ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lfb погл. 2 стр. 10-стр. 11 пас. 1
  • Бог ги направил првите луѓе

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Бог ги направил првите луѓе
  • Поуки од Библијата
  • Сличен материјал
  • Првиот човек и првата жена
    Мојата книга со библиски приказни
  • Зошто старееме и умираме?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (За јавност) 2019
  • Ќе биде уништен последниот непријател — смртта
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Што значат за тебе смртта и воскресението на Исус?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
Повеќе
Поуки од Библијата
lfb погл. 2 стр. 10-стр. 11 пас. 1
Адам и Ева во рајската градина

ПОГЛАВЈЕ 2

Бог ги направил првите луѓе

Јехова направил градина во едно место кое се викало Еден. Таа градина била полна со секакви цвеќиња, дрвја и животни. Потоа Јехова од прав го направил првиот човек, Адам, и му дувнал во носот. Знаеш ли што се случило тогаш? Адам оживеал! Јехова му дал задача да се грижи за градината и да им стави имиња на сите животни.

Јехова му кажал на Адам нешто многу важно: „Можеш да јадеш од сите дрвја, но од едно посебно дрво не смееш да јадеш. Ако каснеш од него, ќе умреш“.

По некое време, Јехова рекол: „Ќе му направам помошничка на Адам“. Тогаш Бог направил Адам цврсто да заспие, зел едно ребро од него и му направил жена. Таа се викала Ева. Така, Адам и Ева станале првото семејство. Што мислел Адам за својата жена? Тој бил толку среќен што рекол: „Колку убаво нешто направи Јехова! Најпосле некој како мене“.

Јехова им рекол на Адам и на Ева да си имаат дечиња, и Земјата да се наполни со луѓе. Тој сакал тие да бидат радосни додека малку по малку ја прошируваат убавата рајска градина низ целата Земја. Но, нешто тргнало наопаку. Што се случило? Тоа ќе го дознаеме од следното поглавје.

„Оној што ги создаде во почетокот, ги создаде машко и женско“ (Матеј 19:4)

Прашања: Што требало да прави Адам? Зошто Адам и Ева не требало да јадат од едно посебно дрво?

1. Мојсеева 1:27-31; 2:7-9, 15-23; Псалм 115:16; Матеј 19:4-6

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели