ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • jy погл. 87 стр. 204-стр. 205 пас. 3
  • Мудро да се користат материјалните средства

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Мудро да се користат материјалните средства
  • Исус — патот, вистината и животот
  • Сличен материјал
  • Обезбеди си ја иднината со практична мудрост
    Најголемиот човек кој некогаш живеел
  • Дали сте знаеле?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2019
  • Собирај си вистинско богатство
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Биди подготвен, верен управителу!
    Исус — патот, вистината и животот
Повеќе
Исус — патот, вистината и животот
jy погл. 87 стр. 204-стр. 205 пас. 3
Еден богат господар го отпушта својот управител

ПОГЛАВЈЕ 87

Мудро да се користат материјалните средства

ЛУКА 16:1-13

  • СПОРЕДБАТА ЗА НЕПРАВЕДНИОТ УПРАВИТЕЛ

  • „СТЕКНУВАЈТЕ СИ ПРИЈАТЕЛИ СО НЕПРАВЕДНОТО БОГАТСТВО“

Споредбата за загубениот син, која Исус штотуку ја раскажал, требало да им помогне на даночниците, книжниците и фарисеите да сфатат дека Бог е спремен да им прости на оние што се каат за своите гревови (Лука 15:1-7, 11). Потоа Исус им се обратил на своите ученици. Тој повторно кажал една споредба, овојпат за еден богат човек кој дознал дека управителот во неговиот дом не си ја вршел работата како што треба.

1. Управителот размислува што да направи; 2. Управителот го намалува долгот на еден човек што му бил должен на неговиот господар

Исус кажал дека управителот бил обвинет дека го растура имотот на својот господар. Затоа, господарот му рекол дека ќе го отпушти. Тогаш управителот си рекол: „Што да правам? Мојот господар ми го одзема управителското место. За копање не сум доволно јак, а да просам се срамам“. Размислувајќи како да си ја обезбеди иднината, заклучил: „Знам што да направам за да ме примат луѓето во своите куќи кога ќе ми се одземе управителското место!“ Веднаш ги повикал должниците на својот господар и го прашал секого од нив: „Колку му должиш на мојот господар?“ (Лука 16:3-5).

Првиот одговорил: „Сто бата маслиново масло“, што било околу две илјади и двеста литри масло. Тој човек можеби имал голем маслинарник или, пак, бил трговец што продавал масло. Управителот му рекол: „Земи ја својата сметка, па седни и брзо напиши педесет [илјада и сто литри]“ (Лука 16:6).

Тогаш управителот прашал друг должник: „Колку должиш ти?“ Одговорот бил: „Сто кора пченица“, што изнесувало околу дваесет и две илјади литри. Нему управителот му рекол: „Земи ја својата сметка и напиши осумдесет“. Така му го намалил долгот за дваесет отсто (Лука 16:7).

Управителот не ги пречекорил своите овластувања со тоа што на должниците им ги намалил долговите, затоа што сѐ уште работел за својот господар. Со тоа си стекнал пријатели кои можеле да му направат некоја услуга за возврат кога тој ќе ја изгубел работата.

По некое време господарот дознал што се случило. Иако тоа што го направил управителот му нанело загуба на господарот, тој бил изненаден од „неговата снаодливост“ и го пофалил, и покрај тоа што бил ‚неправеден‘. Исус рекол: „Синовите на овој свет постапуваат поснаодливо со својот род отколку синовите на светлината“ (Лука 16:8).

Исус не го оправдал начинот на кој постапил управителот ниту, пак, сакал да ги поттикне другите на нечесна заработувачка. Тогаш, што сакал да каже со таа споредба? Тој ги поттикнал учениците: „Затоа ви велам, стекнувајте си пријатели со неправедното богатство за, кога тоа ќе исчезне, да ве примат во вечните живеалишта!“ (Лука 16:9). Исус ги поучил да мислат на иднината и да постапуваат мудро. Божјите слуги, односно „синовите на светлината“ треба мудро да ги користат своите материјални средства, така што ќе ја имаат предвид својата вечна иднина.

Само Јехова Бог и неговиот Син можат да примат некого во небесното Царство или во рајот на Земјата над кој ќе владее тоа Царство. Да даваме сѐ од себе за да останеме во близок однос со нив така што материјалните средства што ги поседуваме ќе ги користиме за да го поддржуваме Божјето Царство. Така, кога златото, среброто и другото материјално богатство ќе пропадне, иднината нема да нѐ загрижува затоа што ќе ни биде загарантиран вечниот живот.

Покрај тоа, Исус кажал дека оние што постапуваат верно во начинот на кој го користат богатството или материјалните работи што ги имаат, ќе постапуваат верно и кога ќе им се довери нешто што е многу повредно. Тој рекол: „Според тоа, ако не постапувате верно со неправедното богатство, кој ќе ви го довери вистинското богатство [како што е службата за Бог]?“ (Лука 16:11).

Исус на своите ученици им објаснил дека, ако сакаат да бидат примени „во вечните живеалишта“, од нив ќе се бара повеќе. Никој не може во исто време да биде и вистински слуга на Бог и слуга на неправедното, односно материјалното богатство. На крајот, Исус заклучил: „Ниту еден слуга не може да им робува на двајца господари, зашто, или едниот ќе го мрази, а другиот ќе го сака, или ќе биде приврзан кон едниот, а другиот ќе го презира. Не можете да им робувате и на Бог и на богатството“ (Лука 16:9, 13).

  • Како управителот од споредбата на Исус си стекнал пријатели што подоцна ќе можеле да му помогнат?

  • Што е „неправедното богатство“, и како еден христијанин може да ‚стекне пријатели‘ со него?

  • Кој може да нѐ прими „во вечните живеалишта“ ако верно постапуваме со „неправедното богатство“ што го имаме?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели