ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • rj дел 5 стр. 12-15
  • Врати се кај својот Пастир

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Врати се кај својот Пастир
  • Врати се кај Јехова
  • Сличен материјал
  • „Вратете се кај мене“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
  • Тој ќе те зајакне
    Пеј му од срце на Јехова
  • Тој ќе те зајакне
    Пејте му на Јехова
  • Јехова навистина те сака!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
Повеќе
Врати се кај Јехова
rj дел 5 стр. 12-15

ДЕЛ 5

Врати се кај својот Пастир

Дали и ти се соочуваш со некои од предизвиците кои беа спомнати во оваа брошура? Ако да, не си единствениот. Голем број верни слуги на Бог во минатото и денес имале слични предизвици. Јехова им помогнал да ги надминат, а ќе ти помогне и тебе.

Јехова нема да те остави ни за миг, туку ќе ти помага да му се вратиш

БИДИ УВЕРЕН дека Јехова нема да те остави ни за миг, туку ќе ти помага да му се вратиш. Тој ќе ти даде сила да се справиш со грижите, да ги залечиш повредените чувства и да стекнеш чиста совест која ќе ти донесе внатрешен мир. Тоа ќе те поттикне повторно да почнеш да му служиш на Јехова заедно со соверниците. И ти ќе го доживееш она што го доживеале некои христијани од првиот век за кои апостол Петар напишал: „Бевте како залутани овци, но сега се вративте кај пастирот и чувар на вашите души“ (1. Петрово 2:25).

Најдоброто нешто што можеш да го направиш е да се вратиш кај Јехова. Зошто? Затоа што така ќе го израдуваш неговото срце (Изреки 27:11). Како што знаеш, тој има чувства и нашите постапки влијаат врз него. Се разбира, Јехова не нѐ присилува да го сакаме и да му служиме (5. Мојсеева 30:19, 20). Во врска со тоа, еден библиски изучувач рекол: „Нашето срце е како една врата која може да се отвори само однатре. Никој не може да нѐ присили да ја отвориме ако ние не сакаме“. Кога со љубов му служиме на Јехова, ја отвораме таа врата. Така многу го радуваме нашиот Бог и му даваме еден скапоцен дар — нашата верност. Навистина, ништо не може да се спореди со среќата што ја чувствуваме кога му го даваме на Јехова она што го заслужува (Дела 20:35; Откровение 4:11).

Една неактивна сестра е срдечно пречекана во собранието

Освен тоа, кога ќе се вратиш кај Јехова, ќе ги задоволиш своите духовни потреби (Матеј 5:3). Многу луѓе низ целиот свет се прашуваат: ‚Зошто постоиме?‘ Тие копнеат да дознаат која е смислата на животот. Бидејќи Јехова нѐ создал со духовни потреби, ништо друго не ни носи поголемо задоволство од тоа да му служиме од љубов (Псалм 63:1-5).

Јехова сака да се вратиш кај него. Од каде можеш да бидеш сигурен? Па, размисли за следново: Додека ја подготвувавме оваа брошура многу се молевме. Потоа, веројатно некој старешина или соверник ти ја даде да ја прочиташ. Ти реши да го направиш тоа и да ја земеш при срце нејзината порака. Сето ова е доказ дека Јехова не те заборавил, туку дека нежно те привлекува кон себе (Јован 6:44).

Многу е утешно тоа што Јехова не ги заборава своите слуги кои се оддалечиле од него. Една сестра по име Дона го почувствувала тоа на своја кожа. Таа вели: „Постепено се оддалечив од вистината, но често размислував за Псалм 139:23, 24, каде што стои: ‚Проникни во мојата внатрешност о Боже и запознај го срцето мое! Испитај ме и запознај ги немирните мисли мои, и види има ли во мене нешто што ме наведува на лош пат, и води ме по патот вечен!‘ Знаев дека не припаѓам во овој свет затоа што никогаш вистински не се вклопував во него. Ми стана јасно дека моето место е во Јеховината организација. Сфатив дека Јехова не ме напушти мене, туку јас се оддалечив од него и требаше да му се вратам. Многу сум среќна што го сторив тоа!“

„Сфатив дека Јехова не ме напушти мене, туку јас се оддалечив од него и требаше да му се вратам“

Од сѐ срце се молиме и ти повторно да ја почувствуваш радоста што ја дава Јехова (Неемија 8:10). Никогаш нема да зажалиш што си се вратил кај Јехова.

Одговор на некои прашања

ОД КАДЕ ДА ПОЧНАМ?

Една неактивна сестра ја чита Библијата

Некој што е болен не може веднаш да се врати на својата вообичаена рутина, потребно му е време. Слично на тоа, и тебе ти треба време за да зајакнеш во духовен поглед. Затоа, почни секој ден да земаш мали порции духовна храна. Но, немој да мислиш дека мора да направиш сѐ одеднаш. Добро е да одвоиш неколку минути за да ја читаш Библијата, да проучуваш некоја наша публикација, да прочиташ некоја статија на jw.org или, пак, да гледаш некои од видеоклиповите и месечните емисии кои се наоѓаат таму. Исто така, постави си за цел да отидеш на состанок што е можно побрзо. Пред сѐ, моли го Јехова за помош. ‚Сите свои грижи фрли ги на него, зашто тој се грижи за тебе‘ (1. Петрово 5:7).

„Откако станав неактивна, ми беше срам дури и да се молам. Кога собрав храброст да му се обратам на Јехова, кај мене дојде еден старешина од собранието. Тој ми помогна да сфатам дека Јехова не кренал раце од мене. Старешината ми предложи да ја читам Библијата секој ден. Кога почнав да го правам тоа, собрав сила повторно да одам на состаноците. Со текот на времето, почнав да одам и во служба на проповедање. Многу сум радосна што Јехова никогаш не се откажа од мене“ (Ива).

КАКО ЌЕ РЕАГИРААТ БРАЌАТА И СЕСТРИТЕ?

Можеш да бидеш сигурен дека браќата и сестрите многу ќе се израдуваат кога ќе те видат на состанок. Тие нема да те критикуваат или да те осудуваат, туку ќе ти покажат дека те сакаат и ќе направат сѐ што можат за да те охрабрат (Евреите 10:24, 25).

„Многу ми беше срам да влезам во Салата. Се прашував како ќе реагираат браќата и сестрите. Една постара сестра која беше во собранието и пред 30 години ми рече: ‚Добредојде дома, сине!‘ Тие зборови навистина длабоко ме трогнаа. Сфатив дека собранието е мојот вистински дом“ (Хавиер).

„Отидов во Салата и седнав во последниот ред за никој да не ме забележи. Меѓутоа, многумина ме препознаа бидејќи како дете доаѓав на состаноците. Толку срдечно ме поздравуваа и ме прегрнуваа што почувствував голем мир. Имав чувство како да сум се вратил дома“ (Марко).

КАКО ЌЕ МИ ПОМОГНАТ СТАРЕШИНИТЕ?

Старешините ќе бидат љубезни со тебе. Ќе те пофалат затоа што сакаш повторно да ја разгориш „својата прва љубов“ (Откровение 2:4). Милостиво и во „дух на благост“ ќе те советуваат и ќе ти помогнат да се поправиш (Галатите 6:1; Изреки 28:13). Можеби ќе замолат некој објавител да проучува одредена публикација со тебе како, на пример, книгата Приближи му се на Јехова или книгата Зачувај ја Божјата љубов. Биди уверен дека старешините постојано ќе бидат крај тебе за да ти даваат утеха и поддршка (Исаија 32:1, 2).

„Иако цели осум години бев неактивен, старешините не се откажаа од мене. Еднаш, еден старешина ми покажа некои наши заеднички слики. Тие ми вратија толку многу пријатни спомени што посакав повторно да ја почувствувам радоста која ја имав додека му служев на Јехова. Старешините со љубов ми помогнаа да се вратам кај Јехова“ (Виктор).

„Тој ќе те зајакне“

Две сестри пеат од една песнарка на состанок

Во нашата песнарка, Пејте му на Јехова, има многу трогателни песни од кои можеш да црпиш утеха и охрабрување додека се трудиш повторно да се зближиш со Јехова. На пример, обрни внимание на текстот од песна број 60. Таа се темели на зборовите од 1. Петрово 5:10 и носи наслов „Тој ќе те зајакне“.

  1. Со добра причина те викнал тебе Бог,

    те извел надвор од темнината.

    Го видел твојто срце, сиот копнеж твој

    да знаеш што е добро, кој е Тој.

    Во молитва му вети верност ти.

    Ти помага и уште си му мил.

  2. За тебе Бог го дал најмилиот свој Син

    и сака да ти биде добро, знај.

    Штом толку вредно нешто без да жали дал,

    и сила ќе ти дава сѐ до крај.

    Ја гледа сета љубов твоја Тој,

    го чува, ко што ветил, секој свој.

    (РЕФРЕН)

    Со Синот Бог те купил, и негов сега си.

    Штом со тебе е Тој, ќе имаш сила ти.

    Те водел и твој заштитник сѐ досега бил.

    Штом со тебе е Тој, ќе имаш сила ти.

Пејте му на Јехова — вокална изведба

За да ја слушаш вокалната изведба на оваа и на други теократски песни, скенирај го кодот или оди на jw.org/mk.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели