ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • jt стр. 3-5
  • Кои се тие?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кои се тие?
  • Јеховини сведоци — кои се тие? Што веруваат?
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • НИВНОТО ИМЕ
  • Кои се тие?
    Јеховините сведоци во дваесеттиот век
  • Божјето име и „Новиот завет“
    Божественото име кое ќе остане засекогаш
  • Што веруваат Јеховините сведоци?
    Што веруваат Јеховините сведоци?
  • Што веруваат Јеховините сведоци?
    Разбудете се! 2010
Повеќе
Јеховини сведоци — кои се тие? Што веруваат?
jt стр. 3-5

Кои се тие?

ЈЕХОВИНИТЕ сведоци сакаат подобро да ги запознаете. Можеби веќе сте ги сретнале како соседи или колеги на работното место, или во други секојдневни прилики во животот. Веројатно сте ги виделе на улица како им нудат списанија на минувачите. Или кратко сте разговарале со нив на Вашата врата.

Всушност, Јеховините сведоци се заинтересирани за Вас и за Вашето добро. Сакаат да бидат Ваши пријатели и да Ви кажат нешто повеќе за себе, за своите верувања, за својата организација и за тоа што мислат за луѓето и за светот во кој живееме сите. За да го постигнат тоа, ја подготвија оваа брошура за Вас.

Во повеќе погледи Јеховините сведоци се како и сите други луѓе. Си имаат вообичаени проблеми — економски, физички, емоционални. Понекогаш прават грешки, бидејќи не се совршени, вдахновени или непогрешливи. Но, настојуваат да учат од своите искуства, и марливо ја проучуваат Библијата за да ги направат потребните исправки. Тие му се предадени на Бог за да ја вршат неговата волја, и сосредоточени се да го исполнат тоа предание. Во сите свои активности бараат водство од Божјата реч и од неговиот свет дух.

Мошне важно им е нивните верувања да се темелат на Библијата, а не чисто на човечки шпекулации или на религиозни принципи. Го чувствуваат истото што и апостол Павле кој под инспирација изјавил: „Бог нека се најде вистинит, макар секој човек се покажува лажливец“ (Римјаните 3:4, Превод Нов Светa). Во однос на учењата кои се презентираат како библиска вистина, Сведоците енергично го одобруваат правецот кој го следеле жителите на Верија кога го чуле проповедањето на апостол Павле: „Ја примија речта со најголема горливост на умот, секојдневно испитувајќи го внимателно Писмото дали е тоа така“ (Дела 17:11). Јеховините сведоци веруваат дека сите религиозни учења треба да се подложат на овој испит за да се види дали се во склад со инспирираното Писмо, сеедно дали е тоа учење кое го презентираат тие или некој друг. Тие Ве покануваат — Ве поттикнуваат — да го сторите тоа во Вашите дискусии со нив.

Од ова се гледа дека Јеховините сведоци веруваат во Библијата како реч Божја. Нејзините 66 книги ги сметаат за инспирирани и историски точни. На она што обично се нарекува Нов завет се осврнуваат како на Христијански грчки списи, а Стариот завет го нарекуваат Хебрејски списи. Се потпираат на обата дела, на Грчките и на Хебрејските списи, и ги земаат буквално, освен на местата каде што изразите или контекстот очигледно покажуваат дека тие се фигуративни или симболични. Сфаќаат дека многу од пророштвата од Библијата веќе се исполниле, дека други се исполнуваат сега, а трети допрва треба да се исполнат.

НИВНОТО ИМЕ

Јеховини сведоци? Да, така се нарекуваат. Тоа е описно име кое покажува дека тие сведочат за Јехова, неговото Божество и неговите намери. „Бог“, „Господ“ и „Творец“ се титули — како „претседател“, „цар“ и „генерал“ — и можат да се применат на неколку личности. Но, „Јехова“ е лично име и укажува на семоќниот Бог и Творец на универзумот. Ова се гледа од Осија 12:5: „А Господ е Бог Саваот; Јехова е името Негово“.

Името Јехова (или Јахве, како што претпочитаат преводот на Д-р/Д-р Душан Х. Константинов и некои изучувачи) се појавува во оригиналните Хебрејски списи скоро 7.000 пати. Во повеќето Библии не се појавува како такво туку е заменето со „Бог“ или „Господ“. Меѓутоа, дури и во тие Библии, обично може да се каже каде во оригиналниот хебрејски текст се користи Јехова, бидејќи на тие места зборовите со кои е заменето се напишани со големи букви, како на пример: БОГ, ГОСПОД. Неколку современи преводи го употребуваат или името Јехова или името Јахве. Така, Исаија 42:8 во New World Translation гласи: „Јас сум Јехова. Тоа е моето име“.

Библискиот извештај кој го користат Јеховините сведоци за своето име е 43. поглавје од Исаија. Таму светската сцена е претставена како драма во судница: Боговите на нациите се повикани да доведат свои сведоци за да ги докажат своите наводни случаи на праведност или за да ги сослушаат сведоците од Јеховината страна и да ја признаат вистината. Таму Јехова на својот народ му вели: „Вие сте мои сведоци, вели Јехова, и мој слуга кого го избрав; за да знаете и да ми верувате, и да разберете дека јас сум тој: пред мене не беше создаден ниеден Бог, ниту после мене ќе има. Јас, токму јас, сум Јехова; и освен мене нема спасител“ (Исаија 43:10, 11, American Standard Version).

Јехова Бог имал сведоци на Земјата во текот на неколку илјади години пред да се роди Христос. Откако во Евреите, 11. поглавје, се наброени некои од тие луѓе од вера, во Евреите 12:1 се вели: „Затоа и ние, бидејќи сме опколени од толку голем облак на сведоци, да го симнеме секој товар и грев кој лесно нѐ заплеткува, и со истрајност да трчаме во трката што стои пред нас“. Исус пред Понтиј Пилат рекол: „Јас за тоа се родив и за тоа дојдов на светот, за да сведочам за вистината“. Тој е наречен „верниот и вистинскиот сведок“ (Јован 18:37; Откровение 3:14). На своите ученици Исус им рекол: „Ќе примите сила кога светиот дух ќе дојде на вас, и ќе ми бидете сведоци како во Ерусалим така и во цела Јудеја и Самарија, па сѐ до најоддалечениот дел од земјата“ (Дела 1:8).

Затоа, околу 6.000.000 лица денес во над 230 земји кои ја кажуваат добрата вест за Јеховиното царство преку Христос Исус сметаат дека е исправно себеси да се нарекуваат Јеховини сведоци.

[Фуснота]

a Библиските цитати од Христијанските грчки списи кои се наведени во оваа брошура се од овој превод, а цитатите од Хебрејските списи се од Библијата на македонски јазик (СП), издание од 1991, освен ако не е наведено поинаку.

[Истакната мисла на страница 4]

Предадени му се на Бог за да ја вршат неговата волја

[Истакната мисла на страница 4]

Веруваат дека Библијата е Божја реч

[Истакната мисла на страница 5]

Името е поврзано со една драма во судница

[Истакната мисла на страница 5]

Околу 6.000.000 Сведоци во над 230 земји

[Слика на страница 3]

Тие се заинтересирани за Вас

[Слика на страница 4]

Божјето лично име на древен хебрејски јазик

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели