Песна 151
Објавувањето на Божјите синови
Печатено издание
Веќе е близу времето
за да се објави
дека со Христос владеат
Божјите синови.
(РЕФРЕН)
Ќе слават тие заедно
со Христос победа,
ќе бидат наши цареви,
над сѐ ќе владеат.
А сите преостанати
што се на Земјата
со трубен звук, на небото
тој ќе ги повика.
(РЕФРЕН)
Ќе слават тие заедно
со Христос победа,
ќе бидат наши цареви,
над сѐ ќе владеат.
(МОСТ)
И тогаш сите завршна
битка ќе поведат.
Во сета вечност Јагнето
ќе има невеста.
(РЕФРЕН)
Ќе слават тие заедно
со Христос победа,
ќе бидат наши цареви,
над сѐ ќе владеат.
(Види и Дан. 2:34, 35; 1. Кор. 15:51, 52; 1. Сол. 4:15-17.)