ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • jl поглавје 15
  • Што прават старешините за собранието?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што прават старешините за собранието?
  • Кој ја врши Јеховината волја денес?
  • Сличен материјал
  • Како е организирано христијанското собрание?
    Радувај му се на животот засекогаш — интерактивен библиски курс
  • „Пасете го Божјето стадо кое ви е доверено“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • „Почитувајте ги оние што се трудат меѓу вас“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • „Пасете го Божјето стадо“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2002
Повеќе
Кој ја врши Јеховината волја денес?
jl поглавје 15

ПОГЛАВЈЕ 15

Што прават старешините за собранието?

Старешина разговара со членови на собранието

Финска

Старешина го поучува собранието

Поучување

Старешини охрабруваат членови на собранието

Грижа за поединците

Старешина во служба на проповедање

Сведочење

Во нашата организација нема платено свештенство. Напротив, исто како кога било основано христијанското собрание, поставени се надгледници, односно старешини ‚да го пасат Божјето собрание‘ (Дела 20:28). Овие старешини се духовно зрели мажи кои предводат во собранието и се грижат за него, „не со сила, туку доброволно; не поради нечесна добивка, туку горливо“ (1. Петрово 5:1-3). Што прават тие за нас?

Се грижат за нас и нѐ штитат. Старешините му даваат на собранието совети темелени на Библијата и го штитат во духовен поглед. Свесни дека Бог им ја доверил оваа важна одговорност, старешините не се поставуваат над Божјиот народ, туку се трудат да ни биде добро и да бидеме радосни (2. Коринќаните 1:24). Како што еден пастир внимателно се грижи за секоја своја овца, така и старешините се трудат да го запознаат секој член на собранието (Изреки 27:23).

Нѐ поучуваат како да ја вршиме Божјата волја. Секоја седмица, старешините предводат во поучувањето на собраниските состаноци за да ја зајакнат нашата вера (Дела 15:32). Овие верни мажи предводат и во проповедањето, соработувајќи со нас и обучувајќи нѐ за секоја гранка на службата.

Нѐ охрабруваат како поединци. За да му помогнат на секој од нас да си го зајакне односот со Јехова, старешините од нашето собрание може да дојдат кај нас дома или да поразговараат со нас во салата за да ни дадат помош и утеха од Библијата (Јаков 5:14, 15).

Освен она што го прават за собранието, повеќето старешини се и вработени и имаат семејни обврски на кои треба да им посветат време и внимание. Овие трудољубиви браќа ја заслужуваат нашата почит (1. Солуњаните 5:12, 13).

  • Какви одговорности имаат собраниските старешини?

  • Како старешините покажуваат дека се грижат за нас како поединци?

ДОЗНАЈ ПОВЕЌЕ

Кој ги исполнува условите да служи во собранието? Кои се библиските услови за некој да стане старешина или слуга-помошник можеш да прочиташ во 1. Тимотеј 3:1-10, 12 и во Тит 1:5-9.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели