Лекција 6
Што е Божјето Царство?
Каде се наоѓа Божјето Царство? (1) Кој е неговиот Цар? (2)
Дали други учествуваат во владеењето со Царот? Ако да, колкумина? (3)
Што покажува дека ние живееме во последните денови? (4)
Што ќе стори Божјето Царство во иднина за човештвото? (5—7)
1. Кога бил на Земјата, Исус ги поучувал своите следбеници да се молат за Божјето Царство. Царство претставува влада на чие чело стои цар. Божјето Царство е посебна влада. Тоа е поставено на небото и ќе владее над Земјава. Тоа ќе го посвети, или ќе го направи свето Божјето име. Тоа ќе предизвика Божјата волја да се врши на Земјата како што се врши на небото (Матеј 6:9, 10).
2. Бог ветил дека Исус ќе стане Цар на Неговото Царство (Лука 1:30—33). Кога Исус бил на Земјата, тој докажал дека ќе биде љубезен, праведен и совршен владетел. Кога се вратил на небото, тој не бил веднаш устоличен како Цар на Божјето Царство (Евреите 10:12, 13). Во 1914 година, Јехова му ја дал на Исус власта што му ја ветил. Оттогаш наваму, Исус владее на небото како Јеховин наименуван Цар (Даниил 7:13, 14).
3. Јехова избрал исто така некои верни мажи и жени од Земјата за да одат на небото. Тие ќе владеат со Исус како цареви, судии и свештеници над човештвото (Лука 22:28—30; Откровение 5:9, 10). Овие совладетели во неговото Царство Исус ги нарекол „мало стадо“. Тие бројат 144.000 (Лука 12:32; Откровение 14:1—3).
4. Штом Исус станал Цар, тој ги исфрлил од небото Сатана и неговите злобни ангели долу во подрачјето на Земјата. Затоа станало толку лошо овде на Земјава од 1914 година наваму (Откровение 12:9, 12). Војни, глад, чуми, сѐ поголемо беззаконие — сето тоа е дел од „знакот“ кој покажува дека Исус владее и дека овој систем е во своите последни денови (Матеј 24:3, 7, 8, 12; Лука 21:10, 11; 2. Тимотеј 3:1—5).
5. Исус наскоро ќе им суди на луѓето, одвојувајќи ги како што овчарот ги одвојува овците од козите. „Овците“ се оние кои ќе се покажат како негови лојални поданици. Тие ќе добијат бескраен живот на Земјата. „Козите“ се тие кои ќе го отфрлат Божјето Царство (Матеј 25:31—34, 46). Во блиска иднина, Исус ќе ги уништи сите оние кои се слични на кози (2. Солунјаните 1:6—9). Ако сакаш ти да бидеш една од Исусовите „овци“, мораш да ја слушаш пораката на Царството и да постапуваш во согласност со она што го учиш (Матеј 24:14).
6. Земјата сега е поделена на многу држави. Секоја си има своја влада. Овие народи често пати се борат едни против други. Но, Божјето Царство ќе ги замени сите човечки влади. Тоа ќе владее како единствената влада над целата Земја (Даниил 2:44). Тогаш нема повеќе да има војна, криминал и насилство. Сите луѓе ќе живеат заедно во мир и единство (Михеј 4:3, 4).
7. Во текот на Исусовата илјадагодишна влада, верните луѓе ќе станат совршени и целата Земја ќе стане рај. До крајот на илјадата години, Исус ќе има направено сѐ што Бог го замолил да направи. Тогаш ќе му го предаде Царството на својот Татко (1. Коринтјаните 15:24). Зошто не им кажеш на твоите пријатели и на оние кои ги сакаш за тоа што ќе стори Божјето Царство?
[Слика на страница 13]
Под Исусовата влада нема повеќе да има омраза или предрасуди