ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • kp стр. 6-8
  • Што значи сето ова?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што значи сето ова?
  • Бдејте!
  • Сличен материјал
  • Дали живееме во „последните денови“?
    Што навистина учи Библијата?
  • Божјата намера наскоро ќе се оствари
    Која е смислата на животот? Како да се пронајде?
  • Добрата вест која сакаат да ја чуете
    Јеховини сведоци — кои се тие? Што веруваат?
  • Кога ќе дојде крајот?
    Title: Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2021
Повеќе
Бдејте!
kp стр. 6-8

Што значи сето ова?

ИСУС ХРИСТОС рекол: „Завршетокот на системот на работи“ ќе се препознае по војните, по недостигот на храна, по чумите и по земјотресите (Матеј 24:1—8; Лука 21:10, 11).

Од 1914 година наваму, честопати поради тоа што свештенството се меша во политика, животот на луѓето им е уништен со војни меѓу нации и меѓу етнички групи, а сега и со широко распространетите терористички напади.

И покрај научните достигнувања, стотици милиони луѓе по целата Земја се осудени на огромен недостиг на храна. Секоја година милиони луѓе умираат како последица на таквиот недостиг.

Чумите, односно широко распространетите епидемии на заразни болести, се исто така дел од знакот што го дал Исус. По Првата светска војна, една епидемија на грип одзеде преку 21.000.000 животи. За разлика од прилично локализираните помори во изминатите векови, тој ги стигна нациите по целата Земја, како и оддалечените острови. Сега на планетава беснее СИДА-та, а чуми како туберкулозата, маларијата, речното слепило и Шагасовата болест сѐ уште постојат во земјите во развој.

Според извештаите, секоја година се случуваат по десетици илјади земјотреси со различна јачина. Без оглед на опремата што стои на располагање и на подобрените методи за известување, катастрофите предизвикани од земјотреси во густо населените подрачја станаа чести вести.

Библијата исто така прорекла: „А ова знај го дека во последните денови ќе настанат критични времиња со кои тешко ќе се излегува на крај. Зашто луѓето ќе бидат себељубиви, љубители на пари, вообразени, надуени, хулители, непослушни на родителите, неблагодарни, нелојални, без природна наклоност, непристапни за каков и да е договор, клеветници, без самосовладување, свирепи, без љубов кон доброта, предавници, своеглави, надуени од гордост, љубители на уживања наместо љубители на Бог, кои имаат облик на побожна оддаденост, но се покажале лажни во поглед на нејзината сила; од таквите одвратувај се“ (2. Тимотеј 3:1—5).

Зарем не се согласуваш дека живееме во ‚критични времиња со кои тешко се излегува на крај‘?

Дали си забележал дека луѓето, во претерана мера, се себељубиви, љубители на пари и водени од гордост?

Кој ќе го оспори фактот дека светот е полн со луѓе што бараат многу, а од друга страна се неблагодарни, непристапни за каков и да е договор, нелојални?

Дали си свесен дека непослушноста кон родителите, како и шокантниот недостиг на наклоност драматично се зголемија, и тоа не само на некои места, туку по целиот свет?

Без сомнение согледуваш дека живееме во еден свет кој е опиен од љубов кон задоволствата, но нема љубов кон добротата. Токму така Библијата ги опишува ставовите што ќе преовладуваат во „последните денови“.

Дали е потребно уште нешто за да препознаеме во кое време живееме? Исус исто така прорекол дека, во истото тоа време, ќе биде проповедана добрата вест за Божјето Царство по целата населена Земја (Матеј 24:14). Дали се прави тоа?

Стражарска кула, списание темелено на Библијата и посветено на објавувањето на добрата вест за Јеховиното Царство, редовно се печати на повеќе јазици отколку која и да е друга периодика.

Секоја година, Јеховините сведоци посветуваат по повеќе од милијарда часови за лично да им сведочат на другите за Божјето Царство.

Во моментов тие издаваат литература која ја објаснува Библијата на околу 400 јазици, па дури и на јазиците на некои оддалечени и мали популациски групи. Јеховините сведоци стигнаа со добрата вест до сите нации; исто така проповедаат на многу острови и на подрачја што се премногу мали за да значат нешто во политичкиот свет. Во повеќето земји, тие спроведуваат една редовна програма на поучување за Библијата.

Навистина, добрата вест за Божјето Царство се проповеда по целата населена Земја, не за да се преобрати светот, туку за да се даде сведоштво. На луѓето насекаде им е дадена можност да покажат дали се заинтересирани за тоа кој ги создал небото и Земјата и дали ќе имаат почит кон неговите закони и љубов кон другите луѓе (Лука 10:25—27; Откровение 4:11).

Наскоро, Божјето Царство ќе ја исчисти Земјата од сите зли луѓе и ќе ја претвори во еден глобален рај (Лука 23:43).

[Рамка на страница 6]

Последни денови на што?

Не на човештвото. На оние што ја вршат Божјата волја Библијата им нуди можност да живеат засекогаш (Јован 3:16, 36; 1. Јованово 2:17).

Не на Земјата. Божјата реч ветува дека населената Земја ќе постои засекогаш (Псалм 37:29; 104:5; Исаија 45:18).

Наместо тоа, ова се последните денови на овој насилен систем на работи во кој нема љубов и на оние што упорно продолжуваат со световниот начин на живот (Пословици 2:21, 22).

[Рамка/слика на страница 7]

Дали е Библијата навистина Божја реч?

Библиските пророци повеќепати напишале: „Вака говори Господ“ (Исаија 43:14; Еремија 2:2). Дури и Исус Христос, Божјиот Син, нагласил дека ‚не зборувал сам од себе‘ (Јован 14:10). Самата Библија јасно вели: „Целото Писмо е инспирирано од Бог“ (2. Тимотеј 3:16).

Ниту една друга книга не е издадена на толку многу јазици — на преку 2.200, според United Bible Societies. Ниту една друга книга не е отпечатена и дистрибуирана во толку многу примероци — моментално во повеќе од четири милијарди. Зарем тоа не е за очекување кога станува збор за една порака од Бог наменета за целото човештво?

За подетално разгледување на доказите дека Библијата е инспирирана од Бог, види ја книгата Библијата — реч Божја или човечка?, издадена од Јеховините сведоци.

Ако ја читаш Библијата сложувајќи се со фактот дека е таа навистина Божја реч, ќе извлечеш голема корист.

[Рамка/слики на страница 8]

Што е Божјето Царство?

Тоа е влада на небото, која ја воспоставил вистинскиот Бог, Јехова, Творецот на небото и на Земјата (Еремија 10:10, 12).

Библијата го посочува Исус Христос како оној кому Бог му дава таков владејачки авторитет (Откровение 11:15). Кога бил на Земјата, Исус покажал дека веќе добил од Бог неверојатен авторитет — авторитет кој му овозможил да ги контролира природните сили, да лекува секаков вид болести, па дури и да подига мртви (Матеј 9:2—8; Марко 4:37—41; Јован 11:11—44). Инспирираното библиско пророштво претскажало дека Бог исто така ќе му даде ‚власт, чест на царството, за да Му служат сите народи, племиња и јазици‘ (Даниел 7:13, 14). Таа влада е наречена Царство на небото; од небото Исус Христос сега ја врши својата власт.

[Слики на страница 7]

Глобално проповедање на добрата вест

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели