ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lv стр. 215-стр. 218 пас. 1
  • Крвни фракции и медицински постапки

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Крвни фракции и медицински постапки
  • Зачувај ја Божјата љубов
  • Сличен материјал
  • Божјето гледиште за крвта
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • Прашања од читателите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Нека те води живиот Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Повеќе
Зачувај ја Божјата љубов
lv стр. 215-стр. 218 пас. 1

ДОДАТОК

Крвни фракции и медицински постапки

Крвни фракции. Фракциите се добиваат од четирите главни состојки на крвта — црвени крвни зрнца, бели крвни зрнца, крвни плочки и плазма. На пример, црвените крвни зрнца го содржат протеинот хемоглобин. Производите што се добиваат од човечки или животински хемоглобин се користат за да се лекуваат пациенти со акутна анемија или пациенти кои изгубиле многу крв.

Плазмата — која се состои од 90 проценти вода — содржи голем број хормони, неоргански соли, ензими и хранливи материи, вклучувајќи и минерали и шеќер. Плазмата содржи и фактори за згрутчување на крвта, антитела што се борат против болестите, и протеини, како што е албуминот. Ако некој се разболи од одредена болест, лекарите може да му препишат инјекции од гама-глобулин, кој се добива од плазмата на луѓе што веќе стекнале имунитет на таа болест. Од белите крвни зрнца можат да се добијат интерферони и интерлеукини, кои се користат за да се лекуваат некои вирусни инфекции и некои видови рак.

Треба ли христијаните да прифатат терапија во која се користат крвни фракции? Во Библијата не се дадени конкретни детали, што значи дека секој мора сам, на темел на својата совест, да донесе одлука пред Бог. Некои ги одбиваат сите фракции, поаѓајќи од тоа дека според Божјиот закон што му бил даден на Израел се барало крвта од животното да биде ‚истурена на земја‘ (5. Мојсеева 12:22-24). Други, пак, одбиваат трансфузија на полна крв или на нејзините главни состојки, но може да прифатат лекување во кое се користи некоја фракција. Тие можеби тргнуваат од мислата дека фракциите повеќе не го претставуваат животот на оној од кого била земена крвта.

Кога донесуваш одлуки во врска со крвните фракции, размисли за следниве прашања: Дали сум свесен дека тоа што ќе ги одбијам сите крвни фракции значи дека нема да прифатам некои лекови, како што се извесни лекови против некои болести или лекови кои помагаат при згрутчувањето на крвта за да се сопре крвавењето? Можам ли да му објаснам на лекарот зошто одбивам или прифаќам некои крвни фракции?

Медицински постапки. Во нив спаѓаат хемодилуцијата и колекционирањето на клетки. При хемодилуцијата, крвта се пренасочува од телото на пациентот, се заменува со експандер на волумен и подоцна повторно се враќа во телото. При колекционирањето на клетки, крвта што се губи во текот на операцијата се собира и повторно се враќа во телото. Крвта се собира од раната или од телесната празнина, се чисти или се филтрира и потоа повторно се враќа во пациентот. Бидејќи секој лекар на различен начин ги применува овие медицински постапки, треба да го замолиш твојот лекар да ти објасни што планира да прави.

Кога треба да донесеш одлука во врска со овие медицински постапки, размисли за следниве прашања: ‚Ако дел од мојата крв е пренасочен надвор од моето тело или ако крвотокот е прекинат на некое време, дали совеста ќе ми дозволи оваа крв сѐ уште да ја сметам за дел од мене, со што не би морало да биде ‚истурена на земја‘? (5. Мојсеева 12:23, 24). Дали ќе ме мачи совеста, која ми е обликувана според Библијата, доколку за време на некоја медицинска постапка ми извадат дел од крвта, ја преработат и повторно ми ја вратат во телото? Дали сум свесен дека тоа што ќе ги одбијам сите медицински постапки во кои е вклучена мојата сопствена крв значи дека одбивам да ми се прави крвна слика и не прифаќам дијализа или користење на машина за срце/бели дробови?‘

Табела на страница 216

Секој христијанин треба сам да донесе одлука во врска со тоа што ќе дозволи да се прави со неговата крв во текот на некој хируршки зафат. Истото важи и за медицинските испитувања и современите терапии при кои се вади мала количина од крвта на пациентот, се преработува и повторно му се враќа.

ШТО БИ МОЖЕЛ ДА ГО ПРАШАШ ЛЕКАРОТ

Ако ти е потребна операција или некое лекување кое можеби вклучува некој производ добиен од крв, погрижи се со себе да ја имаш картичката Трајно полномоштво за здравствена грижа и да ги преземеш сите потребни чекори за да не ти биде дадена трансфузија на крв. Освен тоа, можеш да му ги поставиш следниве прашања на својот лекар:

  • Дали целиот медицински персонал кој е вклучен знае дека јас, како Јеховин сведок, барам под никакви околности да не ми се даде никаква трансфузија на крв (полна крв, црвени крвни зрнца, бели крвни зрнца, крвни плочки или крвна плазма)?

  • Ако лекот што ми го препорачувате содржи крвни фракции, кој е неговиот состав? Колкава количина ќе треба да ми биде дадена и како?

  • Ако совеста ми дозволи да ја прифатам оваа фракција, какви медицински ризици постојат? Каква друга терапија би можело да се користи?

Пред да донесеш одлука за овие работи, кажи му сѐ на Јехова во молитва. Тој ветува дека ќе му даде мудрост на секој што ја „бара“ со вера (Јаков 1:5, 6).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели