Лекција 14
Божјите пријатели го избегнуваат она што е лошо
Сатана ги заведува луѓето да прават лоши работи. Лице кое сака да биде Божји пријател треба да го мрази она што Јехова го мрази (Псалм 96:10). Еве неколку работи кои Божјите пријатели ги избегнуваат:
Сексуални гревови. „Не врши прељуба!“ (2. Мојсеева 20:14). Да се има секс пред бракот е исто така погрешно (1. Коринтјаните 6:18).
Пијанство. „Ни пијаниците . . . нема да го наследат царството Божјо“ (1. Коринтјаните 6:10).
Убиство, абортус. „Не убивај!“ (2. Мојсеева 20:13).
Крадење. „Не кради!“ (2. Мојсеева 20:15).
Лажење. Јехова мрази „јазик лажлив“ (Изреки 6:17).
Насилство и неконтролирана лутина. „[Јехова] сигурно го мрази секој кој го љуби насилството“ (Псалм 11:5, NW). „Делата на телото [вклучуваат] . . . изливи на гнев“ (Галатјаните 5:19, 20, NW).
Коцкање. „Престанете да се дружите со секој . . . кој е . . . лаком“ (1. Коринтјаните 5:11, NW).
Расна и етничка омраза. „Љубете ги непријателите свои . . . и молете се за оние што ве . . . гонат“ (Матеј 5:43, 44).
Работите што ни ги кажува Бог се за наше добро. Не е секогаш лесно да се избегне да се прават лоши работи. Со Јеховина помош и со помошта од неговите Сведоци, можеш да избегнеш да направиш работи кои предизвикуваат незадоволство кај Бог (Исаија 48:17; Филипјаните 4:13; Евреите 10:24, 25).