ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • fg лекција 6 прашања 1-5
  • Има ли надеж за мртвите?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Има ли надеж за мртвите?
  • Добра вест од Бог!
  • Сличен материјал
  • Дали постои надеж за мртвите?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Што се случува со нашите блиски кои умреле?
    Спознание кое води до вечен живот
  • Што ќе се случи ако умреме?
    Учи од Големиот Учител
  • Што се случува при смртта?
    Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата
Повеќе
Добра вест од Бог!
fg лекција 6 прашања 1-5

ЛЕКЦИЈА 6

Има ли надеж за мртвите?

1. Која е добрата вест за мртвите?

Воскреснатиот Лазар ги прегрнува своите сестри, Марта и Марија

Кога Исус дошол во Витанија, место во близина на Ерусалим, неговиот пријател Лазар веќе четири дена бил мртов. Исус отишол кај неговиот гроб заедно со Марта и Марија, кои му биле сестри на починатиот. За кратко време, се собрале и други луѓе. Замисли си само колку биле радосни Марта и Марија кога Исус го воскреснал Лазар! (Прочитај Јован 11:20-24, 38-44.)

Марта веќе ја знаела добрата вест за мртвите. Ѝ било познато дека Јехова ќе ги воскресне мртвите за да живеат повторно на Земјата. (Прочитај Јов 14:14, 15.)

2. Што се случува со луѓето по смртта?

Создавањето и смртта на Адам

Бог му рекол на Адам: ‚Прав си, и во прав ќе се вратиш‘ (1. МОЈСЕЕВА 3:19)

Луѓето се создадени од земја (1. Мојсеева 2:7; 3:19). Ние не сме духови што живеат во физичко тело. Ние сме суштества од крв и месо и ништо од нас не останува да живее по смртта. Кога ќе умреме, нашиот мозок престанува да функционира и исчезнува секоја наша мисла. Затоа, откако воскреснал, Лазар не раскажал дека доживеал нешто додека бил мртов, бидејќи мртвите не се свесни за ништо. (Прочитај Псалм 146:4; Проповедник 9:5, 6, 10.)

Дали Бог ги мачи луѓето во оган откако ќе умрат? Бидејќи Библијата покажува дека мртвите не се свесни за ништо, учењето за пекол е лажно и претставува клеветење на Бог. Нему му е одвратна дури и самата помисла луѓето да се мачат во оган. (Прочитај Еремија 7:31.)

Гледај го видеоклипот Што се случува со луѓето по смртта?

3. Можат ли мртвите да ни зборуваат?

Мртвите не можат ниту да зборуваат ниту да слушаат (Псалм 115:17). Но, некои ангели се злобни и може да зборуваат со луѓето, преправајќи се дека се лицата што починале (2. Петрово 2:4). Јехова забранува да се обидуваме да зборуваме со мртвите. (Прочитај 5. Мојсеева 18:10, 11.)

4. Кој ќе воскресне?

Еден човек кој воскреснал во рајот на Земјата учи за Бог. Подоцна тој поучува други што воскреснале.

Милиони луѓе што умреле повторно ќе бидат вратени во живот на Земјата. Ќе бидат воскреснати дури и некои што правеле лоши работи затоа што не го познавале Бог. (Прочитај Лука 23:43; Дела 24:15.)

Оние што ќе воскреснат, ќе имаат прилика да ја дознаат вистината за Бог и да покажат вера во Исус со тоа што ќе бидат послушни (Откровение 20:11-13). Ако го прават она што е добро, ќе можат да живеат вечно на Земјата. (Прочитај Јован 5:28, 29.)

5. Што ни покажува воскресението за Јехова?

Благодарение на тоа што Бог го испратил својот Син да го даде животот за нас, ќе има воскресение. Воскресението ни покажува колкава е Јеховината љубов и незаслужена доброта. Кога мртвите ќе воскреснат, кого особено сакаш да го видиш? (Прочитај Јован 3:16; Римјаните 6:23.)

Нешто повеќе можеш да прочиташ во поглавја 6, 7 и 10 од книгата Што навистина учи Библијата?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели