ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ie стр. 19-20
  • Душата според Библијата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Душата според Библијата
  • Што ни се случува кога ќе умреме?
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • „Душата“ како живо суштество
  • „Душата“ како живот на едно суштество
  • Дали имаме бесмртна душа?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Што е душата?
    Одговор на библиски прашања
  • Живот после смртта — што вели Библијата?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
  • Душа
    Разбудете се! 2015
Повеќе
Што ни се случува кога ќе умреме?
ie стр. 19-20

Душата според Библијата

„Човекот стана жива душа“ (1. МОЈСЕЕВА 2:7).

1. Што треба да испитаме за да одредиме што учи Библијата во врска со душата?

КАКО што видовме, верувањата во врска со душата се многубројни и разновидни. Дури и меѓу оние кои тврдат дека своите верувања ги темелат на Библијата, постојат разидувачки идеи околу тоа што е душата и што се случува со неа кога ќе умреме. Но, што всушност учи Библијата во врска со душата? За да дознаеме, треба да ги испитаме значењата на хебрејските и грчките зборови што во Библијата се преведени со „душа“.

„Душата“ како живо суштество

2, 3. а) Кој збор е преведен со „душа“ во Хебрејските списи, и кое е основното значење на овој збор? б) Како потврдува 1. Мојсеева 2:7 дека зборот „душа“ може да ја означува целата личност?

2 Хебрејскиот збор преведен со „душа“ е не́феш и се појавува 754 пати во Хебрејските списи (обично наречени Стар завет). Што значи не́феш? Според The Dictionary of Bible and Religion, тоа „обично се однесува на целото живо суштество, на целата индивидуа“.

3 На пример, 1. Мојсеева 2:7 наведува: „А го создаде Господ Бог човекот од прав земен и му дувна во лицето дух животен; и човекот стана жива душа“. Забележи дека Адам немал душа; тој бил душа — исто како што некој кој станува доктор е доктор. Според тоа, зборот „душа“ може да ја опишува целата личност.

4, 5. а) Дај примери кои покажуваат дека зборот „душа“ се однесува на целата личност. б) На кој начин The Dictionary of Bible and Religion го поддржува разбирањето дека личноста е душа?

4 Ова разбирање е поддржано ширум Хебрејските списи каде што наоѓаме такви фрази како: „во случај некоја душа да згреши“ (3. Мојсеева 5:1, NW), „секоја душа што ќе врши каква и да било работа“ (3. Мојсеева 23:30), „во случај човек да биде најден како киднапира некоја душа“ (5. Мојсеева 24:7, NW), „душата негова му се натажи“ (Судии 16:16), „до кога ќе ја мачите душата моја?“ (Јов 19:2) и „душата моја засолзи од тага“ (Псалм 118:28).

5 Во овие пасуси не постои индикација дека душата е некакво сенчесто битие кое живее после смртта. „Да се рече со наши зборови дека ‚душата‘ на љубениот заминала за да биде со Господ или, пак, да се зборува за ‚бесмртна душа‘, едноставно не би било разбирливо во културата на СЗ [Стариот Завет]“ — вели The Dictionary of Bible and Religion.

6, 7. Кој збор е преведен со „душа“ во Христијанските грчки списи, и кое е основното значење на овој збор?

6 Зборот кој во Христијанските грчки списи (обично наречени Нов завет) повеќе од сто пати е преведен со „душа“, е психе́. Како не́феш, и овој збор честопати се однесува на целата личност. На пример, разгледај ги следниве изјави: „Душата сега Ми се нажали“ (Јован 12:27). „Страв ја обзеде секоја душа“ (Дела 2:43). „Секоја душа да им се потчинува на претпоставените власти“ (Римјаните 13:1). „Зборувајте им утешно на потиштените души“ (1. Солунјаните 5:14, NW). „Малкумина, односно осум души се избавија од водата“ (1. Петрово 3:20).

7 Психе́, како не́феш, јасно се однесува на целата личност. Според изучувачот Најџел Тарнер, овој збор го „означува она што е карактеристично човечко, личното јас, материјалното тело кое го има Божјиот руах [дух] вдахнат во него . . . Нагласокот е врз целото свое јас“.

8. Дали животните се души? Објасни.

8 Во Библијата, зборот „душа“ не се применува само на луѓето туку и на животните. На пример, опишувајќи го создавањето на морските суштества, 1. Мојсеева 1:20 (NW) вели дека Бог заповедал: „Водите нека вријат од мноштво живи души“. А следниот ден на создавањето, Бог рекол: „Земјата нека даде живи души по своите видови, домашни животни и животни кои се движат и диви животни од земјата по својот вид“ (1. Мојсеева 1:24, NW; спореди 4. Мојсеева 31:28). Значи, „душа“ може да се однесува на едно живо суштество, било човечко или животинско.

„Душата“ како живот на едно суштество

9. а) Кое проширено значење може да му се припише на зборот „душа“? б) Дали ова е во конфликт со идејата дека душата е самата личност?

9 Понекогаш, зборот „душа“ се однесува на животот што го ужива една личност или животно. Ова не ја менува библиската дефиниција за душата како личност или животно. Да илустрираме: Велиме дека некој е жив, мислејќи дека тој е жива личност. Исто така, би можеле да речеме дека тој поседува живот. На истиот начин, една жива личност е душа. Сепак, додека е жива, за „душата“ може да се зборува како за нешто што човек го поседува.

10. Дај примери кои покажуваат дека зборот „душа“ може да се однесува на животот што го ужива една личност или едно животно.

10 На пример, Бог му рекол на Мојсеј: „Изумреа сите, што ја бараа душата твоја“ (2. Мојсеева 4:19). Јасно, Мојсеевите непријатели барале да му го одземат животот. Слична употреба на зборот „душа“ се гледа во следниве изјави. „Многу се уплашивме од вас за нашите души“ (Исус Навин 9:24, NW). „Побегнаа заради своите души“ (4. Царства 7:7, ДК). „Праведникот се грижи за душата на своето домашно животно“ (Изреки 12:10, NW). „Синот Човечки . . . дојде . . . да ја даде душата Своја за откуп на мнозина“ (Матеј 20:28). „Тој дојде речиси до смрт, изложувајќи ја својата душа на опасност“ (Филипјаните 2:30, NW). Во секој случај, зборот „душа“ значи „живот“.a

11. Што може да се рече за библиската употреба на зборот „душа“?

11 Според тоа, зборот „душа“, како што е употребен во Библијата, се однесува на некое лице или животно или, пак, на животот на кој му се радува едно лице или животно. Библиската дефиниција за душата е едноставна, доследна и неоптоварена со комплицирани човечки филозофии и празноверија. Но, што се случува со душата при смртта? За да одговориме на тоа прашање, првин мораме да разбереме зошто умираме.

[Фуснота]

a Матеј 10:28 исто така го употребува зборот „душа“ со значење „живот“.

[Слики на страница 20]

Сите тие се души

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели