ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lfb погл. 3 стр. 14-стр. 15 пас. 3
  • Адам и Ева не го послушале Бог

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Адам и Ева не го послушале Бог
  • Поуки од Библијата
  • Сличен материјал
  • Зошто го изгубиле својот дом
    Мојата книга со библиски приказни
  • Други се на повисока положба од нас
    Учи од Големиот Учител
  • Каков бил животот во рајот?
    Запознај го Бог и живеј засекогаш
  • Започнува тежок живот
    Мојата книга со библиски приказни
Повеќе
Поуки од Библијата
lfb погл. 3 стр. 14-стр. 15 пас. 3
Адам и Ева ја напуштаат рајската градина

ПОГЛАВЈЕ 3

Адам и Ева не го послушале Бог

Адам го држи забранетиот плод што му го дала Ева

Еден ден, кога Ева била сама, една змија почнала да ѝ зборува. Змијата ѝ рекла: „Точно ли е дека Бог не ви дава да јадете од секое дрво?“ Ева одговорила: „Можеме да јадеме од сите дрвја, само од едно не смееме. Ако јадеме од него, ќе умреме“. Тогаш змијата рекла: „Нема да умрете. Ако јадете од него, ќе бидете како Бог“. Дали тоа било точно? Не. Тоа било лага. Сепак, Ева поверувала. Колку повеќе го гледала плодот толку повеќе сакала да го проба. Таа каснала од плодот, а му дала и на Адам. Иако Адам знаел дека ќе умрат ако не го слушаат Бог, сепак и тој јадел од плодот на тоа дрво.

Адам и Ева ја напуштаат рајската градина; а ангели и огнен меч го чуваат влезот на оваа градина

Истиот ден, Јехова ги повикал Адам и Ева. Ги прашал зошто не го послушале. Ева рекла дека змијата е крива, а Адам рекол дека Ева е крива. Бидејќи Адам и Ева му биле непослушни на Бог, тој ги избркал од градината. За да не можат да се вратат назад, Јехова на влезот поставил ангели и меч со пламено сечило.

Јехова рекол дека ќе биде казнет и оној што ја излажал Ева. Дали тоа била змијата? Не. Јехова не создал змии што зборуваат. Еден лош ангел направил да изгледа дека змијата зборува, и така ја измамил Ева. Тој лош ангел е наречен Сатана Ѓаволот. Во иднина, Јехова ќе го уништи Сатана за да не може повеќе да ги наведува луѓето да прават лоши работи.

„Ѓаволот... е човекоубиец откако се побуни, и не остана постојан во вистината, бидејќи во него нема вистина“ (Јован 8:44)

Прашања: Зошто Ева каснала од плодот? Што се случило со Адам и Ева откако му биле непослушни на Бог? Кој е Сатана Ѓаволот?

1. Мојсеева 3:1-24; Јован 8:44; 1. Јованово 3:8; Откровение 12:9

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели