Песна 12
Ветениот вечен живот
Печатено издание
1. ‚Кротки ќе живеат среќно‘,
ветува Божјата Реч,
‚овде, на Земјата, вечно.‘
Тоа сигурно е!
(РЕФРЕН)
За Рајот што следи
да истраеш вреди.
Јехова е верен
на својата Реч.
2. Нема да постои гревот
ниту, пак, луѓето зли.
Рај ќе е целата Земја,
полна љубов и мир.
(РЕФРЕН)
За Рајот што следи
да истраеш вреди.
Јехова е верен
на својата Реч.
3. Тогаш ќе воскреснат сите,
среќата ќе нема крај.
Тажните очи ќе светнат
пак со радосен сјај.
(РЕФРЕН)
За Рајот што следи
да истраеш вреди.
Јехова е верен
на својата Реч.
(Види и Иса. 25:8; Лука 23:43; Јован 11:25; Отк. 21:4.)