ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lr погл. 27 стр. 142-146
  • Кој е твојот Бог?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Кој е твојот Бог?
  • Учи од Големиот Учител
  • Сличен материјал
  • Тие не сакаат да се поклонат
    Мојата книга со библиски приказни
  • Нивната вера одолеала на тешкото искушение
    Обрни внимание на Даниеловото пророштво!
  • Тројцата Евреи не се поклониле
    Поуки од Библијата
  • ‚Нашиот Бог може да нѐ избави‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
Повеќе
Учи од Големиот Учител
lr погл. 27 стр. 142-146

ПОГЛАВЈЕ 27

Кој е твојот Бог?

ЗОШТО е важно прашањето: ‚Кој е твојот Бог?‘⁠— Затоа што луѓето обожаваат многу богови (1. Коринќаните 8:5). Кога апостол Павле добил моќ од Јехова да излекува еден човек кој никогаш порано не одел, луѓето извикале: „Боговите станаа како луѓе и слегоа при нас!“ Луѓето сакале да ги обожаваат Павле и неговиот пријател, Варнава. Павле го нарекле Хермес, а Варнава — Зевс, а тоа биле имињата на лажни богови.

Но, Павле и Варнава не дозволиле луѓето да ги обожаваат нив. Тие скокнале меѓу народот и рекле: ‚Обратете се од овие суетни работи кон живиот Бог‘ (Дела 14:8-15). Кој е „живиот Бог“, кој ги создал сите работи?⁠— Да, тоа е Јехова, ‚Севишниот на целата земја‘. Исус го нарекол Јехова „единствениот вистински Бог“. Значи, само кој заслужува да биде обожаван?⁠— Само Јехова! (Псалм 83:18; Јован 17:3; Откровение 4:11).

Павле и Варнава ги спречуваат луѓето да ги обожаваат

Зошто Павле и Варнава не дозволиле луѓето да им се поклонат?

Повеќето луѓе обожаваат други богови, а не „единствениот вистински Бог“. Тие честопати обожаваат работи што ги прават од дрво, камен или од метал (Излез 32:4-7; Левит 26:1; Исаија 44:14-17). Дури и мажи и жени што стануваат славни понекогаш се наречени богови, ѕвезди или идоли. Дали е исправно да им се оддава слава ним?⁠—

Откако Савле станал апостол Павле, напишал: „Богот на овој систем на работи им ги заслепил умовите на неверниците“ (2. Коринќаните 4:4). Кој е овој бог?⁠— Да, Сатана Ѓаволот! Сатана успеал да ги натера луѓето да обожаваат многу луѓе и предмети.

Кога Сатана се обидел да го натера Исус да му се поклони и да го обожава, што му рекол Исус?⁠— „Јехова, твојот Бог, да го обожаваш, и единствено нему да му принесуваш света служба“ (Матеј 4:10). Значи, Исус јасно покажал дека обожавањето му припаѓа само на Јехова. Ајде да прочитаме за некои младичи што го знаеле ова. Тие се викале Седрах, Мисах и Авденаго.

Овие млади Евреи ѝ припаѓале на Божјата нација Израел и биле одведени во заробеништво во земјата Вавилон. Таму, еден цар што се викал Навуходоносор направил огромен златен кип. Еден ден тој наредил кога ќе засвири музика, сите да се поклонат пред кипот. ‚Кој нема да се поклони и нема да обожава, ќе биде фрлен во печка со разгорен оган‘, предупредил тој. Што ќе направеше ти?⁠—

Седрах, Мисах и Авденаго одбиваат да се поклонат пред кипот

Зошто овие луѓе не сакаат да му се поклонат на кипот?

Седрах, Мисах и Авденаго обично правеле сѐ што ќе заповедал царот. Но, ова одбиле да го направат. Знаеш ли зошто?⁠— Затоа што Божјиот закон велел: ‚Немој да имаш други богови освен мене. Немој да си правиш режан лик ниту да му се поклонуваш‘ (Излез 20:3-5, NW). И така, Седрах, Мисах и Авденаго му биле послушни на Јеховиниот закон, наместо на заповедта на царот.

Царот бил многу лут, па затоа веднаш наредил тројцата млади Евреи да бидат доведени пред него. Ги прашал: ‚Вистина ли е дека не им служите на моите богови? Ќе ви дадам уште една шанса. Кога ќе ја чуете музиката, паднете на колена и обожавајте го кипот што го направив. Ако не го направите тоа, ќе бидете фрлени во печка со разгорен оган. И кој е тој бог што ќе може да ве спаси од моите раце?‘

Што ќе прават младите луѓе сега? Што ќе направеше ти?⁠— Тие му рекле на царот: ‚Нашиот Бог на кого му служиме може да нѐ спаси. Но, дури и да не го направи тоа, нема да им служиме на твоите богови. Нема да се поклониме пред твојот златен кип‘.

Царот се разбеснил. Тој заповедал: ‚Вжарете ја печката седумпати повеќе отколку обично!‘ Потоа им наредил на своите силни луѓе да ги врзат Седрах, Мисах и Авденаго и да ги фрлат во печката! Таа била толку вжештена што пламењата ги убиле дури и луѓето на царот! А што се случило со тројцата Евреи?

Седрах, Мисах и Авденаго паднале среде огнот. Но, потоа станале! Не биле повредени. И веќе не биле врзани. Како било можно ова?⁠— Царот погледнал во печката, и се уплашил од она што го видел. ‚Зарем не фрливме во огнот тројца?‘, прашал тој. Неговите слуги одговориле: ‚Да, царе!‘

Јеховин ангел ги спасува Седрах, Мисах и Авденаго од вжарената печка

Како Јехова ги спасил своите слуги од вжарената печка?

Тогаш царот рекол: ‚Ене, гледам четири мажи, и ништо не им е од огнот‘. Знаеш ли кој бил четвртиот?⁠— Тоа бил Јеховин ангел. Тој ги заштитил тројцата Евреи да не бидат повредени.

Кога го видел ова, царот дошол до вратата на печката и извикал: „Седрах, Мисах и Авденаго, слуги на Највишиот Бог, излезете и дојдете ваму!“ Кога излегле, сите можеле да видат дека ништо не им било изгорено. Дури не ни мирисале на оган. Тогаш царот рекол: ‚Нека е благословен Богот на Седрах, Мисах и Авденаго, кој го испрати својот ангел и ги спаси своите слуги, затоа што не обожаваа друг бог освен својот Бог‘ (Даниел, 3. поглавје).

Знаме, пејачка и спортски ѕвезди како дел од идолите што луѓето денес ги обожаваат

На какви идоли им оддаваат слава луѓето денес?

Ние можеме да извлечеме поука од она што се случило тогаш. И денес луѓето поставуваат ликови, односно идоли за обожавање. Една енциклопедија вели: „Знамето, како и крстот, е свето“ (The Encyclopedia Americana). Ликовите можат да бидат направени од дрво, камен, метал или ткаенина. Раните ученици на Исус не вршеле никаков чин на обожавање на римскиот император. Историчарот Даниел П. Маникс рекол дека ова може да се спореди со тоа „да се одбие да се поздрави знамето или да се повтори заклетвата на верност“.

Тогаш, што мислиш, дали за Бог е важно дали некој религиозен лик е направен од ткаенина, дрво, камен или метал?⁠— Дали би било исправно еден слуга на Јехова да врши чин на обожавање пред еден таков лик?⁠— Седрах, Мисах и Авденаго не го направиле тоа, и Јехова бил задоволен од нив. Како можеш да го имитираш нивниот пример?⁠—

Оние што му служат на Јехова не треба да обожаваат ниедна друга личност или предмет. Прочитај што е кажано за ова во Исус Навин 24:14, 15, 19-22; Исаија 42:8; 1. Јованово 5:21 и Откровение 19:10.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели