ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • gf лекција 10 стр. 16-17
  • Како да се пронајде вистинската религија

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да се пронајде вистинската религија
  • Ти можеш да бидеш Божји пријател!
  • Сличен материјал
  • Религија што ја одобрува Бог
    Што навистина учи Библијата?
  • Да се препознае вистинската религија
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
  • Отфрли ја лажната религија!
    Ти можеш да бидеш Божји пријател!
  • Како да ја препознаеме вистинската религија?
    Одговор на библиски прашања
Повеќе
Ти можеш да бидеш Божји пријател!
gf лекција 10 стр. 16-17

Лекција 10

Како да се пронајде вистинската религија

Ако сакаш да му бидеш пријател на Бог, мораш да ја спроведуваш во дело религијата која Бог ја одобрува. Исус рекол дека „вистинските обожаватели“ ќе го обожаваат Бог во склад со ‚вистината‘ (Јован 4:23, 24, NW). Постои само еден исправен начин да се обожава Бог (Ефесјаните 4:4—6). Вистинската религија води до вечен живот, а лажната религија води до уништување (Матеј 7:13, 14).

Можеш да ја препознаеш вистинската религија ако ги набљудуваш луѓето кои ја спроведуваат во дело. Бидејќи Јехова е добар, неговите вистински обожаватели мораат да бидат добри луѓе. Исто како што добро портокалово дрво дава добри портокали така вистинската религија прави добри луѓе (Матеј 7:15—20).

Јеховините пријатели длабоко ја почитуваат Библијата. Тие знаат дека Библијата е од Бог. Дозволуваат она што таа го вели да ги води низ животот, да им ги решава проблемите и да им помогне да учат за Бог (2. Тимотеј 3:16). Се обидуваат да го спроведуваат во дело она што го проповедаат.

Јеховините пријатели покажуваат љубов еден кон друг. Исус покажал љубов кон луѓето со тоа што ги поучувал за Бог и со тоа што ги лечел болните. Оние кои ја спроведуваат во дело вистинската религија исто така покажуваат љубов кон другите. Како Исус, тие не гледаат со презир на оние што се сиромашни или припаѓаат на поинаква етничка група. Исус рекол дека луѓето ќе ги познаат неговите ученици по љубовта што ја покажуваат еден кон друг (Јован 13:35).

Божјите пријатели му искажуваат чест на Божјето име, Јехова. Ако некој одбива да го користи твоето име, дали тој ќе ти биде близок пријател? Не! Кога ние имаме пријател, го користиме неговото име и на другите им кажуваме добри работи за него. Така и оние кои сакаат да бидат Божји пријатели треба да го користат неговото име и на другите да им зборуваат за него. Јехова сака да го правиме тоа (Матеј 6:9; Римјаните 10:13, 14).

Како Исус, Божјите пријатели ги поучуваат луѓето за Божјето Царство. Божјето Царство е небесна влада која ќе ја направи Земјата рај. Божјите пријатели ја делат со другите оваа добра вест за Божјето Царство (Матеј 24:14).

Јеховините сведоци се обидуваат да му бидат пријатели на Бог. Тие ја почитуваат Библијата и имаат љубов помеѓу себе. Исто така го користат и му искажуваат чест на Божјето име, и ги поучуваат другите за Божјето Царство. Јеховините сведоци денес на Земјата ја спроведуваат во дело вистинската религија.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели