ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • rq лекција 3 стр. 6-7
  • Кој е Исус Христос?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кој е Исус Христос?
  • Што бара Бог од нас?
  • Сличен материјал
  • Исус Христос — дали е испратен од Бог?
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Кој е Исус Христос?
    Добра вест од Бог!
  • Кој е Исус Христос?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Исус спасува — како?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Повеќе
Што бара Бог од нас?
rq лекција 3 стр. 6-7

Лекција 3

Кој е Исус Христос?

Зошто Исус е наречен Божји „првороден“ Син? (1)

Зошто е наречен „Словото“? (1)

Зошто Исус дошол на Земјата како човек? (2—4)

Зошто извршувал чуда? (5)

Што ќе направи Исус во блиска иднина? (6)

1. Пред да дојде на Земјата, Исус живеел на небото како духовна личност. Тој бил првото творештво на Бог, и затоа е наречен „првороден“ Божји Син (Колосјаните 1:15; Откровение 3:14). Исус е единствениот Син кого Бог го создал самиот. Јехова го употребил претчовечкиот Исус како негов „главен работник“ (НС) во создавањето на сите други работи на небото и на Земјата (Изреки 8:22—31; Колосјаните 1:16, 17). Бог исто така го користел како Свој главен говорник. Затоа Исус е наречен „Словото“ (Јован 1:1—3; Откровение 19:13).

2. Бог го испратил Својот Син на Земјата така што го пренел неговиот живот во утробата на Марија. Значи, Исус немал човечки татко. Затоа тој не наследил никаков грев нити несовршеност. Бог го испратил Исус на Земјата од три причини: 1) да нѐ научи за вистината за Бог (Јован 18:37), 2) да одржи совршена беспрекорност, давајќи ни пример кој треба да го следиме (1. Петрово 2:21) и 3) да го жртвува својот живот за да нѐ ослободи од грев и од смрт. Зошто било потребно тоа? (Матеј 20:28).

3. Покажувајќи непослушност спрема Божјата заповед, првиот човек, Адам, го извршил она што Библијата го нарекува „грев“. Затоа Бог го осудил на смрт (1. Мојсеева 3:17—19). Тој повеќе не ги достигнувал Божјите мерила, и затоа не бил веќе совршен. Тој полека остарел и умрел. Адам го пренел гревот на сите негови деца. Затоа и ние старееме, се разболуваме и умираме. Како би можело човештвото да се спаси? (Римјаните 3:23; 5:12).

4. Исус бил совршен човек исто како Адам. Но, за разлика од Адам, Исус бил совршено послушен на Бог дури и под најголемиот испит. Затоа можел да го жртвува својот совршен човечки живот за да плати за Адамовиот грев. Тоа е она што Библијата го нарекува „откупнина“. Адамовите деца на тој начин можеле да бидат ослободени од осудата на смрт. На сите кои ја полагаат својата вера во Исус можат да им бидат простени гревовите и да добијат вечен живот (1. Тимотеј 2:5, 6; Јован 3:16; Римјаните 5:18, 19).

5. Кога бил на Земјата, Исус ги лекувал болните, ги хранел гладните и ги смирувал бурите. Дури ги подигнувал мртвите. Зошто извршувал чуда? 1) Му било жал за луѓето кои страдале и сакал да им помогне. 2) Неговите чуда покажале дека тој е Божји Син. 3) Тие покажале што ќе направи тој за послушното човештво кога ќе владее како Цар над Земјата (Матеј 14:14; Марко 2:10—12; Јован 5:28, 29).

6. Исус умрел и Бог го воскреснал како духовно суштество, и тој се вратил на небото (1. Петрово 3:18). Оттогаш, во меѓувреме Бог го направил Цар. Исус наскоро ќе го отстрани сето зло и страдање од Земјава (Псалм 36:9—11; Изреки 2:21, 22).

[Слики на страница 7]

Исусовата служба вклучувала поучување, извршување чуда, дури и жртвување на својот живот за нас

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели