ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • hf тема 4 прашања 1-2
  • Како да водите сметка за парите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да водите сметка за парите
  • Твоето семејство може да биде среќно
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • 1. ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАЈТЕ
  • 2. БИДИ ОТВОРЕН И РЕАЛЕН
  • Како да се води сметка за парите
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Како гледаш на парите?
    Разбудете се! 2015
  • Пари
    Разбудете се! 2014
  • Дали парите се корен на сето зло?
    Одговор на библиски прашања
Повеќе
Твоето семејство може да биде среќно
hf тема 4 прашања 1-2
Сопруг и сопруга внимателно ги планираат своите трошоци

ТЕМА 4

Како да водите сметка за парите

„Успешни замисли настануваат со советување“ (Изреки 20:18)

На сите ни се потребни пари за да го набавиме она што му е потребно на семејството (Изреки 30:8). Факт е дека „парите се заштита“ (Проповедник 7:12). Можеби нема да ви биде лесно да разговарате за нив, но не дозволувајте тие да бидат причина за проблеми во вашиот брак (Ефешаните 4:32). Мажот и жената треба да имаат доверба еден во друг и заедно да одлучуваат како ќе ги трошат парите.

1. ВНИМАТЕЛНО ПЛАНИРАЈТЕ

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: „Кој од вас, кога сака да гради кула, најнапред не седнува и не го пресметува трошокот за да види дали има со што да ја доврши?“ (Лука 14:28). Многу е важно заедно да испланирате како ќе ги трошите парите (Амос 3:3). Одредете што треба да купите и колку пари можете да си дозволите да потрошите (Изреки 31:16). Не значи дека мора да купите нешто само затоа што сте во можност. Трудете се да не се задолжувате. Трошете само онолку колку што имате (Изреки 21:5; 22:7).

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ:

  • Ако ви останат пари на крајот од месецот, заедно одлучете што да правите со нив.

  • Ако не ви стигаат парите, испланирајте како да ги намалите трошоците. На пример, секогаш кога е можно, купувајте по намалени цени.

Еден брачен пар размислува за поголемите трошоци

2. БИДИ ОТВОРЕН И РЕАЛЕН

ШТО ВЕЛИ БИБЛИЈАТА: „Сѐ да правиме чесно, не само пред Јехова туку и пред луѓето“ (2. Коринќаните 8:21). Искрено кажувај му на твојот сопружник колку заработуваш и колку трошиш.

Секогаш разговарај со сопружникот кога треба да донесеш некоја одлука поврзана со поголема сума пари (Изреки 13:10). Тоа што отворено ќе зборувате за финансиите ќе ви помогне да го зачувате мирот во бракот. На она што го заработуваш не гледај како на твои, туку како на семејни пари (1. Тимотеј 5:8).

Брачен пар пазарува според список

ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ:

  • Договорете се колкава сума може да потроши секој од вас без да се консултира со другиот.

  • Не чекајте да се појави некој проблем во врска со парите, па дури тогаш да зборувате на таа тема.

КАКО ГЛЕДАШ НА ПАРИТЕ

Иако парите се важни, не дозволувај да ви ги нарушат односите во бракот или да доведат до непотребни расправии (Матеј 6:25-34). За да имате убав живот, не ви се потребни многу пари. Библијата вели: „Чувајте се од секаква лакомост“ (Лука 12:15). Бракот е поважен од сѐ што може да се купи со пари. Затоа, биди задоволен со она што го имаш и никогаш не го запоставувај твојот личен однос со Бог. Така, твоето семејство ќе биде среќно и Јехова ќе се радува со вас (Евреите 13:5).

ПРАШАЈ СЕ...

  • Што да правиме како семејство за да не влеземе во долгови?

  • Кога последен пат отворено разговарав со мојот брачен другар за нашите примања и трошоци?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели