ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lr погл. 15 стр. 82-86
  • Поука да бидеме љубезни

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Поука да бидеме љубезни
  • Учи од Големиот Учител
  • Сличен материјал
  • Самарјанинот кој покажал дека е вистински ближен
    Исус — патот, вистината и животот
  • Начинот на кој Исус поучувал
    Мојата книга со библиски приказни
  • Еден Самарјанин се докажува како добар ближен
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
  • Ближниот Самарјанин
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
Повеќе
Учи од Големиот Учител
lr погл. 15 стр. 82-86

ПОГЛАВЈЕ 15

Поука да бидеме љубезни

Две девојчиња

ЗНАЕШ ЛИ што е предрасуда?⁠— Па, предрасуда е кога некој не ти се допаѓа само затоа што можеби изгледа поинаку или можеби зборува друг јазик. Така, да имаш предрасуди значи да имаш лошо чувство или мислење за некој уште пред вистински да го запознаеш.

Дали мислиш дека е исправно некој да не ти се допаѓа уште пред вистински да го запознаеш каков е или само затоа што е поинаков?⁠— Не, да се има предрасуди не е во ред, а не е ни љубезно. Ние не треба да бидеме нељубезни кон некој само затоа што е поинаков од нас.

Размисли за ова: Познаваш ли некој кој има боја на кожата што се разликува од твојата или кој зборува јазик што не е ист како твојот?⁠— Можеби дури познаваш и луѓе што изгледаат поинаку затоа што биле повредени или се болни. Дали си љубезен и дали покажуваш љубов кон оние што се разликуваат од тебе?⁠—

Две дечиња со различна боја на кожата си играат заедно

Како треба да постапуваме со оние што можеби се разликуваат од нас?

Ако го слушаме Големиот Учител, Исус Христос, ќе бидеме љубезни кон сите. За нас воопшто не е важно од која земја е некој човек или каква боја му е кожата. Треба да бидеме љубезни со него. Иако сите луѓе не мислат така, тоа е поука која ја дал Исус. Да позборуваме за тоа.

Еден Евреин што имал предрасуди кон другите дошол кај Исус и го прашал: ‚Што морам да правам за да живеам засекогаш?‘ Исус знаел дека човекот веројатно се обидува да го натера да каже дека треба да бидеме љубезни само со луѓето од нашата раса или националност. Затоа, наместо самиот да му одговори на прашањето, Исус го прашал човекот: ‚А што вели Божјиот закон, што мораме да правиме?‘

Човекот одговорил: ‚Љуби го Јехова својот Бог, со сето свое срце, и љуби го својот ближен како самиот себе‘. Исус рекол: ‚Точно одговори. Прави го тоа и ќе добиеш вечен живот‘.

Меѓутоа, човекот не сакал да биде љубезен или да покажува љубов кон луѓето што се разликувале од него. Затоа пробал да најде изговор. Тој го прашал Исус: „А кој е, всушност, мојот ближен?“ Можеби тој сакал Исус да рече: „Ближни ти се пријателите“ или: „Тоа се луѓето што изгледаат исто како тебе“. За да одговори на тоа прашање, Исус раскажал приказна за еден Евреин и еден Самарјанин. Еве како течела таа.

Еден човек слегувал од градот Ерусалим по патот кон Ерихон. Овој човек бил Евреин. Додека си одел по патот, го фатиле разбојници. Го удриле, го турнале на земја и му ги зеле парите и облеката. Разбојниците го претепале и го оставиле покрај патот полумртов.

По кратко време, по патот наишол еден свештеник. Тој го видел човекот што бил тешко ранет. Што ќе си направел ти?⁠— Па, свештеникот само си преминал од другата страна на патот. Не ни застанал. Не направил воопшто ништо за да му помогне на човекот.

Еден свештеник и еден левит одминуваат еден човек кој лежи на патот полумртов; еден Самарјанин му приоѓа

Потоа, по патот наишол еден друг многу религиозен човек. Тој бил Левит што служел во храмот во Ерусалим. Дали тој застанал да помогне?⁠— Не. И тој постапил како свештеникот.

На крајот, наишол еден Самарјанин. Можеш ли да го видиш на свиокот од патот?⁠— Тој видел дека Евреинот лежи тешко ранет. Но, повеќето Самарјани и Евреи воопшто не се сакале едни со други (Јован 4:9). Дали овој Самарјанин ќе го остави човекот без да му помогне? Дали ќе си рече: ‚Зошто да му помогнам на овој Евреин? Тој немаше да ми помогне да бев јас ранет‘.

Самарјанинот се симнува од животното на кое јава и му помага на човекот што лежи покрај патот

Зошто Самарјанинот бил добар ближен?

Па, Самарјанинот го видел човекот што лежел покрај патот, и му паднало жал за него. Не можел да го остави таму да умре. Затоа, слегол од своето животно, дошол до човекот и почнал да му ги средува раните. Му ги полеал со масло и со вино. Тоа требало да помогне раните да се залечат. Потоа му ги преврзал.

Самарјанинот нежно го качил ранетиот човек на своето животно. Потоа, полека тргнале по патот и дошле до една гостилница, или мал хотел. Таму Самарјанинот нашол место за човекот, и добро се погрижил за него.

Тогаш Исус го прашал човекот со кого разговарал: ‚Што мислиш, кој од овие тројца бил добар ближен?‘ Што би рекол ти? Дали тоа бил свештеникот, Левитот или Самарјанинот?⁠—

Човекот одговорил: ‚Добар ближен бил оној што застанал и се погрижил за ранетиот човек‘. Исус рекол: ‚Имаш право. Оди, па и ти прави така‘ (Лука 10:25-37).

Зарем ова не беше многу убава приказна? Таа јасно покажува кои се нашите ближни. Тоа не се само нашите блиски пријатели. И тоа не се само луѓето што имаат иста боја на кожата како ние или кои го зборуваат истиот јазик. Исус нѐ поучил да бидеме љубезни со луѓето без разлика на тоа од каде се, како изгледаат или кој јазик го зборуваат.

Јехова Бог е таков. Тој нема предрасуди. ‚Вашиот Татко на небото дава неговото сонце да изгрева и за лошите и за добрите луѓе‘, рекол Исус. ‚И, тој дава да паѓа дожд за добрите луѓе и за оние што не се добри.‘ Значи, ние треба да бидеме љубезни со сите, каков што е Бог (Матеј 5:44-48).

Едно девојче му помага на друго девојче со поинаква боја на кожата да стави фластер на повреденото колено

Како можеш ти да бидеш добар ближен?

Затоа, ако видиш дека некој е повреден, што ќе направиш?⁠— Што ако тој е од друга земја или нема иста боја на кожата како твојата? Тој сепак е твој ближен, и треба да му помогнеш. Ако мислиш дека си премногу мал за да му помогнеш, тогаш замоли да му помогне некој постар. Можеш да викнеш и полицаец или учител. Тогаш ќе бидеш љубезен, како Самарјанинот.

Големиот Учител сака да бидеме љубезни. Тој сака да им помагаме на другите, кои и да се тие. Затоа ја раскажал приказната за љубезниот Самарјанин.

Во врска со оваа поука да се биде љубезен кон луѓето без разлика на нивната раса или националност, прочитај Пословици 19:22; Дела 10:34, 35 и 17:26.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели