ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bm дел 21 стр. 24
  • Исус е жив!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Исус е жив!
  • Библијата — која е нејзината порака?
  • Сличен материјал
  • Апостолите бестрашно проповедаат
    Библијата — која е нејзината порака?
  • Бог не го заборава својот Син
    Учи од Големиот Учител
  • Исус воскреснал
    Поуки од Библијата
  • Пророштвото на Исус за светските настани
    Библијата — која е нејзината порака?
Повеќе
Библијата — која е нејзината порака?
bm дел 21 стр. 24
Исус се вознесува на небото

ДЕЛ 21

Исус е жив!

Исус им се појавува на своите следбеници за да ги поучи и да ги охрабри

НА ТРЕТИОТ ден по смртта на Исус некои жени кои верувале во него откриле дека каменот што се наоѓал на влезот од гробот бил тргнат а гробот бил празен.

Им се појавиле двајца ангели. Едниот од нив им рекол: „Вие го барате Исус Назареќанецот... [Тој] воскресна“ (Марко 16:6). Жените веднаш отрчале да им го јават тоа на апостолите. Но попат го сретнале Исус кој им рекол: „Не плашете се! Одете кажете им на моите браќа да појдат во Галилеја. Таму ќе ме видат“ (Матеј 28:10).

Подоцна тој ден на двајца ученици кои оделе од Ерусалим кон селото Емаус им пристапил еден непознат човек и ги прашал за што разговараат. Тоа всушност бил воскреснатиот Исус кој им се појавил во тело што отпрвин не го препознале. Тие нажалено му рекле дека зборуваат за Исус. Тогаш тој почнал да им објаснува делови од светите списи кои се однесувале на Месијата. Месијанските пророштва навистина се исполниле на него до најситен детаљ.a Кога учениците сфатиле дека овој непознат човек всушност е Исус кој бил воскреснат како духовно суштество тој исчезнал.

Двајцата ученици веднаш се вратиле во Ерусалим. Таму ги нашле апостолите кои биле собрани во една заклучена соба. Додека им раскажувале што им се случило се појавил Исус. Сите толку се запрепастиле што не можеле да си поверуваат на сопствените очи! „Зошто се јавуваат сомнежи во вашите срца?“ ги прашал тој. „Напишано е дека Христос ќе страда и на третиот ден ќе стане од мртвите“ (Лука 24:38, 46).

Цели 40 дена по воскресението Исус им се појавувал на своите ученици во различни прилики. Еднаш им се појавил на повеќе од 500 ученици! Веројатно тогаш им ја дал следнава важна заповед: „Одете и правете ученици од луѓето од сите народи... учејќи ги да држат сѐ што ви заповедав. И еве јас сум со вас во сите денови до свршетокот на овој поредок“ (Матеј 28:19, 20).

Кога последен пат се состанал со 11-те верни апостоли Исус им ветил: „Ќе примите сила кога светиот дух ќе дојде врз вас и ќе ми бидете сведоци... сѐ до крајот на земјата“ (Дела 1:8). Потоа бил подигнат пред нивни очи а еден облак им го скрил од погледот додека се вознесувал на небото.

Се темели на Матеј, поглавје 28, Марко, поглавје 16, Лука, поглавје 24, Јован, поглавја 20 и 21, и 1. Коринќаните 15:5, 6.

a Некои пророштва за Месијата кои се исполниле на Исус се наведени во дел 14, 15 и 16 од оваа брошура, како и во додатокот со наслов „Исус Христос — ветениот Месија“ од книгата Што навистина учи Библијата?

  • Како учениците дознале дека Бог го воскреснал Исус?

  • Што им објаснил Исус на двајца свои ученици на патот за Емаус?

  • Која заповед им ја дал Исус на своите ученици пред да се вознесе на небото?

СВЕТИОТ ДУХ

Божјиот свет дух е најмоќната сила во вселената. Со својот дух, Јехова Бог ги создал небесата и Земјата, а го водел и пишувањето на Библијата. Со помош на тој дух биле извршени сите чуда за кои читавме досега, вклучувајќи го и најголемото — воскресението на Исус Христос како моќно духовно суштество на небото (1. Мојсеева 1:2; 2. Самоилова 23:2; Дела 10:38; 1. Петрово 3:18).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели