ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • lfb погл. 18 стр. 48-стр. 49 пас. 4
  • Грмушката што горела

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Грмушката што горела
  • Поуки од Библијата
  • Сличен материјал
  • Грмушка во пламен
    Мојата книга со библиски приказни
  • Зошто бега Мојсеј
    Мојата книга со библиски приказни
  • Да ги запознаеме Јеховините патишта
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • Како Исус Христос бил пророк како Мојсеј?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Повеќе
Поуки од Библијата
lfb погл. 18 стр. 48-стр. 49 пас. 4
Мојсеј покрај грмушка што гори

ПОГЛАВЈЕ 18

Грмушката што горела

Мојсеј живеел во Мадијам 40 години. Таму се оженил и имал деца. Еден ден, додека ги пасел овците во близина на планината Синај, видел нешто чудно. Една грмушка горела, но никако да изгори! Мојсеј се приближил за да види што се случува, но тогаш еден глас од грмушката му рекол: „Мојсеј! Не се приближувај. Собуј ги сандалите бидејќи стоиш на свето место“. Тоа биле зборови на Јехова, кои ги кажал еден ангел.

Мојсеј се исплашил и си го покрил лицето. Овој глас му рекол: „Видов колку се мачат Израелците во Египет. Затоа ќе ги ослободам од таму и ќе ги однесам во убава земја. Те поставувам тебе да го водиш мојот народ“. Што мислиш, дали Мојсеј се изненадил кога го слушнал тоа?

Мојсеј прашал: „Што да им кажам на луѓето кога ќе ме прашаат кој ме испратил?“ Бог му одговорил: „Кажи им дека те испратил Јехова — Богот на Авраам, Богот на Исак и Богот на Јаков“. Мојсеј рекол: „А што ако народот не ме слуша?“ Тогаш Јехова направил чудо за да докаже дека тој ќе му помага на Мојсеј. Тој му рекол на Мојсеј да го фрли стапот на земја. Во истиот момент, стапот се претворил во змија! Кога Мојсеј ја фатил змијата за опашката, таа повторно станала стап. Јехова рекол: „Кога народот ќе го види ова, ќе ти верува дека јас те испраќам“.

Мојсеј рекол: „Ама јас не зборувам добро“. Затоа Јехова му ветил: „Јас ќе ти кажам што да зборуваш, а со тебе ќе го пратам и брат ти Арон за да ти помага“. Бидејќи се уверил дека Јехова ќе биде со него, Мојсеј отишол во Египет заедно со жена му и неговите синови.

„Не грижете се како или што ќе зборувате, зашто во тој час ќе ви биде дадено што да зборувате“ (Матеј 10:19)

Прашања: Што видел Мојсеј додека ги пасел овците? Каква задача му дал Јехова на Мојсеј?

2. Мојсеева 3:1 — 4:20; Дела 7:30-36

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели