ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • be тема 30 стр. 186-стр. 189 пас. 4
  • Да се покаже интерес за другиот

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Да се покаже интерес за другиот
  • Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Сличен материјал
  • Како да ги подобриш вештините за разговор
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Напор да се достигне срцето
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Да се истакне практичната корист
    Посвети се на читањето и поучувањето
  • Следи го примерот на Големиот Учител
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
Повеќе
Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
be тема 30 стр. 186-стр. 189 пас. 4

СТУДИЈА 30

Да се покаже интерес за другиот

Што треба да правиш?

Покажи дека си заинтересиран за мислите на другите и дека си загрижен за нивното добро.

ЗОШТО Е ВАЖНО?

Ова е еден начин на кој ја имитираме љубовта што ја покажува Јехова и кој ни овозможува да го достигнеме срцето на другиот.

КОГА ги споделуваме библиските вистини со другите, треба да правиме повеќе отколку само да го информираме умот. Мораме да апелираме на срцето. Еден начин да го постигнеме тоа е да покажеме искрен личен интерес за нашите слушатели. Тој интерес можеме да го покажеме на различни начини.

Земи го предвид гледиштето на твоите слушатели. Апостол Павле ги зел предвид заднината и размислувањето на своите слушатели. Тој објаснил: „На Евреите им станав како Евреин, за да ги придобијам Евреите; на оние кои се под закон им станав како под закон, иако самиот не сум под закон, за да ги придобијам оние кои се под закон. На оние кои се без закон им станав како без закон, иако не сум без закон спрема Бог, туку сум под закон спрема Христос, за да ги придобијам оние кои се без закон. На слабите им станав слаб, за да ги придобијам слабите. На луѓето од сите видови им станав сѐ, за на секаков можен начин да спасам некои. Но, сѐ правам заради добрата вест, за да имам удел во неа со другите“ (1. Кор. 9:20-23). Како ние денес ,да им станеме сѐ на луѓето од сите видови‘?

Ако имаш можност да ги набљудуваш другите, макар за кратко, уште пред да разговараш со нив, можеби ќе забележиш некои показатели за нивните интереси и околности. Можеш ли да видиш која е нивната професија? Гледаш ли некаков доказ за нивните религиозни верувања? Постои ли показател за нивната семејна состојба? На темел на тоа што си го забележал, можеш ли да ја приспособиш презентацијата за да биде попривлечна за твоите слушатели?

За да ја направиш презентацијата попривлечна, треба однапред да размислиш како да им пристапиш на луѓето на твоето подрачје. На некои места, ова ги опфаќа и луѓето што се доселиле од странство. Ако на твоето подрачје живеат такви луѓе, дали си нашол некој делотворен начин да им сведочиш? Со оглед на тоа што Божја волја е „сите видови луѓе да се спасат и да дојдат до точно спознание на вистината“, нека ти биде цел на секого што ќе го сретнеш да му ја презентираш пораката за Царството на привлечен начин (1. Тим. 2:4).

Слушај внимателно. Иако е сезнаен, Јехова ги слуша другите. Пророкот Михеј добил една визија во која видел како Јехова ги охрабрувал ангелите да ги искажат своите идеи за тоа како да се постапи во извесна ситуација. Потоа, Бог му дозволил на еден ангел да го спроведе сопствениот предлог што го дал (1. Цар. 22:19-22). Кога Авраам изразил загриженост во врска со судот што требало да се изврши врз Содом, Јехова љубезно го ислушал (Бит. 18:23-33). Како да го имитираме Јеховиниот пример на слушање во нашата служба?

Охрабри ги другите да се искажат. Постави им пригодно прашање и направи доволно долга пауза за да одговорат. Вистински слушај. Твоето обѕирно внимание ќе ги охрабри да зборуваат слободно. Ако нивниот одговор открие нешто за нивните интереси, тактично потпрашај ги уште нешто. Без да го претвориш разговорот во крстосано испрашување, настојувај подобро да ги запознаеш. Пофали ги за нивните мислења, ако можеш искрено да го сториш тоа. Дури и ако не се сложуваш со нивното гледиште, биди љубезен додека покажуваш ценење за нивните искажувања (Кол. 4:6).

Меѓутоа, треба да внимаваме нашиот интерес за луѓето да не ја премине границата на пристојност. Грижата за другите не ни дава право да се мешаме во нивните приватни работи (1. Петр. 4:15). Треба да внимаваме да не се случи лице од спротивниот пол погрешно да го разбере нашиот љубезен интерес. Со оглед на тоа што мерата на пристоен интерес се разликува од земја до земја, па дури и од човек до човек, потребно е добро просудување (Лука 6:31).

Подготовката е помагало за да се биде добар слушател. Кога пораката јасно ја имаме во мислите, тоа ни помага да се опуштиме и да им обрнеме внимание на другите на природен начин. Ова ги опушта и ги прави порасположени да разговараат со нас.

Со тоа што ги слушаме другите, им искажуваме чест (Рим. 12:10). Тоа дава доказ дека ги цениме нивните мислења и чувства. Може дури и да ги наведе да посветат поголемо внимание на она што имаме да им го кажеме. Значи, Божјата реч со добра причина нѐ советува да ,бидеме брзи на слушање, бавни на зборување‘ (Јак. 1:19).

Помогни им на другите да напредуваат. Грижата за другите ќе нѐ наведе и понатаму да размислуваме за оние што покажуваат интерес и повторно да ги посетиме за да ги споделиме библиските вистини што најдиректно ги задоволуваат нивните потреби. Кога размислуваш за наредната посета, земи предвид што си дознал за нив во текот на претходните посети. Подготви информации во врска со темата што ги интересира. Истакни ја практичната вредност на материјалот и помогни им да увидат како да извлечат корист од она што го учат (Иса. 48:17).

Ако твојот слушател открие некоја ситуација или проблем што му тежи на душата, тоа сметај го за посебна прилика да ја споделиш добрата вест со него. Следи го примерот на Исус, кој секогаш бил спремен да ги утеши оние што биле во неволја (Мар. 6:31-34). Спротивстави се на искушението да понудиш брзо решение или да дадеш површен совет. Ова би можело да биде причина човекот да мисли дека ти недостига искрен интерес. Наместо тоа, покажи сочувство (1. Петр. 3:8). Потоа, истражувај во библиските публикации и сподели ги изградувачките информации за да му помогнеш да се справи со својата ситуација. Се разбира, љубезната грижа за слушателот ќе те спречи да ги откриваш доверливите работи што ти ги кажува, освен ако постои добра причина за тоа (Посл. 25:9).

Особено треба да покажуваме личен интерес за оние со кои водиме библиски студии. Размислувај во молитва за потребите на секој студент и подготвувај се за студијата имајќи ги на ум тие потреби. Запрашај се: ,Што треба да направи тој или таа како следно за да продолжи духовно да напредува?‘ Со љубов помагај му на студентот да го цени она што го кажуваат за таа работа Библијата и публикациите на „верниот и разборит роб“ (Мат. 24:45). Во некои случаи, можеби нема да биде доволно само да дадеш објаснување. Можеби ќе треба да му покажеш на студентот како да примени извесно библиско начело, всушност, заедно да сторите нешто од кое ќе се види неговата примена (Јован 13:1-15).

Кога им помагаме на другите да го доведат животот во согласност со Јеховините мерила, потребни се урамнотеженост и добро просудување. Луѓето имаат различни заднини и способности, па напредуваат со различна брзина. Биди разумен во твоите очекувања од другите (Фил. 4:5). Не врши притисок врз нив да прават промени во животот. Дозволи Божјата реч и неговиот дух да ги мотивираат. Јехова сака луѓето да му служат од спремно срце, а не под принуда (Псал. 110:3). Избегнувај да изразуваш свои сопствени мислења за личните одлуки пред кои стојат другите, и макар да го бараат тоа од тебе, внимавај да не донесуваш одлуки наместо нив (Гал. 6:5).

Помогни им практично. Иако првенствено бил загрижен за духовната благосостојба на своите слушатели, Исус бил осетлив и за другите нивни потреби (Мат. 15:32). Дури и ако имаме ограничени материјални средства, постојат многу практични начини на кои можеме да помогнеме.

Интересот за другите ќе нѐ поттикне да бидеме обѕирни. На пример, доколку временските услови му создаваат непријатности на твојот слушател, премести се на некое попогодно место или договори се да ја продолжите дискусијата во друга прилика. Доколку си дошол во незгодно време, предложи да навратиш подоцна. Ако соседот или некој што покажал интерес е болен или е во болница, покажи грижа на тој начин што ќе му испратиш картичка или кратко писмо или, пак, ќе го посетиш. Доколку е погодно, би можел да обезбедиш едноставен оброк или да направиш некој друг љубезен гест.

Како што библиските студенти ќе напредуваат, можеби ќе почувствуваат емоционална празнина поради тоа што не поминуваат толку време со поранешните другари. Спријатели се со нив. Поминувај време разговарајќи со нив по библиската студија и во други прилики. Охрабри ги да негуваат добро друштво (Посл. 13:20). Помогни им да присуствуваат на христијанските состаноци. Седи со нив на тие собири и помагај им околу децата за да можат сите да извлечат поцелосна корист од програмата.

Покажувај интерес од срце. Покажувањето интерес за луѓето не е некаква техника што треба да се совлада, туку особина на срцето. Колкав е нашиот интерес за другите се гледа на многу начини. Тој се покажува во начинот на кој слушаме и во она што го кажуваме. Се гледа во љубезноста и обѕирот што го покажуваме кон другите. Дури и кога не кажуваме или не правиме ништо, се открива преку нашиот став и изразите на лицето. Ако навистина се грижиме за другите, тие сигурно ќе го осетат тоа.

Најважната причина да покажуваме искрен интерес за другите е тоа што на тој начин ги имитираме љубовта и милоста на нашиот небесен Татко. Ова помага нашите слушатели да ги привлечеме кон Јехова и кон пораката што тој ни ја дал да ја шириме. Затоа, додека ја споделуваш добрата вест, настојувај да гледаш „со личен интерес не само на сопствените работи туку со личен интерес и на туѓите“ (Фил. 2:4).

КАКО ДА ПОКАЖЕШ ВИСТИНСКИ ИНТЕРЕС

  • Слушај кога другиот зборува. Заблагодари му што ги изразил своите мислења и чувства. Поставувај му прашања за појасно да разбереш како размислува.

  • Размислувај за лицето откако сте разговарале. Набрзо повторно контактирај со него.

  • Споделувај ги библиските вистини кои најдиректно ги задоволуваат неговите потреби.

  • Помагај му. Земај ги предвид неговите моментални и долгорочни потреби.

ВЕЖБИ: 1) Пред некој собраниски состанок, покажи личен интерес за некој од присутните. Нека биде тоа повеќе отколку само да го поздравиш. Настојувај подобро да го запознаеш. Покажи дека се грижиш. Редовно прави го тоа. 2) Во службата на теренот покажи личен интерес за некој што ќе го сретнеш. Нека биде тоа повеќе отколку само да му дадеш сведоштво. Запознај го лицето. Она што го кажуваш и правиш приспособи го кон она што го учиш за поединецот. Постојано барај прилики да го правиш тоа.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели