ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • rq лекција 12 стр. 24-25
  • Покажување почит спрема животот и крвта

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Покажување почит спрема животот и крвта
  • Што бара Бог од нас?
  • Сличен материјал
  • Божјето гледиште за животот
    Што навистина учи Библијата?
  • Да се спаси животот со крв — како?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Дали го цениш животот како што го цени Бог?
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
  • Го цениш ли животот како што го цени Бог?
    Зачувај ја Божјата љубов
Повеќе
Што бара Бог од нас?
rq лекција 12 стр. 24-25

Лекција 12

Покажување почит спрема животот и крвта

Како треба да гледаме на животот? (1) Абортусот? (1)

Како христијаните покажуваат дека се свесни за безбедноста? (2)

Дали е погрешно да се убиваат животни? (3)

Кои се некои постапки кои покажуваат непочитување спрема животот? (4)

Кој е Божјиот закон во врска со крвта? (5)

Дали тоа ја вклучува трансфузијата на крв? (6)

1. Јехова е Изворот на животот. Сите живи творби му го должат својот живот на Бог (Псалм 35:9). За Бог животот е свет. Дури и животот на едно неродено дете внатре во мајката за Јехова е скапоцен. Намерно да се убие такво бебе кое е во развој, погрешно е во Божји очи (2. Мојсеева 21:22, 23; Псалм 126:3).

2. Вистинските христијани се свесни за безбедноста. Тие се грижат за тоа нивните автомобили и домови да бидат безбедни (5. Мојсеева 22:8). Божјите слуги не ги ставаат непотребно своите животи во опасност само заради задоволство или возбудливост. Затоа не учествуваат во насилни спортови кои намерно ги повредуваат другите луѓе. Тие избегнуваат забава која поттикнува насилство (Псалм 11:5, НС; Јован 13:35).

3. Животот на животните исто така е свет за Творецот. Еден христијанин може да убива животни за да обезбеди храна и облека или за да се заштити од болест и од опасност (1. Мојсеева 3:21; 9:3; 2. Мојсеева 21:28). Но погрешно е да се малтретираат животни или да се убиваат заради спорт или задоволство (Изреки 12:10).

4. Пушење, џвакање бетелов орев и земање дрога заради задоволство не е за христијаните. Овие навики се погрешни затоа што 1) нѐ прават нивни робови, 2) штетни се за нашето тело и 3) се нечисти (Римјаните 6:19; 12:1; 2. Коринтјаните 7:1). Може да биде многу тешко да се откажеме од овие навики, но мораме да го направиме тоа за да му угодиме на Јехова.

5. Крвта исто така е света во Божји очи. Бог вели дека душата, односно животот, е во крвта. Затоа е погрешно да се јаде крв. Погрешно е, исто така, да се јаде месото од животно кое не искрвавило како што треба. Ако некое животно е удавено или умре во стапица, не треба да се јаде. Ако е прободено или застрелано, крвта мора брзо да му се пушти за да може да се јаде (1. Мојсеева 9:3, 4; 3. Мојсеева 17:13, 14; Дела 15:28, 29).

6. Дали е погрешно да се прима трансфузија на крв? Сети се, Јехова бара да се воздржуваме од крв. Тоа значи дека не смееме на кој и да било начин да примаме во нашето тело крв од други луѓе, па дури ни сопствена крв која била складирана (Дела 21:25). Значи, вистинските христијани нема да примаат трансфузија на крв. Ќе примаат други видови медицински третмани, како што е трансфузија на бескрвни производи. Тие сакаат да живеат, но нема да се обидуваат да го спасат својот живот кршејќи ги Божјите закони (Матеј 16:25).

[Слики на страница 25]

За да му угодиме на Бог, мораме да избегнуваме трансфузија на крв, нечисти навики и непотребни ризици

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели