ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • jy погл. 49 стр. 122-стр. 123 пас. 3
  • Проповедал низ Галилеја и ги обучувал апостолите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Проповедал низ Галилеја и ги обучувал апостолите
  • Исус — патот, вистината и животот
  • Сличен материјал
  • Уште едно проповедничко патување по Галилеја
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Да бидеме радосни жетвари!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Подготвени да проповедаат и покрај противењето
    Исус — патот, вистината и животот
  • Седумдесет ученици почнале да проповедаат
    Исус — патот, вистината и животот
Повеќе
Исус — патот, вистината и животот
jy погл. 49 стр. 122-стр. 123 пас. 3
Исус ги испраќа апостолите по двајца да проповедаат

ПОГЛАВЈЕ 49

Проповедал низ Галилеја и ги обучувал апостолите

МАТЕЈ 9:35 — 10:15; МАРКО 6:6-11; ЛУКА 9:1-5

  • ИСУС ПОВТОРНО ПРОПОВЕДАЛ НИЗ ГАЛИЛЕЈА

  • ГИ ИСПРАТИЛ АПОСТОЛИТЕ ДА ПРОПОВЕДААТ

Поминале околу две години откако Исус почнал активно да проповеда. Дали било време малку да забави, да не вложува толку труд во својата служба? Не. Напротив, Исус одлучил уште повеќе да проповеда така што почнал „да ги обиколува сите градови и села [во Галилеја], поучувајќи во нивните синагоги и проповедајќи ја добрата вест за царството и лекувајќи секакви болести и секакви немоќи“ (Матеј 9:35). Она што го видел го уверило дека било потребно уште повеќе да се проповеда. Но, како би го постигнал тоа?

Каде и да одел, Исус гледал луѓе на кои им било потребно духовно лекување и утеха. Му било жал бидејќи биле измачени и расеани како овци без пастир. Затоа на своите ученици им рекол: „Вистина, жетвата е голема, а работници има малку. Затоа, молете го Господарот на жетвата да испрати работници на својата жетва“ (Матеј 9:37, 38).

Апостолите на Исус ја проповедаат пораката за Царството од куќа до куќа

Исус знаел што требало да направи. Ги собрал своите дванаесет апостоли и ги поделил во шест парови. Потоа им дал јасни упатства како да проповедаат: „Не одете кај другите народи и не влегувајте во самариски град, туку одете кај загубените овци на Израеловиот дом. Додека одите, проповедајте: ‚Се приближи царството небесно‘“ (Матеј 10:5-7).

Царството за кое требало да проповедаат било Царството кое Исус го спомнал во молитвата што ја кажал на Проповедта на гората. ‚Царството се приближило‘ во таа смисла што идниот Цар на Божјето Царство, Исус Христос, дошол на Земјата. Но, што ќе послужело како доказ дека неговите ученици биле вистински застапници на Божјата влада? Исус им дал моќ да лекуваат болни, па дури и да воскреснуваат мртви, и сето тоа требало да го прават бесплатно. Но, како тогаш апостолите ќе се грижеле за своите потреби? Што ќе јаделе?

Исус им рекол да не носат многу работи со себе. Не требало да носат ниту злато, ниту сребро, ниту бакар во појасите. Немало да им биде потребно ниту патна торба, ниту две облеки ниту, пак, сандали. Зошто? Исус ги уверил: „Работникот ја заслужува својата храна“ (Матеј 10:10). Знаел дека луѓето што ќе ја ценеле нивната порака, за возврат ќе им помогнеле околу нивните основни потреби. Исус рекол: „Во која куќа и да влезете, останете таму сѐ додека не си заминете од тој крај“ (Марко 6:10).

Потоа Исус ги поучил како да им пристапуваат на луѓето кога ќе сакаат да им ја пренесат веста за Царството. Тој им рекол: „Кога ќе влезете во куќата, поздравете ги домашните. Ако куќата е достојна, нека дојде на неа мирот што ѝ го посакувате, но ако не е достојна, вашиот мир нека ви се врати вам. Таму каде што никој нема да ве прими или да ги послуша вашите зборови, на излегување од таа куќа или од тој град истресете го правот од нозете“ (Матеј 10:12-14).

Понекогаш ќе се случело дури и цел град или цело село да ја одбие нивната порака. Што ќе значело тоа за тие места? Исус кажал дека ќе биле тешко казнети. Тој рекол: „Вистина, ви велам, полесно ќе им биде на содомската и на гоморската земја во Судниот ден отколку на тој град“ (Матеј 10:15).

  • Кога Исус започнал уште едно проповедничко патување низ Галилеја, и во што се уверил тогаш?

  • Како ги поделил и какви упатства им дал Исус на дванаесетте апостоли кога ги испратил да проповедаат?

  • Во која смисла ‚се приближило царството небесно‘?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели