ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • od погл. 4 стр. 24-29
  • Како е организирано собранието?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како е организирано собранието?
  • Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • ОРГАНИЗИРАНО НА ТЕОКРАТСКИ НАЧИН
  • ДЕНЕШНИТЕ СОБРАНИЈА СЕ ОРГАНИЗИРАНИ КАКО СОБРАНИЈАТА ВО ПРВИОТ ВЕК
  • УЛОГАТА НА ПРАВНИТЕ ТЕЛА
  • КАКО СЕ ОРГАНИЗИРАНИ ПОДРУЖНИЦИТЕ?
  • Собранието нека се изградува
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Собранието нека го фали Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Надгледници кои се грижат за Божјето стадо
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
  • Како Јехова ја води својата организација?
    Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог
Повеќе
Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
od погл. 4 стр. 24-29

ПОГЛАВЈЕ 4

Како е организирано собранието?

ВО СВОЕТО прво писмо до Коринќаните, апостол Павле кажал една важна вистина во врска со Бог. Тој напишал: „Бог не е Бог на нередот, туку на мирот“. А потоа, во врска со собраниските состаноци, Павле рекол: „Сѐ нека биде пристојно и така како што е редот“ (1. Кор. 14:33, 40).

2 Уште во почетокот од тоа писмо, апостол Павле предупредил дека во собранието во Коринт имало поделби меѓу христијаните. Павле ги поттикнал браќата и сестрите да зборуваат едно и да бидат потполно обединети со ист ум и со ист начин на размислување (1. Кор. 1:10, 11). Потоа им дал совет во врска со работите кои го нарушувале единството во собранието. Павле го споредил собранието со човечко тело и истакнал колку е важно христијаните да бидат обединети и сложно да соработуваат меѓусебно. Тој ги поттикнал сите во собранието, без оглед на тоа какви задачи имале, да се сакаат и да се грижат еден за друг (1. Кор. 12:12-26). За да можеле сите во собранието складно да соработуваат, требало да бидат добро организирани.

3 Како требало да биде организирано собранието? Кој требало да го организира? Кој требало да служи на одговорни положби? Да видиме како Библијата ни дава одговор на овие прашања (1. Кор. 4:6).

ОРГАНИЗИРАНО НА ТЕОКРАТСКИ НАЧИН

4 Христијанското собрание било основано на Педесетница 33 год. од н.е. Тоа било организирано на теократски начин, односно било под Божја (грчки: теос) власт (грчки: кратос). Овие два збора во изворниот текст се спомнуваат во 1. Петрово 5:10, 11. Библискиот извештај за тоа што се случило во Ерусалим пред околу 2.000 години јасно ни покажува дека Бог го основал собранието од помазани христијани (Дела 2:1-47). Собранието било „Божја градба“, а христијаните биле „домашни на Бог“ (1. Кор. 3:9; Еф. 2:19). И денес, христијанското собрание е организирано и функционира на ист начин како собранието во првиот век.

Собранијата на Јеховините сведоци денес се организирани на сличен начин како што биле организирани собранијата во првиот век

5 Во почетокот, во христијанското собрание имало околу 120 ученици. Врз нив бил излеан светиот дух, со што се исполниле зборовите кои се запишани во Јоил 2:28, 29 (Дела 2:16-18). Но, истиот ден се крстиле уште околу 3.000 души кои станале дел од собранието од помазани христијани. Тие ја прифатиле пораката за Христос и му се посветиле на апостолското учење. Јехова, пак, секојдневно им ги придодавал оние што доаѓале на патот на спасението (Дела 2:41, 42, 47).

6 Во собранието во Ерусалим имало толку голем пораст што еврејскиот првосвештеник се жалел дека христијаните го наполниле Ерусалим со своето учење. И многу еврејски свештеници ги прифатиле учењата на Исус и станале дел од собранието во Ерусалим (Дела 5:27, 28; 6:7).

7 На своите следбеници Исус им рекол: „Ќе ми бидете сведоци во Ерусалим, во цела Јудеја и Самарија и сѐ до крајот на земјата“ (Дела 1:8). Овие зборови на Исус навистина се исполниле. По смртта на Стефан избувнало жестоко прогонство во Ерусалим, па учениците што живееле таму се распрснале низ цела Јудеја и Самарија. Секаде каде што оделе продолжувале да ја објавуваат добрата вест и да прават нови ученици. Меѓу новите ученици имало и Самарјани (Дела 8:1-13). Подоцна, добрата вест им била проповедана и на луѓето кои не биле Евреи (Дела 10:1-48). Како резултат на ова проповедничко дело, многу луѓе станале следбеници на Христос. Освен тоа, биле основани нови собранија надвор од Ерусалим (Дела 11:19-21; 14:21-23).

8 Што било направено за секое новоосновано собрание да биде организирано на теократски начин? Под водство на Божјиот дух, биле поставени старешини, односно пастири кои требало да се грижат за стадото. На своето прво мисионерско патување, Павле и Варнава посетиле многу собранија во кои поставиле старешини (Дела 14:23). Библискиот писател Лука спомнува некои детали од средбата што Павле ја имал со старешините во Ефес. Павле им рекол: „Внимавајте на себе и на целото стадо, во кое светиот дух ве постави за надгледници, да го пасете Божјето собрание, кое Бог го купи со крвта на својот Син“ (Дела 20:17, 28). Овие браќа биле именувани како старешини затоа што ги исполнувале библиските услови за таа служба (1. Тим. 3:1-7). И Тит, кој му бил соработник на Павле, имал задача да именува старешини во собранијата на Крит (Тит 1:5).

9 Апостолите и старешините во Ерусалим продолжиле да ги надгледуваат сите христијански собранија во првиот век чиј број сѐ повеќе растел. Тие служеле како водечко тело.

10 Кога го напишал своето писмо до собранието во Ефес, апостол Павле објаснил дека собранието ќе го зачува единството ако го следи водството на Божјиот дух и ако лојално му се подложува на својот поглавар, Исус Христос. Тој ги поттикнал тамошните христијани да бидат понизни и да го одржуваат „единството на духот“ така што ќе се трудат да имаат добри односи меѓусебе (Еф. 4:1-6). Потоа, Павле ги цитирал зборовите од Псалм 68:18 и објаснил дека тие се однесуваат на духовно зрелите мажи кои Јехова ги поставил да се грижат за собранието и да служат како апостоли, пророци, проповедници, пастири и учители. Овие мажи биле дарови од Јехова и требало да ги зајакнуваат христијаните и да им помагаат да станат зрели во духовен поглед — нешто што му носи голема радост на Бог (Еф. 4:7-16).

ДЕНЕШНИТЕ СОБРАНИЈА СЕ ОРГАНИЗИРАНИ КАКО СОБРАНИЈАТА ВО ПРВИОТ ВЕК

11 Денес, собранијата на Јеховините сведоци се организирани на сличен начин како христијанските собранија во првиот век. Сите тие сочинуваат едно обединето, меѓународно собрание во кое другите овци им помагаат на своите помазани браќа и сестри (Зах. 8:23). Сето ова е можно затоа што Исус Христос, токму како што ветил, лојално ги поддржува своите помазани следбеници „во сите денови до свршетокот на овој поредок“. Сѐ поголем број луѓе ја прифаќаат добрата вест од Бог, му го заветуваат својот живот и се крштаваат како ученици на Исус (Мат. 28:19, 20; Мар. 1:14; Дела 2:41). Тие го прифаќаат Исус Христос како Добриот пастир и како Глава на целото собрание кое е составено од помазани христијани и од „други овци“ (Јован 10:14, 16; Еф. 1:22, 23). Помазаниците и другите овци се „едно стадо“. Тие го чуваат своето единство со тоа што лојално му се подложуваат на Христос и на „верниот и разборит роб“ кој е поставен од него. И понатаму да покажуваме целосна доверба во тој роб (Мат. 24:45).

УЛОГАТА НА ПРАВНИТЕ ТЕЛА

12 За да се дели духовна храна во вистинско време и за да се проповеда добрата вест за Царството пред да дојде крајот, беа основани некои правни тела. Тие се законски регистрирани во различни земји и соработуваат меѓусебно. Правните тела овозможуваат добрата вест да се проповеда низ целиот свет.

КАКО СЕ ОРГАНИЗИРАНИ ПОДРУЖНИЦИТЕ?

13 Кога во некоја земја ќе се основа подружница, се формира и Одбор на подружницата од тројца или повеќе старешини. Тој одбор се грижи за делото во таа земја или во други земји кои се под негова надлежност. Еден член од тој одбор служи како координатор на Одборот на подружницата.

14 Собранијата кои ги надгледува подружницата се организирани во покраини. Големината на покраините е различна и зависи од географската местоположба, јазикот, како и бројот на собранија на подрачјето кое го надгледува подружницата. Во секоја покраина се именува еден покраински надгледник кој се грижи за собранијата. Подружницата им дава упатства на покраинските надгледници во врска со тоа како да ги извршуваат своите одговорности.

15 Оние што се дел од христијанските собранија спремно го прифаќаат начинот на кој се организирани работите бидејќи им е јасно дека тоа е за нивно добро. Тие ги прифаќаат именуваните старешини кои се поставени да ги надгледуваат подружниците, покраините и собранијата. Уверени се дека верниот и разборит роб ќе им даде духовна храна во вистинско време. Верниот роб денес му се подложува на Христос, се држи за библиските начела и тесно го следи водството на светиот дух. Ако сите соработуваме во единство, ќе го доживееме тоа што го доживеале христијаните во првиот век. Во Дела 16:5 пишува: „Собранијата се зацврстуваа во верата и од ден на ден растеа“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели