ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bm дел 18 стр. 21
  • Исус прави чуда

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Исус прави чуда
  • Библијата — која е нејзината порака?
  • Сличен материјал
  • Чудата на Исус — што можеш да научиш?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
  • ‚Христос е Божја сила‘
    Приближи му се на Јехова
  • Што учиме од чудата на Исус?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • Чуда — факт или измислица?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
Повеќе
Библијата — која е нејзината порака?
bm дел 18 стр. 21
Исус ги допира очите на еден слеп човек и го лекува

ДЕЛ 18

Исус прави чуда

Со чудата што ги прави, Исус покажува како ќе ја користи својата моќ кога ќе биде Цар

БОГ му дал моќ на Исус да прави работи што другите луѓе не можеле да ги прават. Исус направил многу чуда, честопати и пред огромен број сведоци. Тие чуда покажале дека Исус има моќ над своите непријатели и дека може да ги совлада препреките кои несовршените луѓе никогаш не можеле во потполност да ги надминат. Да разгледаме неколку примери.

Глад. Со првото чудо, Исус ја претворил водата во одлично вино. Во две други прилики, само со неколку леба и риби нахранил илјадници гладни луѓе. И во двата случаи имало повеќе од доволно храна за сите.

Болести. Исус ги лекувал луѓето од „секаква болест и секаква немоќ“ (Матеј 4:23). Лечел слепи, глуви, лепрозни, епилептичари, куци и сакати. Немало болест што не можел да ја излекува.

Временски непогоди. Додека Исус и неговите ученици со чамец го преминувале Галилејското Море, неочекувано се кренала голема бура. Учениците се преплашиле. Но, Исус ѝ се заканил на бурата, велејќи: „Смири се! Молкни!“ И одеднаш завладеала потполна тишина (Марко 4:37-39). Во една друга прилика одел по водата додека беснеело страшно невреме (Матеј 14:24-33).

Зли духови. Злите духови се многу посилни од луѓето. Мнозина безуспешно се обидувале да се ослободат од тие злобни непријатели на Бог. Но, кога Исус им заповедал на таквите духови да излезат од луѓето, тие ја губеле власта над своите жртви. Тој не се плашел од нив. Напротив, тие се плашеле од него бидејќи знаеле колкава власт и моќ има.

Смрт. Смртта со право е наречена „последен непријател“ на кој не може да му побегне ниту еден човек (1. Коринќаните 15:26). Меѓутоа, Исус воскреснувал мртви. На пример, го воскреснал синот на една вдовица и го вратил во живот девојчето на едни ужалени родители. Но, највпечатливо било воскресението на Лазар. Пред едно мноштво ожалостени луѓе, Исус го вратил во живот својот драг пријател кој бил мртов речиси четири дена! Дури и најголемите непријатели на Исус признале дека го направил тоа чудо (Јован 11:38-48; 12:9-11).

Зошто Исус ги правел овие чуда? Зарем на крајот сите тие луѓе на кои им помогнал не морале повторно да умрат? Да, умреле, но од чудата на Исус има трајна корист. Тие се доказ дека со право можеме да се надеваме на исполнување на сите прекрасни пророштва за владеењето на Месијата. Нема никаква причина да се сомневаме дека овој Цар поставен од Бог може да им стави крај на гладот, болестите, временските непогоди, злите духови, па дури и на смртта. Тој веќе покажал дека Бог му дал моќ да го направи сето тоа.

Се темели на Матеј, Марко, Лука и Јован.

  • Како покажал Исус дека има моќ да им стави крај на гладот, болестите, временските непогоди, злите духови и смртта?

  • Што ни откриваат чудата на Исус за времето кога тој ќе владее над целата Земја?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели