ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • be тема 12 стр. 121-стр. 123 пас. 3
  • Гестови и изрази на лицето

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Гестови и изрази на лицето
  • Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Сличен материјал
  • Воодушевеност
    Посвети се на читањето и поучувањето
  • Природност
    Посвети се на читањето и поучувањето
  • Срдечност и сочувство
    Посвети се на читањето и поучувањето
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
be тема 12 стр. 121-стр. 123 пас. 3

СТУДИЈА 12

Гестови и изрази на лицето

Што треба да правиш?

Користи движења на рацете, рамениците или на целото тело за да изразиш идеи, чувства или ставови.

Користи ги очите и устата, како и положбата на главата за да го засилиш кажаниот збор или за да пренесеш чувства.

ЗОШТО Е ВАЖНО?

Гестовите и изразите на лицето му додаваат визуелен и емоционален акцент на она што го зборуваш. Можат да ги побудат твоите чувства и на тој начин да го оживеат твојот глас.

ЛУЃЕТО од некои култури гестикулираат послободно отколку луѓе со поинакво потекло. Сепак, практично секој зборува правејќи промени во изразот на лицето и некакви гестикулации. Ова е случај и во приватен разговор и при јавно говорење.

Гестовите кај Исус и кај неговите први ученици биле природни. Во една прилика, некој го известил Исус дека мајка му и неговите браќа сакаат да разговараат со него. Исус одговорил: „Која е моја мајка и кои се мои браќа?“ Потоа, Библијата додава: „Протегнувајќи ја раката спрема своите ученици, рече: ,Еве! Мојата мајка и моите браќа!‘ “ (Мат. 12:48, 49). Меѓу другите осврти, во Дела 12:17 и 13:16 Библијата покажува дека апостолите Петар и Павле исто така спонтано користеле гестови.

Идеите и чувствата не се пренесуваат само со гласот, туку и со гестовите и изразите на лицето. Ако не се користат добро, може да се остави впечаток дека оној што зборува е рамнодушен. Но, кога вкусно ќе се спојат, овие средства на комуникација многу ја зголемуваат делотворноста на говорот. Дури и кога зборуваш по телефон, ако соодветно користиш гестови и изрази на лицето, твојот глас полесно ќе ја пренесе важноста на пораката, како и твоите лични чувства за она што го кажуваш. Затоа, сеедно дали зборуваш спонтано или читаш, сеедно дали присутните гледаат во тебе или во своите Библии, гестовите и изразите на лицето си имаат своја вредност.

Твоите гестови и изрази на лицето не треба да бидат како научени од книга. Никогаш не си морал да учиш како да се смееш или како да се лутиш. Гестовите треба да ги изразуваат и чувствата што се во тебе. Колку твоите гестови се поспонтани толку подобро.

Гестовите се делат на две главни категории: описни гестови и гестови за нагласување. Описните гестови изразуваат акција или покажуваат димензија и локација. Во школата, кога работиш на користењето гестови, немој да бидеш задоволен само со еден или два. Обиди се да гестикулираш на природен начин низ целиот говор. Ако ти е проблем да го правиш тоа, можеби ќе ти биде од помош ако побараш зборови што покажуваат правец, растојание, големина, локација или некои релативни положби. Меѓутоа, во многу случаи, сѐ што треба да сториш е да се внесеш во говорот и да не се грижиш за тоа каков впечаток оставаш, туку да ги кажуваш и правиш работите исто како во секојдневниот живот. Кога лицето е опуштено, гестовите си доаѓаат природно.

Гестовите за нагласување изразуваат чувство и уверување. Тие ги истакнуваат, оживуваат и засилуваат идеите. Гестовите за нагласување се важни. Но, внимавај! Гестовите за нагласување лесно можат да станат особеност. Ако секогаш одново користиш ист гест, тој може да почне да привлекува внимание кон себе наместо да го збогати твојот говор. Ако надгледникот на школата ти укаже дека ова ти е проблем, извесно време обиди се да се ограничиш само на описните гестови. По некое време почни повторно да користиш гестови за нагласување.

При одредувањето до која мера да користиш гестови за нагласување и кои гестови се соодветни, размисли за чувствата на оние на кои им зборуваш. Ако покажуваш со прст кон присутните, тие можат да се чувствуваат непријатно. Во некои култури, ако некој маж прави извесни гестови како, на пример, да стави рака на уста за да изрази изненадување, на тоа се гледа како на женскост. Во некои делови на светот е нескромно жените слободно да гестикулираат со рацете. Затоа, на тие места сестрите треба особено добро да ги користат изразите на лицето. А пред мала група, претераните гестови можат да се сметаат за комични во речиси секој дел на светот.

Како што ќе стекнуваш искуство и ќе стануваш поопуштен додека зборуваш така сите гестови за нагласување што ги користиш природно ќе ги изразуваат твоите внатрешни чувства, што ќе биде доказ за твојата увереност и искреност. Тоа ќе го осмисли она што го зборуваш.

Изразот на лицето. Лицето, најмногу од кое и да е друго физичко обележје, изразува како навистина се чувствуваш. Очите, обликот на устата, начинот на кој ја држиш главата си играат своја улога. Без да кажеш збор, твоето лице може да пренесе рамнодушност, одвратност, збунетост, зачуденост или восхит. Кога тие изрази на лицето се проследени со кажан збор, тоа му додава визуелен и емоционален ефект. Творецот поставил на лицето приличен број мускули — повеќе од 30. Кога се смееш, учествуваат речиси половина од нив.

Сеедно дали си на подиум или учествуваш во службата на теренот, ти настојуваш да споделиш со луѓето една порака која е угодна, која може да ги израдува нивните срца. Тоа го потврдува една топла насмевка. Од друга страна, пак, ако на твоето лице нема никаков израз, ова може да предизвика прашања во врска со твојата искреност.

И не само тоа, насмевката им кажува на другите дека имаш љубезно чувство кон нив. Тоа е особено важно во овие денови кога луѓето честопати се плашат од непознати. Твојата насмевка може да им помогне да се опуштат и да бидат поприемливи за она што го кажуваш.

ТОЧКИ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ЗАДРЖИШ НА УМ

  • Најделотворните гестови и изрази на лицето доаѓаат од внатрешното јас. Набљудувај што прават другите, но немој да се обидуваш да ги имитираш во детали.

  • Проучувај го материјалот за твоите говори сѐ додека добро да го запознаеш. Почувствувај го, претстави си го, а потоа употреби ги гласот, рацете и лицето за да го изразиш.

ВЕЖБИ: 1) Прочитај го Битие 6:13-22. Со свои сопствени зборови опиши ги изградбата на арката и собирањето на животните. Не грижи се за деталите; кажи го само она што си го запомнил. Додека го правиш тоа, користи описни гестови. Замоли некој да те набљудува и да ти даде забелешки. 2) Разговарај на начин како да му сведочиш некому за Божјето Царство и за благословите што ќе ги донесе тоа. Погрижи се изразите на твоето лице да ги одразуваат твоите вистински чувства за она што го опишуваш.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели