риба положена на него, а има и леб. „Донесете од рибите кои ги уловивте сега“, вели Исус. Петар се качува и ја извлекува мрежата на копното. Во неа има 153 големи риби!

„Дојдете, појадувајте“, ги повикува Исус.

Ниту еден од нив нема храброст да праша „Кој си ти?“ бидејќи знаат дека тоа е Исус. Ова е седми пат како им се појавува по воскресението, а третпат како им се појавува на апостолите како група. Сега ги послужува со појадок, давајќи му на секого од нив леб и риба.

Кога завршуваат со јадењето, веројатно гледајќи кон големиот улов риба, Исус го прашува Петар: „Симоне, сине Јованов, ме љубиш ли повеќе од овие?“ Без сомнение тој мисли: ‚Дали повеќе си приврзан кон рибарскиот занает отколку кон делото што ти го подготвив да го извршуваш?‘

„Ти знаеш дека имам наклоност кон тебе“, одговара Петар.

„Храни ги моите јагниња“, одговара Исус.

Уште еднаш, по вторпат, го прашува: „Симоне, сине Јованов, ме љубиш ли?“

„Да, Господи, ти знаеш дека имам наклоност кон тебе“, одговара Петар горливо.

„Паси ги моите овчички“, му заповеда Исус повторно.

Потоа, и по третпат, го прашува: „Симоне, сине Јованов, имаш ли наклоност кон мене?“

Петар сега е нажален. Можеби се прашува дали Исус се сомнева во неговата лојалност. Впрочем, кога неодамна на Исус му се судело за живот, Петар трипати одрекол дека го познава. Затоа, Петар вели: „Господи, ти знаеш сѐ; знаеш дека имам наклоност кон тебе“.

„Храни ги моите овчички“, му заповеда Исус по третпат.

На тој начин Исус го употребува Петар како средство да им го објави на другите делото што тој сака да го извршат. Наскоро тој ќе ја напушти Земјата, и сака тие да го преземат водството во служењето на оние кои ќе бидат донесени во Божјето трло.

Исто како што Исус бил врзан и погубен затоа што го вршел делото за кое Бог го овластил така тој сега открива дека и Петар ќе поднесе слично искуство. „Кога беше помлад“, му вели Исус, „сам се опашуваше и одеше каде што сакаше. А кога ќе остариш, ќе ги рашириш своите раце, па некој друг ќе те опаше и ќе те одведе каде што не сакаш.“ И покрај маченичката смрт што го очекувала Петар, Исус го поттикнува: „Продолжи да ме следиш“.

Кога се свртува, Петар погледнува во Јован и прашува: „Господи, што ќе прави овој човек?“

„Ако е моја волја тој да остане додека не дојдам“, одговара Исус, „што те засега тоа тебе? Ти продолжи да ме следиш.“ Овие зборови на Исус многу ученици ги разбрале како дека апостол Јован нема никогаш да умре. Меѓутоа, како што апостол Јован подоцна објаснил, Исус не рекол дека тој нема да умре туку дека Исус едноставно рекол: „Ако е моја волја тој да остане додека не дојдам, што те засега тоа тебе?“

Подоцна Јован ја дал и оваа значајна забелешка: „Всушност, има и многу други работи што ги направи Исус, кои, ако се запишат во сите поединости, мислам дека ниту самиот свет не би можел да ги собере напишаните свитоци“. Јован 21:1—25; Матеј 26:32; 28:7, 10.

▪ Што покажува дека апостолите се несигурни околу тоа што да прават во Галилеја?

▪ Како апостолите го препознаваат Исус на Галилејското Море?

▪ Колкупати дотогаш Исус се имал појавено од своето воскресение?

▪ Како Исус нагласува што сака апостолите да прават?

▪ Како Исус го покажува начинот на кој ќе умре Петар?

▪ Кои Исусови коментари во врска со Јован погрешно ги разбрале многу ученици?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели