ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • yc тема 2 стр. 6-7
  • Ревека го радувала Јехова

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Ревека го радувала Јехова
  • Поучете ги своите деца
  • Сличен материјал
  • Ревека сакала да го радува Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Таа рекла „сакам“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2016
  • Да се најде сопруга за Исак
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Ревека — побожна жена од акција
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2004
Повеќе
Поучете ги своите деца
yc тема 2 стр. 6-7
Елеазар, Ревека, слугите и десет камили на долг пат кон Ханаан

ТЕМА 2

Ревека го радувала Јехова

Ревека многу го сакала Јехова. И нејзиниот маж го сакал Јехова. Тој се викал Исак. Но, како се запознале Ревека и Исак? Како покажала таа дека сака да го радува Јехова? Ајде да видиме.

Татко му и мајка му на Исак се викале Авраам и Сара. Тие живееле во една земја што се викала Ханаан. Таму луѓето не го слушале Јехова. Ама, Авраам сакал неговиот син да се ожени со девојка што го слуша Јехова. Затоа, го испратил својот слуга Елиезер да му најде жена на Исак. Елиезер отишол во Харан, место каде што живееле некои роднини на Авраам.

Ревека налева вода за камилите на Елеазар

Ревека била многу вредна девојка

Елиезер тргнал на пат заедно со уште некои слуги на Авраам. Бидејќи патувањето било многу долго, понеле и десет камили на кои имало натоварено храна и подароци. Но, како ќе знаел Елиезер која девојка да ја одбере за Исак? Конечно Елиезер и другите слуги стигнале во Харан. Тогаш застанале покрај еден бунар зашто Елиезер знаел дека наскоро луѓето ќе дојдат да наполнат вода. Тој му се молел на Јехова и му рекол: ‚Ако на некоја девојка ѝ побарам вода, а таа донесе и за мене и за моите камили, ќе знам дека неа си ја избрал за Исак‘.

Тогаш на бунарот дошла Ревека. Библијата кажува дека таа била многу убава. Елиезер ја замолил да му даде вода, а таа рекла: ‚Повели, напиј се. Еве, и на твоите камили ќе им дадам да пијат‘. Знаеш ли колку работа било тоа? Кога се жедни, камилите можат да испијат многу вода. Тоа значи дека Ревека морала многу пати да отрча до бунарот и да нацрпи вода. Што прави Ревека на сликата?— Елиезер бил многу радосен што Јехова му одговорил на молитвата.

Елиезер ѝ дал многу убави подароци на Ревека. Таа ги поканила дома него и другите слуги. Кога стигнале таму, Елиезер раскажал зошто Авраам го испратил во Харан и како Јехова му одговорил на молитвата. Семејството на Ревека се согласило таа да се омажи за Исак.

Ревека отишла со Елиезер во Ханаан и се омажила со Исак

Но, што мислиш, дали Ревека сакала да се омажи за Исак?— Ревека знаела дека Јехова го водел Елиезер. Затоа, кога нејзините ја прашале дали сака да оди во Ханаан и да се омажи за Исак, таа рекла: ‚Да, сакам‘. Веднаш тргнала на пат со Елиезер. Кога пристигнале во Ханаан, се омажила за Исак.

Ревека го направила она што Јехова го побарал од неа. Затоа тој ја наградил. Исус, кој се родил многу години подоцна, потекнувал од нејзиното семејство. Ако си и ти како неа и го радуваш Јехова, тој ќе те награди и тебе.

ПРОЧИТАЈ ВО БИБЛИЈАТА:

  • 1. Мојсеева 12:4, 5; 24:1-58, 67

ПРАШАЊА:

  • Која била Ревека?

  • Зошто Авраам не сакал Исак да се ожени со девојка од Ханаан?

  • Како знаел Елиезер дека Ревека е вистинската девојка за Исак?

  • Како можеме и ние да бидеме како Ревека?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели