Радувај се на семејниот живот
Можат ли семејствата навистина да бидат среќни?
Како е можно тоа?
Дали познаваш некои семејства кои се обединети и среќни како овие од трактатот? Семејствата насекаде се расцепуваат. Разводи, несигурна работа, проблеми на самохраните родители, разочарувања — сето тоа придонесува за кризата. Еден стручњак за семејниот живот се жалел: „До сега, претскажувањата за смртта на семејството му се познати на секого“.
Зошто семејствата денес се бомбардирани со такви сериозни проблеми? Како можеме да му се радуваме на семејниот живот?
Како настанало семејството
За да одговориме на ова прашање, треба да го знаеме потеклото на бракот и семејството. Бидејќи, ако имале Создавач — Творец — членовите на семејството треба да бараат водство од него, зашто тој сигурно најдобро знае како можеме да му се радуваме на семејниот живот во полна мера.
Интересно е што многумина веруваат дека семејното уредување немало Создавач. The Encyclopedia Americana вели: „Некои научници се склони потеклото на бракот да му го припишат на парењето на животните кои во еволуциониот процес постоеле пред човекот“. Сепак, Исус Христос зборувал за создавање на маж и жена. Како авторитет, тој го цитирал раниот библиски извештај и рекол: „Што Бог составил, човек да не разделува“ (Матеј 19:4—6).
Со тоа Исус Христос е во право. Еден интелигентен Бог ги создал првите луѓе и ги подготвил за среќен семеен живот. Бог ја соединил првата двојка во брак и рекол дека човекот „ќе се прилепи кон жената своја; и обата ќе бидат едно тело“ (1. Мојсеева 2:22—24). Тогаш, дали би можело денешните семејни проблеми да настануваат поради тежнеењето по начин на живеење кој ги повредува мерилата што ги поставил Творецот во својата Реч, Библијата?
Кој е патот до успехот?
Како што сигурно си свесен, современиот свет ги унапредува личните интереси и исполнувањето на сопствените надежи и амбиции. „Алчноста е здрава“, им рекол еден финансиски стручњак на апсолвентите на еден универзитет во САД. „Можете да бидете алчни, а сепак да се чувствувате задоволни.“ Но тежнеењето по материјални предмети не води кон успех. Фактички, материјализмот е една од најголемите поединечни закани за семејниот живот затоа што се испречува на патот на човечките односи и на луѓето им го троши времето и парите. За разлика од тоа, разгледај како само две библиски изреки можат да ни помогнат да видиме што е важно за среќата.
„Подобро да јадеш зеленчук со луѓе кои ги сакаш, отколку да јадеш најдобро јадење таму кадешто има омраза.“
„Подобро да јадеш сува корка леб со душевен мир, отколку да имаш банкет во куќа полна со проблеми“
(Изреките 15:17, 17:1, „Today’s English Version“).
Силни зборови, зар не? Само помисли колку би бил поинаков светот кога секое семејство би се држело за овие приоритети! Библијата исто така дава вредно водство за тоа како треба членовите на семејството да постапуваат еден со друг. Разгледај само неколку упатства што ги дава таа.
Сопрузи: ‚Сакајте ги своите сопруги како што го сакате своето тело‘ (Ефесјаните 5:28—30).
Едноставно, но многу практично! Библијата исто така го упатува сопругот ‚да ја почитува својата жена‘ (1. Петрово 3:7). Тој тоа го прави така што ѝ обрнува посебно внимание, вклучувајќи нежност, разбирање и охрабрување. Исто така ги цени нејзините гледишта и ја слуша кога зборува. (Спореди 1. Мојсеева 21:12.) Зарем не се сложуваш дека за секое семејство ќе биде корисно ако сопругот се однесува спрема својата сопруга со интерес, како што и самиот би сакал да се постапува со него? (Матеј 7:12).
Сопруги: „Имајте длабоко почитување спрема [вашите] сопрузи“ (Ефесјаните 5:33, „New World Translation of the Holy Scriptures“).
Сопругата придонесува за семејната среќа со тоа што му помага на својот сопруг да ги исполни своите тешки одговорности. Токму тоа и била намерата, бидејќи Бог предвидел сопругата да му биде „помошничка, како негово дополнение“ (1. Мојсеева 2:18, NW). Дали можеш да ги процениш благословите за семејниот живот кога сопругата покажува почитување спрема својот сопруг така што ги поддржува неговите одлуки и што соработува со него на постигнувањето на семејните цели?
Брачни другари: „Сопрузите и сопругите мораат да бидат верни едни на други“ (Евреите 13:4, „TEV“).
Кога се верни, тоа сигурно е корисно за семејниот живот. Прељубата често го опустошува семејството (Соломонови изреки 6:27—29, 32). Затоа Библијата мудро поттикнува: „Биди среќен со својата жена и најди радост со девојката со која си се оженил . . . Зошто да ја даваш својата љубов на друга жена?“ (Изреките 5:18—20, TEV).
Родители: „Воспитувајте ги [своите деца] според патот за [нив]“ (Изреки 22:6, „NW“).
Кога родителите им посветуваат време и внимание на децата, семејниот живот сигурно ќе се подобри. Затоа, Библијата ги поттикнува родителите да ги поучуваат своите деца на исправни начела ‚кога седат дома и кога се на пат, кога си легнуваат и кога стануваат‘ (5. Мојсеева 11:19). Библијата исто така вели дека родителите треба да покажат дека ги сакаат своите деца така што ќе ги воспитуваат во стега (Ефесјаните 6:4, NW).
Деца: „Деца, слушајте ги вашите родители во заедница со Господ“ (Ефесјаните 6:1, „NW“).
Вистина, во овој беззакон свет не е секогаш лесно да ги слушате своите родители. Сепак, зарем не се сложувате дека е мудро да го правиме она што ни го вели Создавачот на семејството? Тој најдобро знае што е потребно за семејството да биде среќно. Затоа, напрегај се да ги слушаш своите родители. Биди одлучен да ги избегнуваш многуте световни искушенија да го правиш она што е лошо (Соломонови изреки 1:10—19).
Колку што секој член од семејство го применува библискиот совет толку и семејниот живот ќе има корист. Не само што семејството ќе се радува на подобар живот сега, туку ќе го има изгледот за прекрасна иднина во новиот свет што го ветил Бог (2. Петрово 3:13; Откровение 21:3, 4). Затоа, имајте семејна навика заеднички да ја проучувате Библијата! Милиони семејства ширум Земјата заклучиле дека навистина е од корист водството што го пружа прекрасно илустрираната книга Ти можеш засекогаш да живееш во Рајот на Земјата.
Доколку не е означено поинаку, библиските стихови се земени од Светото писмо на современ македонски јазик (Британско и инострано библиско друштво, 1990).