ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ie стр. 21
  • Зошто умираме?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Зошто умираме?
  • Што ни се случува кога ќе умреме?
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Непослушноста донесува смрт
  • „Смртта премина на сите луѓе“
  • Зошто старееме и умираме?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
  • Ќе биде уништен последниот непријател — смртта
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Исус спасува — како?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Што значат за тебе смртта и воскресението на Исус?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Што ни се случува кога ќе умреме?
ie стр. 21

Зошто умираме?

„По сите брда сега е тивко, од сите блиски крошни славеј ќе чуеш и здив; птиците заспале на дрвјата: чекај; наскоро к’о нив ќе почиваш и ти“ (ЈОХАН ВОЛФГАНГ ФОН ГЕТЕ, ГЕРМАНСКИ ПОЕТ).

1, 2. а) Со каква желба биле создадени луѓето? б) На каков живот се радувала првата човечка двојка?

БОГ ги создал луѓето со копнеж да живеат засекогаш. Всушност, Библијата вели дека тој ‚во човечките срца вградил и мисла за вечност‘ (Проповедник 3:11, Радосна вест). Но, Бог сторил повеќе отколку на луѓето да им ја даде само желбата да живеат засекогаш. Тој им ја дал и приликата да го сторат тоа.

2 Нашите прародители, Адам и Ева, биле создадени совршени, без никаква маана во умот или телото (5. Мојсеева 32:4, NW). Замисли си — никакви хронични болки и маки, никакви морбидни стравови или тегобни загрижености! Освен тоа, Бог ги сместил во еден прекрасен рајски дом. Бог наумил човекот да живее засекогаш и, со текот на времето, Земјата да биде исполнета со негово совршено потомство (1. Мојсеева 1:31; 2:15). Тогаш, зошто умираме?

Непослушноста донесува смрт

3. Од што зависел вечниот живот за Адам и Ева?

3 Бог му заповедал на Адам: „Од секое дрво во градината можеш да јадеш, освен од дрвото за познавање на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш“ (1. Мојсеева 2:16, 17). Според тоа, вечниот живот за Адам и Ева бил условен; зависел од нивната послушност кон Бог.

4. Кога згрешиле, зошто Адам и Ева го изгубиле изгледот да живеат засекогаш во рајот?

4 Меѓутоа, за жал, Адам и Ева не го послушале Божјиот закон (1. Мојсеева 3:1—6). Правејќи го тоа, станале грешници, бидејќи „гревот е беззаконие“ (1. Јованово 3:4). Како последица на тоа, Адам и Ева повеќе го немале изгледот за вечен живот. Зошто? Затоа што „платата, што ја дава гревот, е смрт“ (Римјаните 6:23). Затоа, кога донесувал пресуда над Адам и Ева, Бог рекол: „Зашто си земја, и во земја ќе се вратиш!“ Нашите прародители потоа биле истерани од нивниот рајски дом. На денот кога згрешиле, Адам и Ева го започнале бавниот, но континуиран процес на умирање (1. Мојсеева 3:19, 23, 24).

„Смртта премина на сите луѓе“

5. На кој начин смртта се раширила на целата човечка раса?

5 Адам и Ева сега го имале гревот длабоко врежан во своите гени. Затоа, не можеле да произведуваат совршено потомство, исто како што еден несовршен калап не може да произведе совршен предмет (Јов 14:4). Всушност, секое човечко раѓање потврдува дека нашите прародители го изгубиле совршеното здравје и вечниот живот за себе и за своето потомство. Христијанскиот апостол Павле напишал: „Гревот влезе во светот преку еден човек, а преку гревот — смртта, по таков начин и смртта премина на сите луѓе преку еден човек, оти сите згрешија“ (Римјаните 5:12; спореди Псалм 50:5).

6. Зошто умираме?

6 Денес, научниците едноставно не знаат зошто луѓето стареат и умираат. Меѓутоа, Библијата објаснува дека умираме затоа што се раѓаме грешни, бидејќи оваа состојба сме ја наследиле од нашите први човечки родители. Но, што ни се случува кога ќе умреме?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели