ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bh стр. 199-стр. 201 пас. 4
  • Исус Христос — ветениот Месија

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Исус Христос — ветениот Месија
  • Што навистина учи Библијата?
  • Сличен материјал
  • Дали пророштвата во врска со Месијата докажуваат дека Исус е Месијата?
    Одговор на библиски прашања
  • Пророштва за Месијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Тие го очекувале Месијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Исус Христос — клучот за спознанието за Бог
    Спознание кое води до вечен живот
Повеќе
Што навистина учи Библијата?
bh стр. 199-стр. 201 пас. 4

ДОДАТОК

Исус Христос — ветениот Месија

ЗА ДА можеме полесно да препознаеме кој е Месијата, Јехова Бог вдахнал многу библиски пророци да запишат детали во врска со раѓањето, службата и смртта на овој ветен Избавител. Сите овие библиски пророштва се исполниле на Исус Христос. Тие се неверојатно точни и детални. За да го потврдиме ова, да разгледаме неколку пророштва во кои се претскажани некои настани поврзани со раѓањето и со детството на Месијата.

Пророкот Исаија прорекол дека Месијата ќе биде потомок на цар Давид (Исаија 9:7). Исус навистина бил роден во лозата на Давид (Матеј 1:1, 6-17).

Михеј, еден друг Божји пророк, прорекол дека тоа дете ќе се роди во ,Витлеем Ефрата‘ и дека еден ден ќе стане владетел (Михеј 5:2). Кога се родил Исус, во Израел имало два града што се викале Витлеем. Едниот се наоѓал во близината на Назарет, во северниот дел на земјата, а другиот бил сместен во близината на Ерусалим, во Јуда. Градот Витлеем што се наоѓал во близината на Ерусалим порано се викал Ефрата. Исус се родил во тој град, токму како што било речено во пророштвото! (Матеј 2:1).

Според едно друго библиско пророштво, Божјиот Син требало да биде повикан „од Египет“. Кога бил дете, Исус бил одведен во Египет. Се вратил оттаму по смртта на Ирод, и со тоа било исполнето ова пророштво (Осија 11:1; Матеј 2:15).

На табелата со наслов „Пророштва во врска со Месијата“, во колоната „Пророштво“, наведени се библиски стихови што содржат детали во врска со Месијата. Спореди ги со стиховите што се наведени во колоната „Исполнување“. Така уште повеќе ќе се зајакне твојата вера во вистинитоста на Божјата Реч.

Додека ги разгледуваш овие стихови, имај на ум дека овие пророштва биле напишани стотици години пред раѓањето на Исус. Тој рекол: „Мора да се исполни сѐ што е напишано за мене во Мојсеевиот закон, во Пророците и во Псалмите“ (Лука 24:44). Како што можеш да провериш во својата Библија, тие навистина се исполниле — и тоа во најситни детали!

ПРОРОШТВА ВО ВРСКА СО МЕСИЈАТА

НАСТАН

ПРОРОШТВО

ИСПОЛНУВАЊЕ

Се родил во племето на Јуда

1. Мојсеева 49:10

Лука 3:23-33

Го родила девица

Исаија 7:14

Матеј 1:18-25

Потомок на цар Давид

Исаија 9:7

Матеј 1:1, 6-17

Јехова го нарекол свој Син

Псалм 2:7

Матеј 3:17

Не верувале во него

Исаија 53:1

Јован 12:37, 38

Влегол во Ерусалим јавајќи на магаре

Захарија 9:9

Матеј 21:1-9

Го издал близок соработник

Псалм 41:9

Јован 13:18, 21-30

Издаден за 30 сребреници

Захарија 11:12

Матеј 26:14-16

Молчел пред своите обвинители

Исаија 53:7

Матеј 27:11-14

Фрлале ждрепка за неговата облека

Псалм 22:18

Матеј 27:35

Му се потсмевале додека бил на столбот

Псалм 22:7, 8

Матеј 27:39-43

Не му била скршена ниедна коска

Псалм 34:20

Јован 19:33, 36

Го погребале меѓу богатите

Исаија 53:9

Матеј 27:57-60

Воскреснал пред да се распадне

Псалм 16:10

Дела 2:24, 27

Бог го воздигнал од својата десна страна

Псалм 110:1

Дела 7:56

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели