ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • dg дел 5 стр. 10-12
  • Прекрасен дар — слободната волја

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прекрасен дар — слободната волја
  • Дали Бог се грижи за нас?
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Како сме создадени
  • Најдобриот почеток
  • Ограничена слобода
  • Чии закони?
  • Цени ја слободната волја што ти ја дал Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Слободата што ја уживаат обожавателите на Јехова
    Обожавај го единствениот вистински Бог
  • Патот до вистинска слобода
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2018
  • Не промашувај ја целта на слободата дадена од Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1992
Повеќе
Дали Бог се грижи за нас?
dg дел 5 стр. 10-12

Петти дел

Прекрасен дар — слободната волја

1, 2. Кој прекрасен дар е дел од нашата градба?

ЗА ДА РАЗБЕРЕМЕ зошто Бог дозволува луѓето да страдаат и што ќе стори во врска со тоа, потребно е да сфатиме на кој начин тој нѐ создал. Тој не само што нѐ создал со тело и со мозок туку ни дал и посебни умствени и емоционални способности.

2 Клучен дел од нашата умствена и емоционална градба е слободната волја. Бог во нас ја вградил таа способност сами да донесуваме одлуки. Тоа навистина е прекрасен дар од него.

Како сме создадени

3-5. Зошто ја цениме слободната волја?

3 Да видиме каква врска има слободната волја со тоа што Бог дозволува луѓето да страдаат. Најнапред, размисли за следново: Дали го цениш тоа што можеш сам да одлучуваш што ќе правиш или што ќе кажеш, што ќе јадеш или како ќе се облечеш, каква работа ќе работиш и каде и како ќе живееш? Или можеби би сакал некој да го контролира секој твој збор и постапка во секој момент од животот?

4 Ниту еден нормален човек не сака целосно да ја изгуби контролата над својот живот. Зошто не? Поради начинот на кој Бог нѐ создал. Библијата ни кажува дека Бог го направил човекот ‚според својот лик, сличен на него‘, а една од карактеристиките на Бог е слободата на избор (1. Мојсеева 1:26; 5. Мојсеева 7:6). Кога ги создал луѓето, ги дарувал со истата прекрасна способност — слободната волја. Тоа е една од причините што сме разочарани ако сме под ропство на угнетувачки владетели.

5 Значи, желбата за слобода не постои случајно, туку сме ја добиле од Бог, кој е Бог на слободата. Библијата вели: „Каде што е Јеховиниот дух, таму е слободата“ (2. Коринќаните 3:17). Затоа, Бог ја вградил во нас слободната волја. И бидејќи знае како работи нашиот ум и какви се нашите чувства, знаел и дека ние би биле најсреќни ако имаме слободна волја.

6. Како Бог го замислил нашиот мозок за да работи во согласност со слободната волја?

6 Освен со слободна волја, Бог нѐ обдарил и со способност за размислување, за проценување на работите, за донесување одлуки и за разликување на доброто и злото (Евреите 5:14). На тој начин, слободната волја требало да се заснова на свесни одлуки. Ние не сме биле направени како роботи без разум и без сопствена волја. А не сме биле создадени ни да живееме по инстинкт, како животните. Наместо тоа, нашиот прекрасен мозок бил замислен да работи во согласност со нашата слобода на избор.

Најдобриот почеток

7, 8. Каков прекрасен почеток им дал Бог на нашите прародители?

7 За да им покаже на нашите прародители, Адам и Ева, колку е заинтересиран, покрај дарот на слободна волја, Бог им дал и сѐ што некој би можел разумно да посака. Ги ставил во еден голем рај сличен на парк. Во него имале, така да се каже, и од пиле млеко. Умот и телото им биле совршени, па затоа не морале да стареат, да се разболат или да умрат, туку можеле да живеат засекогаш. Нивните деца би биле совршени и, исто така, би имале среќна, вечна иднина. А населението кое би се намножило, би ја имало пријатната задача постепено да ја претвори целата Земја во рај (1. Мојсеева 1:26-30; 2:15).

8 За сето тоа што Бог им го обезбедил, Библијата вели: „Бог го погледна сето она што го беше направил, и гледај, беше многу добро“ (1. Мојсеева 1:31). Библијата исто така вели за Бог: „Делото му е совршено“ (5. Мојсеева 32:4). Како што рековме, Творецот му дал на човечкото семејство совршен почеток — подобар не можел да биде. Преку тоа Бог покажал огромен интерес за луѓето!

Ограничена слобода

9, 10. Зошто слободната волја мора да има соодветни ограничувања?

9 Меѓутоа, дали Бог имал намера слободната волја да биде неограничена? Замисли си еден прометен град без никакви сообраќајни прописи, град во кој сите можат да возат во секоја насока и со секаква брзина. Дали би сакал да возиш под такви услови? Не, тоа би било сообраќајна анархија во која сигурно би имало многу незгоди.

10 Слично е и со слободната волја која сме ја добиле од Бог. Неограничената слобода би довела до анархија во општеството. Мора да постојат закони кои ќе ги водат човечките активности. Божјата Реч вели: „Живејте како слободни луѓе, но не како оние на кои слободата им е како покривка за злобата“ (1. Петрово 2:16). Бог сака слободната волја да има ограничувања за општото добро. Тој немал намера да ни даде апсолутна слобода, туку релативна, подложна на закони.

Чии закони?

11. Според начинот на кој сме создадени, чии закони треба да ги слушаме?

11 Според начинот на кој сме создадени, чии закони треба да ги слушаме? Другиот дел од стихот од 1. Петрово 2:16 наведува: „Не сте робови на никој друг освен на Бог“ (Jerusalem Bible). Тоа не значи дека сме угнетувани и обесправени, туку дека Бог нѐ создал за да бидеме најсреќни ако сме подложни на Неговите закони (Матеј 22:35-40). Неговите закони, за разлика од кои и да било закони измислени од луѓето, ни го даваат најдоброто водство. „Јас, Јехова, сум твој Бог, кој те учи да го правиш она што е за твое добро, кој те води по патот по кој треба да одиш“ (Исаија 48:17).

12. Каква слобода на избор имаме во рамките на Божјите закони?

12 Истовремено, Божјите закони ни дозволуваат голема слобода на избор во рамките на нивните граници. Тоа доведува до разноликост, и му овозможува на човечкото семејство да биде многу интересно. Размисли за различните видови храна, облека, музика, уметност и куќи низ целиот свет. Секако дека за такви работи повеќе сакаме да одлучуваме самите, наместо некој друг да одлучува за нас.

13. Кои физички закони мораме да ги слушаме за да ни биде добро?

13 Според тоа, ние сме така создадени што ќе бидеме најсреќни ако сме подложни на Божјите закони за човечко однесување. Тоа е исто како кога сме подложни на Божјите физички закони. На пример, ако не го почитуваме законот за гравитација, па скокнеме од високо место, ќе се повредиме или ќе се убиеме. Ако не ги почитуваме внатрешните закони на нашето тело и престанеме да јадеме, да пиеме вода или да дишиме, ќе умреме.

14. Како знаеме дека луѓето не биле создадени да живеат независно од Бог?

14 Како што сме создадени со потребата да се подложиме на Божјите физички закони исто така сме создадени со потребата да се подложиме на Божјите морални и општествени закони (Матеј 4:4). Луѓето не биле создадени да бидат независни од својот Творец, и сепак да имаат успех. Пророкот Еремија изјавува: „Човекот кој оди не може да управува со своите чекори. Укори ме, Јехова“ (Еремија 10:23, 24). Значи, во секој поглед луѓето биле создадени да живеат под Божје владетелство, а не под сопственото.

15. Дали Божјите закони би биле товар за Адам и Ева?

15 Послушноста кон Божјите закони не би била тешка за нашите прародители. Всушност, тоа би било за нивно добро, како и за доброто на целото човечко семејство. Доколку првата двојка не би ги пречекорила границите на Божјите закони, сѐ би било добро. Всушност, ние денес би живееле во еден прекрасен рај и би уживале како обединето човечко семејство во кое владее љубов! Во него би немало злоба, страдање и смрт.

[Слика на страница 11]

Творецот се погрижил луѓето да имаат совршен почеток

[Слика на страница 12]

Кој од нас би сакал да вози низ густ сообраќај без сообраќајни прописи?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели