ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bm дел 14 стр. 17
  • Бог зборува преку своите пророци

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бог зборува преку своите пророци
  • Библијата — која е нејзината порака?
  • Сличен материјал
  • Пророци чии пораки имаат значење за нас
    Живеј со Јеховиниот ден во мислите
  • Еден пророк во изгнанство добива виденија за иднината
    Библијата — која е нејзината порака?
  • Доаѓањето на Месијата
    Библијата — која е нејзината порака?
  • Дали пророштвата во врска со Месијата докажуваат дека Исус е Месијата?
    Одговор на библиски прашања
Повеќе
Библијата — која е нејзината порака?
bm дел 14 стр. 17
Божји пророк објавува порака

ДЕЛ 14

Бог зборува преку своите пророци

Јехова испраќа пророци за да му ги пренесат на народот неговите пораки на осуда и да го поучат како да му служи на исправен начин, но и да го објавуваат доаѓањето на Месијата и месијанското Царство

ДОДЕКА во Израел и Јуда владееле цареви, се појавила една посебна група луѓе. Тоа биле пророците. Овие луѓе, кои ги пренесувале Божјите пораки, имале огромна вера и храброст. Да разгледаме четири важни теми за кои зборувале тие.

1. Уништувањето на Ерусалим. Божјите пророци, особено Исаија и Еремија, долго време однапред почнале да го разгласуваат предупредувањето дека Ерусалим ќе биде уништен и напуштен. Користејќи сликовити описи, тие откриле зошто тој град го навлекол на себе Божјиот гнев. Жителите на Ерусалим тврделе дека му служат на Јехова, но со своето идолопоклонство, расипаност и насилство јасно покажале дека тоа не е вистина (2. Царевите 21:10-15; Исаија 3:1-8, 16-26; Еремија 2:1 — 3:13).

2. Обнова на обожавањето на вистинскиот Бог. Пророците објавиле дека по 70 години изгнанство, Божјиот народ ќе биде ослободен од Вавилон, ќе се врати во својата опустошена земја и повторно ќе го изгради Јеховиниот храм во Ерусалим (Еремија 46:27; Амос 9:13-15). Околу 200 години однапред, Исаија прорекол дека освојувачот што ќе го порази Вавилон ќе се вика Кир и ќе му дозволи на Божјиот народ да го обнови обожавањето на вистинскиот Бог. Исаија дури навел и некои детали од необичната воена стратегија на Кир (Исаија 44:24 — 45:3).

Евреите си заминуваат од Вавилон и се враќаат во Ерусалим

3. Доаѓањето на Месијата и неговиот живот. Било проречено дека Месијата ќе се роди во Витлеем (Михеј 5:2). Пророците претскажале дека тој ќе биде понизен и дека ќе влезе во Ерусалим јавајќи на магаре (Захарија 9:9). Исто така, прорекле дека мнозина ќе го презрат и ќе го отфрлат и покрај тоа што ќе биде благ и добар (Исаија 42:1-3; 53:1, 3). Објавиле и дека ќе умре со маченичка смрт. Но, дали тоа навистина ќе значи крај за Месијата? Не, бидејќи со својата жртва тој требало да овозможи да им бидат простени гревовите на мнозина (Исаија 53:4, 5, 9-12). Тоа можело да се постигне само ако бил воскреснат.

4. Владеењето на Месијата над Земјата. Несовршените луѓе не се способни да владеат над други луѓе, а уште помалку да воспостават мир на Земјата. За разлика од нив, месијанскиот Цар ќе биде наречен „Кнез на Мирот“ (Исаија 9:6, 7; Еремија 10:23). Под неговата власт, сите луѓе ќе живеат во мир едни со други, а ќе бидат во мир и со животните (Исаија 11:3-7). Повеќе нема да има болести (Исаија 33:24). Дури и смртта ќе биде уништена засекогаш (Исаија 25:8). Кога ќе царува Месијата, оние што умреле ќе бидат воскреснати на Земјата (Даниел 12:13).

Се темели на Исаија, Еремија, Даниел, Амос, Михеј и Захарија.

  • Какви пораки пренесувале Божјите пророци?

  • Што претскажале пророците за уништувањето на Ерусалим и за обновата на обожавањето на вистинскиот Бог?

  • Што претскажале Јеховините пророци во врска со Месијата и неговиот живот?

  • Како пророците го опишале владеењето на Месијата над Земјата?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели