ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • ypq прашање 7 стр. 21-23
  • Што да правам ако некој ме наговара на секс?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Што да правам ако некој ме наговара на секс?
  • Младите прашуваат — 10 практични одговори
  • Сличен материјал
  • Дали сексот ќе ни ја зајакне врската?
    Младите прашуваат — делотворни одговори, том 1
  • Дали сексот ќе ја зајакне нашата врска?
    Разбудете се! 2010
  • Како да го објаснам мојот став за сексот?
    Младите прашуваат
  • Што има лошо во предбрачниот секс?
    Разбудете се! 2004
Повеќе
Младите прашуваат — 10 практични одговори
ypq прашање 7 стр. 21-23
Тинејџерка решително одбива понуда од едно момче кое е заинтересирано за неа

ПРАШАЊЕ 7

Што да правам ако некој ме наговара на секс?

ЗОШТО Е ВАЖНО ДА ГО ЗНАЕШ ТОА

Одлуките што ги носиш во врска со сексуалните односи додека си млад ќе влијаат врз целиот твој живот.

ШТО БИ НАПРАВИЛА ТИ?

Замисли си ја следнава ситуација: Симона излегува со Мартин само два месеца, но има чувство како да го знае цел живот. Нон-стоп си праќаат пораки, со часови разговараат по телефон и просто си ги читаат мислите еден на друг! Но, сега, Мартин сака нешто повеќе од разговор.

Досега, нивната врска не отиде подалеку од држење за рака и по некој краток бакнеж. Симона би сакала да останат на тоа. Ама, не сака да го изгуби Мартин. Само тој прави таа да се чувствува толку убава, толку посебна. „Освен тоа“, си вели таа, „ние се сакаме...“

Што би направилаa ти доколку си доволно возрасна за врска и си на местото на Симона?

ЗАСТАНИ И РАЗМИСЛИ!

Убава блуза се користи како крпа за чистење

Сексуалните односи се дар од Бог само за оние што се во брак. Предбрачниот секс е злоупотреба на тој дар. Тоа е исто како една убава блуза што си ја добил како подарок да ја користиш како крпа за чистење

Ако игнорираш некој физички закон, на пример, законот за гравитација, ќе ги трпиш последиците. Истото важи и ако игнорираш некој морален закон, на пример, законот да се воздржуваме од предбрачен секс (1. Солуњаните 4:3).

Какви ќе бидат последиците ако не ја почитуваме заповедта да се воздржуваме од предбрачен секс? Библијата вели: „Кој прави блуд, греши против своето сопствено тело“ (1. Коринќаните 6:18). Во која смисла?

Според истражувачите, многу млади кои имале предбрачен секс се соочуваат со една или повеќе од следниве последици:

  • КАЕЊЕ. Голем број од младите кои имале сексуални односи пред брак велат дека подоцна се каеле поради тоа.

  • НЕДОВЕРБА. Откако ќе имаат секс, и момчето и девојката почнуваат да се прашуваат: „Со кого друг спиел/а?“

  • РАЗОЧАРУВАЊЕ. Длабоко во себе, многу девојки повеќе сакаат некој што ќе ги штити, а не некој што ќе ги искористува. Од друга страна, откако ќе спијат со некоја девојка, повеќето момчиња обично губат интерес за неа.

  • Заклучок: Ако имаш сексуални односи пред брак, се понижуваш себеси со тоа што се откажуваш од нешто скапоцено (Римјаните 1:24). Твоето тело е премногу вредно за да го дадеш така лесно.

Покажи дека имаш цврст карактер со тоа што ќе бидеш послушна на Божјата заповед да се воздржуваш од блуд (1. Солуњаните 4:3). Ако еден ден стапиш во брак, ќе можеш да имаш сексуални односи. А ќе можеш и потполно да уживаш во нив — без грижите, каењето и чувството на безвредност кои честопати одат рака под рака со предбрачниот секс (Изреки 7:22, 23; 1. Коринќаните 7:3).

ШТО МИСЛИШ?

  • Дали некој што навистина те сака би ги загрозил твоето физичко и емоционално здравје?

  • Дали некој кому навистина му значиш ќе те наведува да направиш нешто со што ќе го нарушиш твоето пријателство со Бог? (Евреите 13:4).

a Во оваа статија ќе користиме женски род, но советите важат и за девојките и за момчињата.

САМО ЗА ДЕВОЈКИ

Тинејџерка седи и размислува

Многу момчиња рекле дека никогаш не би стапиле во брак со девојка со која имале сексуални односи. Зошто? Затоа што повеќе би сакале некоја што немала секс пред брак!

Дали ова те изненадува, па дури можеби и те лути? Тогаш, биди свесна за следново: Филмовите и телевизиските емисии го идеализираат сексот меѓу тинејџери и го прикажуваат како безопасна забава, па дури и како вистинска љубов.

Но, не биди наивна! Оној што те наговара на предбрачен секс мисли само на себеси и на своите желби (1. Коринќаните 13:4, 5).

САМО ЗА МОМЧИЊА

Тинејџер седи и размислува

Ако имаш девојка, прашај се: „Дали навистина ми значи мојата девојка?“ Ако ти значи, како најдобро можеш да ѝ го покажеш тоа? Така што решително ќе се држиш за Божјите закони, мудро ќе избегнуваш ситуации што те ставаат на искушение да направиш нешто погрешно и со љубов ќе се грижиш за нејзиното добро.

Ако ги имаш овие особини, веројатно твојата девојка ќе има слични чувства како Суламката од древни времиња, која рекла: „Мојот сакан ми припаѓа мене, а јас нему“ (Песна над песните 2:16). Со други зборови, ќе те сака уште повеќе!

ПРЕДЛОЗИ

Доколку некој те наговара на секс со зборовите: „Ако ме сакаш, ќе спиеш со мене“, одлучно речи: „Ако ти ме сакаш, нема да бараш такво нешто од мене!“

Во однесувањето со спротивниот пол, добро правило по кое можеш да се водиш е: Ако станува збор за нешто што би ти било непријатно да го правиш пред родителите, тогаш немој да го правиш.

МОЈ ПЛАН

  • Како ќе реагираш ако некој ти рече дека сака да има секс со тебе?

  • Кои ситуации би можеле да ти отежнат да кажеш „не“?

  • Како можеш да ги избегнеш тие ситуации?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели