ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • yc тема 10 стр. 22-23
  • Исус секогаш бил послушен

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Исус секогаш бил послушен
  • Поучете ги своите деца
  • Сличен материјал
  • Исус научил да биде послушен
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2010
  • Што учиме од Марија
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • ,Ги чувала тие зборови во своето срце‘
    Угледајте се на нивната вера
  • „Ова е мојот син“
    Учи од Големиот Учител
Повеќе
Поучете ги своите деца
yc тема 10 стр. 22-23
Јосиф и Марија го наоѓаат малиот Исус во храмот

ТЕМА 10

Исус секогаш бил послушен

Лесно ли е секогаш да ги слушаш мама и тато?— Понекогаш не е баш лесно. Знаеш ли на кого му бил послушен Исус?— Тој го слушал Јехова, а ги слушал и родителите. Ако учиш од него, и ти ќе ги слушаш твоите родители, дури и кога тоа не е баш лесно. Ајде да видиме како.

Пред да се роди на Земјата, Исус живеел на небото заедно со својот Татко, Јехова. Но, Исус имал родители и тука на Земјата. Тие се викале Јосиф и Марија. Знаеш ли како му станале родители на Исус?—

Јехова направил чудо за да може Исус да расте во стомакот на Марија како и сите бебиња. По околу девет месеци, Исус се родил како мало бебе. Така Марија и нејзиниот маж, Јосиф, му станале родители на Исус овде на Земјата.

Кога Исус имал само 12 години, направил нешто од што се гледа колку многу го сакал својот Татко, Јехова. Тоа се случило кога Исус и неговото семејство отишле на долг пат до Ерусалим за да го прослават празникот Пасха. Кога си тргнале накај дома, Јосиф и Марија никаде не можеле да го најдат Исус. Знаеш ли каде бил тој?—

Зошто Исус бил во храмот?

Јосиф и Марија веднаш се вратиле во Ерусалим и почнале насекаде да го бараат Исус. Многу се загрижиле затоа што не можеле да го најдат. Но, по три дена го нашле во храмот! Знаеш ли зошто Исус бил во храмот?— Таму можел да учи за својот Татко, Јехова. Исус го сакал Јехова и сакал да научи што треба да прави за да го радува. Дури и кога пораснал, Исус секогаш го слушал Јехова. Исус бил послушен и кога не било лесно, па дури и кога морал да трпи лоши работи. А дали ги слушал Јосиф и Марија?— Библијата ни кажува дека ги слушал.

Што научи од Исус?— Треба да ги слушаш мама и тато дури и кога тоа не е лесно. Ќе ги слушаш ли?—

ПРОЧИТАЈ ВО БИБЛИЈАТА:

  • Лука 1:30-35; 2:45-52

  • Ефешаните 6:1

  • Евреите 5:8

ПРАШАЊА:

  • Како Јосиф и Марија му станале родители на Исус?

  • Кога родителите отишле да го бараат Исус во Ерусалим, каде го нашле?

  • Што научи од Исус?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели