ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • dg дел 8 стр. 17-19
  • Бог наскоро ќе ја исполни својата намера

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бог наскоро ќе ја исполни својата намера
  • Дали Бог се грижи за нас?
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Новиот цар на Земјата
  • Совладетелите
  • Крај на независното владеење
  • Божјето Царство — новото владетелство над Земјата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Што е Божјето Царство?
    Што навистина учи Библијата?
  • Божјето Царство владее
    Спознание кое води до вечен живот
  • Царство „кое никогаш нема да пропадне“
    Обожавај го единствениот вистински Бог
Повеќе
Дали Бог се грижи за нас?
dg дел 8 стр. 17-19

Осми дел

Бог наскоро ќе ја исполни својата намера

1, 2. Што направил Бог за да ги ослободи луѓето од страдањето?

ВЕКОВНОТО владеење на бунтовните луѓе и на демоните не му донеле на човештвото ништо добро. Сепак, Бог не ги сметал за неважни нашите страдања, туку во изминатите столетија направил нешто за да ги ослободи луѓето од канџите на злото и страдањето.

2 Уште од побуната во Еден, Бог почнал да им открива на луѓето дека има намера да формира влада која ќе ја претвори Земјата во рајски дом за нив (1. Мојсеева 3:15). Подоцна, како Божји главен гласноговорник, Исус честопати поучувал за оваа идна Божја влада. Рекол дека таа ќе биде единствената надеж за човештвото (Даниел 2:44; Матеј 6:9, 10; 12:21).

3. Како Исус ја нарекол идната влада над Земјата, и зошто?

3 Оваа идна Божја влада Исус ја нарекол ‚небесно царство‘ затоа што таа треба да владее од небото (Матеј 4:17). Тој ја нарекол и ‚Божје Царство‘, бидејќи нејзин Основач е Бог (Лука 17:20). Низ столетијата, Бог ги вдахновил своите пишувачи да запишат пророштва кои кажуваат кој ќе ја сочинува таа влада и што сѐ таа ќе постигне.

Новиот цар на Земјата

4, 5. Како покажал Бог дека го избрал Исус за Цар?

4 Пред скоро две илјади години, Исус исполнил многу пророштва што се однесувале на Царот на Божјето Царство. Тој докажал дека Бог него го избрал да биде Владетел на таа небесна влада над човештвото. Откако Исус умрел, Бог го воскреснал за да живее на небото како моќно, бесмртно духовно суштество. Многу луѓе биле сведоци на неговото воскресение (Дела 4:10; 9:1-9; Римјаните 1:1-4; 1. Коринќаните 15:3-8).

5 Исус тогаш ‚седнал од десната страна на Бог‘ (Евреите 10:12). Таму чекал да дојде времето кога Бог ќе го овласти да преземе акција како Цар на Божјето небесно Царство. Со тоа се исполнило пророштвото од Псалм 110:1, каде што Бог му се обраќа: „Седи од мојата десна страна додека не ги положам твоите непријатели за подножје на твоите нозе!“

6. Како покажал Исус дека бил способен да биде Цар на Божјето Царство?

6 Додека бил на Земјата, Исус покажал дека бил способен за една таква положба. И покрај прогонството, решил да остане беспрекорно верен на Бог. На тој начин, покажал дека Сатана лажел кога тврдел дека ниеден човек нема да му биде верен на Бог кога ќе му биде тешко. Совршениот човек Исус, ‚вториот Адам‘, покажал дека Бог не направил грешка кога ги создал совршените луѓе (1. Коринќаните 15:22, 45; Матеј 4:1-11).

7, 8. Кои добри работи ги направил Исус додека бил на Земјата, и што покажал со тоа?

7 Кој владетел воопшто некогаш направил толку многу добри работи како што направил Исус за само неколку години од својата служба? Овластен од Божјиот свет дух, Исус лекувал болни, сакати, слепи, глуви, неми. Дури подигал и мртви! Покажал во мало што ќе стори за човештвото во светски размери кога ќе почне да владее како Цар (Матеј 15:30, 31; Лука 7:11-16).

8 Исус направил толку многу добри работи додека бил на Земјата што неговиот ученик Јован рекол: „А има и многу други работи што ги направи Исус, и кога би се запишале сите поединости, мислам дека ниту целиот свет не би можел да ги собере свитоците што би се напишале“ (Јован 21:25).a

9. Зошто искрените луѓе се собирале кај Исус?

9 Исус бил љубезен и сочувствителен, и имал голема љубов кон луѓето. Им помагал на сиромашните и на подјармените, но не на штета на оние што биле богати или угледни. Искрените луѓе се одѕвале на љубезниот Исусов повик кога рекол: „Дојдете кај мене сите вие што сте изморени и оптоварени, и јас ќе ве закрепнам. Земете го мојот јарем на себе и учете од мене, зашто јас сум благ и со понизно срце, и ќе најдете поткрепа за своите души! Зашто, мојот јарем е пријатен и мојот товар е лесен“ (Матеј 11:28-30). Богобојазливите луѓе се собирале кај него и го очекувале денот кога тој ќе почне да владее (Јован 12:19).

Совладетелите

10, 11. Кој ќе владее над Земјата заедно со Исус?

10 Како што во човечките влади има повеќе членови, така има и во Божјето небесно Царство. Освен Исус, и други ќе владеат над Земјата, затоа што Исус им ветил на своите блиски соработници дека тие ќе владеат со него како цареви над човештвото (Јован 14:2, 3; Откровение 5:10; 20:6).

11 Според тоа, еден ограничен број луѓе се исто така воскреснати на небото за да живеат заедно со Исус. Тие го сочинуваат Божјето Царство кое ќе донесе вечни благослови за човештвото (2. Коринќаните 4:14; Откровение 14:1-3). Така, низ вековите Јехова го поставил темелот за една влада која ќе донесе вечни благослови за човечкото семејство.

Крај на независното владеење

12, 13. Што е подготвено да направи Божјето Царство?

12 Во минатото столетие, Бог директно се вмешал во случувањата на Земјата. Како што ќе биде објаснето во деветтиот дел од оваа брошура, библиското пророштво покажува дека Божјето Царство под Христос било воспоставено во 1914 год., и сега е подготвено да го уништи целокупниот Сатанов поредок. Тоа Царство е готово да ‚ги покори непријателите Христови‘ (Псалм 110:2).

13 Во врска со ова, пророштвото од Даниел 2:44 вели: „Во деновите на тие царства [кои денес постојат] небесниот Бог ќе подигне царство [на небото], кое нема да се разруши никогаш, и тоа царство нема да биде предадено на друг народ [никогаш повеќе нема да постои човечка влада]; тоа [Божјето Царство] ќе ги победи и разруши сите царства, а само тоа ќе остане вечно“ (Превод на МПЦ).

14. Какво добро ќе произлезе од крајот на човечкото владеење?

14 Божјето Царство во потполност ќе завладее со Земјата кога сите влади независни од Бог ќе бидат отстранети. А бидејќи Царството владее од небото, луѓето никогаш нема да можат да го расипат. Владејачката моќ ќе биде таму каде што била и на почетокот, на небото, кај Бог. И бидејќи Божјата влада ќе ја контролира целата Земја, повеќе никој нема да биде заведен од лажни религии или од неприфатливи човечки филозофии и политички теории. Ниту една од тие работи не ќе смее да постои (Матеј 7:15-23; Откровение, поглавја од 17 до 19).

[Фуснота]

a За целосен преглед на животот на Исус, види ја книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел, издадена во 1991 год. од Јеховините сведоци.

[Слика на страница 18]

Додека бил на Земјата Исус ги лекувал болните и ги подигал мртвите за да покаже што ќе направи во новиот свет

[Слика на страница 19]

Божјето небесно Царство ќе ги отстрани сите облици на владеење кои дејствуваат независно од Бог

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели