ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • hf тема 2 прашања 1-2
  • Бидете верни еден на друг

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бидете верни еден на друг
  • Твоето семејство може да биде среќно
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • 1. БРАКОТ НЕКА ТИ БИДЕ ПОВАЖЕН ОД ДРУГИТЕ РАБОТИ
  • 2. ЧУВАЈ СИ ГО СРЦЕТО
  • Барај совети од Бог за да имаш среќен брак
    Твоето семејство може да биде среќно
  • По венчавката
    Како да ја зачуваш Божјата љубов
  • Приврзаност во бракот
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2008
  • Однесувај се со почит кон брачниот другар
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
Повеќе
Твоето семејство може да биде среќно
hf тема 2 прашања 1-2
Сопругот ѝ го држи чадорот на својата жена и ѝ ја отвора вратата од автомобилот

ТЕМА 2

Бидете верни еден на друг

„Бог што составил, човек да не разделува“ (Марко 10:9)

Јехова рекол: „Немојте да постапувате неверно“ (Малахија 2:16). Тоа е особено важно во бракот бидејќи без верност нема доверба, а довербата е неопходна за успешен брак.

Денес, верноста во бракот е на удар. За да го зачуваш својот брак, мора да бидеш решен да правиш две работи.

1. БРАКОТ НЕКА ТИ БИДЕ ПОВАЖЕН ОД ДРУГИТЕ РАБОТИ

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: ‚Проценете што е најважно‘ (Филипјаните 1:10). Твојот брак е една од најважните работи во твојот живот. Затоа, заслужува целосно да му се посветиш.

Јехова сака твојот сопружник да биде во центарот на твојот живот и заедно да му се радувате на животот (Проповедник 9:9). Тој јасно кажува дека никогаш не треба да го запоставуваш својот брачен другар, туку дека двајцата треба да придонесувате за вашата среќа (1. Коринќаните 10:24). Покажувај му на твојот сопружник дека ти е потребен и дека го цениш.

Сопругот ѝ носи на својата жена топол пијалак; сопругот се враќа од работа и ја наоѓа сопругата како готви

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ:

  • Редовно одвојувај време да бидеш со твојот сопружник и посветувај му целосно внимание.

  • Мисли на тоа дека сте двајца — „јас“ замени го со „ние“.

Брачен пар на излет

2. ЧУВАЈ СИ ГО СРЦЕТО

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: „Секој што гледа во жена со страст, веќе извршил прељуба со неа во своето срце“ (Матеј 5:28). Ако некој размислува за неморални работи, во извесна смисла му е неверен на својот брачен другар.

Јехова вели дека треба да си го ‚чуваш срцето‘ (Изреки 4:23; Еремија 17:9). За да успееш во тоа, мора да внимаваш што гледаш (Матеј 5:29, 30). Следи го примерот на верниот Јов од минатото, кој цврсто решил да не гледа во друга жена со неисправни желби (Јов 31:1). И ти цврсто одлучи никогаш да не гледаш порнографија. Исто така, не дозволувај да ти се јават романтични чувства кон некоја друга личност.

На работното место, сопругот има слика од својата жена

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ:

  • На другите јасно стави им до знаење дека си му верен на твојот брачен другар.

  • Мисли на чувствата на твојот сопружник и веднаш прекини секакво блиско пријателство на кое твојот сопружник има приговор.

НАПРАВИ ГО СВОЈОТ ДЕЛ

Искрено преиспитај се и пронајди ги своите слабости (Псалм 15:2). Не се срами да побараш помош (Изреки 1:5). Ако ти доаѓаат неморални мисли, упорно бори се да ги отфрлиш. Не се обесхрабрувај (Изреки 24:16). Јехова ќе ги благослови твоите напори да му останеш верен на твојот брачен другар.

ПРАШАЈ СЕ...

  • Како да најдам повеќе време за мојот брачен другар?

  • Дали мојот сопружник ми е најдобриот пријател?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели